Предлози за серии

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
709352.jpg

Серијата за Ванѓа кои повеќето ја знаат од Сител каде и што се емитува.
Филмот е руски,направен баш океј,конкретен е и не е навдум на сапуниците кои се даваат.Има добра глума трае 12 епизоди.
Сите што сакаат да знаат нешто повеќе за Ванѓа нека ги тргнат предрасудите дека се емитува на Сител па по автоматизам дека не чини.Драма која знае да те потресе во повеќе наврати.
Јас ја гледам на you tube со англиски превод бидејќи не можам да ги начекам на телевизија.

5baabe86.jpg

Накратко во филмов се зборува за животот на Ванѓа од моментот како се родила,како ослепела,до нејзината прва љубов,како добивала визии,контакт со умрените...целиот нејзин живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and diva orhideja

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ми текна од листана да предложам анимирана серија со која сум моментално заразена.

Archer (2009)
archer-fx-tv-show.jpg

- Lana?
- .....
- LANA?
- ..... |-(
- LAAANAAAAAAAAAAАААА?!
- WHAT?!
- Danger zone.

Главниот лик, Арчер, е многу привлечен момак, кој поради осаменото детство станал искомплексиран алкохоличар кој пати по луксуз, згодни жени и моменти кога ќе се докаже за најдобар. Тој е 30 и кусур годишен агент на ISIS - агенција која ја раководи неговата ноншалантна, и вечно осамена (и пијана) мајка, и агенција каде никој не ја сфаќа работата сериозно, туку си тера своја политика на туѓ буџет.
Ликовите се пресмешни и со тон негативни карактеристики. Има нарцисоидност, негрижа, глупавост, фетиши, комплекси, скриени и бескорисни таленти, а сето тоа е вклопено во една убава целина со многу хумор и сарказам, што ги прави карактерите неверојатно симпатични.
И секако, тука се мисиите кои ликовите ги уништуваат до максимум со својата неспретност, за потоа да ги оправат на среќа - со истата неспретност.
Ремет на сметка на невозможните Џејмс Бонд мисии.

Засега има 5 сезони и се работи на шестата. Јас сум при крај со 4та, а во 5та сезона агенцијава е веќе од другата страна на законот.
Едвај чекам, ама не знам што ќе правам после. :place
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Пак јас едно под друго и пак со анимирана серија, овојпат од памтивек.
Не знам под кој камен сум била досега, ама ова е злато за љубителите на Марвел.

X-Men (1992-1997)
xmen-animated-series-1-595x334.png


Нема што многу да се објаснува, не верувам дека се непознат поим за некого.
Серија која ги опфаќа авантурите и случките на „потстанарите“ во Школото за Надарени (ха!:D), борбата со светот кој ги гледа како штетници на општеството поради нивните мутации, како и нивната внатрешна борба со сопствените таленти и можности.
Кратка и заразна. Толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
(Marvel's) Agent Carter

agent carter tv show poster.jpg

Агентката Картер е агентот кој му помагаше на Капетан Америка за време на II Светска Војна. Дејствието е сместено во 40-тите години во Њујорк и тоа е главната причина зошто и дадов шанса на серијава. Картер работи за Strategic Scientific Reserve (SSR) каде што таа е единствената жена која работи заедно со другите агенти, но никако не е ставена на истото ниво на професија со нив. Отткако нејзиниот пријател Ховард Старк ќе биде обвинет за предаство, таа заедно со батлерот на Старк ќе започне да работи на случајот надвор од канцелариите на SSR. Во серијава има многу дебилни супер-херојски моменти како што ги има и во Captain America, но сепак станува збор за постари ликови од стриповите.

Трејлер.

12 Monkeys

12 monkeys tv show poster.jpg

Го знате филмот Twelve Monkeys со Брус Вилис? Тоа е тоа. Пратиме еден човек кој патува низ времето и доаѓа од иднината (2043) каде што светот е пред изумирање, во минатото (наша сегашност, 2013-2015) со цел да го најде човекот кој создал смртоносна чума поради која човештвото е на работ од изумирање. Ми се допаѓа приказната (судејќи според филмот од '95та), ликовите се океј, а ефектите се супер. Мислам дека серијава ќе биде многу добра!

Трелјер.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Broadchurch (2013-)
broadchurch1.jpg
Се заинтересирав уште кога ја најавуваа, ама сум ја заборавила. Вчера случајно начекав пост на нет и ми текна да ѝ дадам шанса.
Англичаниве растураат значи. Кога ќе направат нешто - направено е. Kога ќе ја убацат онаа нивна воздржаност во емотивни приказни, тоа е рај за следење и многу повеќе уживам во нивна продукција отколку лигавоста на Америте.

