Arrow
Прилично нова серија. Досега се излезени само 9 епизоди, но доволно е уште од првата да се навлечете.
Базирана на стрипот за Green Arrow, го следи животот на Оливер, размазен мамин син кој минува пет години на остров каде самиот мора да се снаоѓа за да преживее. Со неговото враќање дома, ни одблиску не е истиот кој бил пред пет години.
Тој си задава мисија да ги исполни последните желби на татко си и да спроведува правдина низ градот.
Не може да не ви се допадне момак ко Стивен во акција.
Alphas
Група луѓе со мозочни аномалии, поседуваат посебни ментални и физички способности кои се одлучуваат да ги насочат во корист на законот, онаму каде што специјалните служби се немоќни да допрат.
Серијава ми е ко некоја мешавина од X-Men и Criminal Minds, па ме држи со ширум отворени очи од почеток до крај.
Единствена маана е што на сајтот кај што ја гледам ги нема сите епизоди, па доколку некој знае кај би можеле да се најдат (за онлајн гледање, не симнување), нека ми пише, би ви била благодарна.
Топло ги препорачувам и двете.