Малото крајбрежно местенце Бродчрч, со едвај 15.000 жители и криминал ништо посериозен од ситни кражби, останува занемено од своето прво убиство т.е. смртта на 11 годишниот Дени. Можеби убиствата се нешто ново за мештаните, но нивните тајни, кои се на работ да бидат разоткриени, не се. Поради тоа, настанува општа недоверба и тензија во еднаш пријателски настроеното место.
На случајот работат детективите Алек Харди и Ели Милер - ликови кои и самите се борат со некои свои демони.
Дејвид Тенант го глуми ликот на Харди...еве, не можам... (inlove) :frantic

Ме потсеќа на The Killing, само без тупењето. Има доволно мистерија и сомнителни фаци, но се држи до примарното, па не може да ти здосади.
Засега се две сезони, а една сезона има по 8 епизоди од околу 45 минути, ама бараат вклучен мозок.
Нареднава недела излегува финалето на втората сезона, мислам.
Америве одма го зграбиле Тенант за америчка адаптација т.н. Gracepoint, ама среќа не добиле внимание ко што сакале, па останале на една сезона.
Само да обноват за трета сезона и да ја тргнат таа навика од година-две чекање. :^)
Ептен, ептен препорачувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Хоуп*

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Vikings
62AP_QMBElc.jpg
Историска, акција, драма.
Авантурите на гроф Рагнар, морал, секс и многу крв.
Прејака, три пати ми е прегледана, вреди да се потроши време на неа и да се изнауживате во убавините на Скандинавија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Ice_Man

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Empire (2015)

Lucious Lyon во минатото бил обичен дилер на дрога, денес е основач на Empire Entertainment и како што веќе претпоставувате не е баш најдопадлив лик. Кога дознава дека е смртно болен, му преостануваат уште само три години живот, тој започнува борба помеѓу неговите синови: кој ќе биде наследникот на неговото богатство, и уште поважно, кој ќе биде новиот сопственик на Empire? Дали Andre, најстариот син кој е под влијание на неговата прекрасна кучка од сопруга Ронда? Jamal, иако шансите и не се баш на негова страна, неговиот татко го мрази поради тоа што тој е геј и отворено му вели дека не го сака во семејството. На крај овде е најмалиот син, Hakeem, разгалено момче кое нема музички талент како Jamal ама сепак татко му го форсира и се обидува да го направи идната хип хоп ѕвезда. Сопругата на Lucios, Cookie излегува од затвор и се вмешува во целата валкана игра и борбата за власт и територија. Кој ќе излезе како победник?
Значи серијава има се, од акција, музика, па се до комедија. На википедија е дефинирана како soap opera/musical ама јас не би се сложил баш. Има многу повеќе од самата музика која морам да признаам ја има многу повеќе од останатите серии кои ги гледам.
MV5BMTU2ODI1MDE2Ml5BMl5BanBnXkFtZTgwOTQ5Nzc1MzE@._V1_SX214_AL_.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Odd Couple

the odd couple tv series poster.jpg

Станува збор за двајца разведени пријатели кои започнуваат да живеат заедно, иако имаат сосема спротивни карактери и лајвстајл. Очекував екстремно многу од серијава со оглед дека главните улоги ги имаат Matthew Perry и Thomas Lennon и премногу се разочарав кога ја гледав пилот епизодата. Сеуште и пружам страна и не е нешто претерано добра, но започна да се развива, колку-толку.

Secrets & Lies

Secrets & Lies tv series poster.jpg

Криминална драма со Ryan Phillippe. Бен го наоѓа мртвото тело на малиот Том еден утро додека реакреативно трча низ шумата и станува главен осомничен за убиството. Започнав да ја гледам серијава чисто ради Рајан и ми се допаѓа, сега за сега. Ја препорачувам ако сте љубител на крими-драми.

Трејлер.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Eye Candy (2015)

Линди е убава, млада и паметна девојка која наговорена од својата цимерка Софија почнува да оди на онлајн состаноци. Набрзо во неа се раѓаат сомнежи дека еден од нејзините онлајн пријатели е сериски убиец. И праќа анонимни пораки, исчезнуваат личности во нејзината околина, а таа како проклето добар хакер не може да открие ништо бидејќи типот очигледно е генијалец.
Серијата за сега има 10 епизоди и правена е според книгата на Р.Л.Стајн.
** Мала препорака: не читајте википедија и слични онлајн ствари ако сакате да уживате во серијата.
@MissChievous мислам дека ќе ти се допадне, има некои сличности со Stalker, ама според мое лично мислење оваа е подобра затоа што актерската екипа е некако попривлечна. Башка тоа, Линди мноооогууу потсеќа на Нина Добрев :zelen
MV5BMTk0MzIwNTM4OV5BMl5BanBnXkFtZTgwMTIzMDU3MzE@._V1_SX214_AL_.jpg

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Ice_Man

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
The Vikings

Како документарна серија за легендарниот Рагнар Лотброк и неговиот живот. Колку што имам читано низ историјата, и ако не прескокнуваат некои делови мислам дека лошо ќе заврши.

Серијата е прејака во поглед на костимографијата, актерите и борбите во неа, можеби не е на нивото на GoT, ама вреди да и се даде шанса. Помислив дека има тема за оваа серија на форумов... :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Ice_Man