Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
16. Виктор Иго - Клетници
17. Достоевски - Злосторство и казна
18. Ден Браун - Инферно
Книга која секому би ја препорачала. Неизвесна до самиот крај и преполна со изненадувања. Генијални ликови и пресврти.
19.Барак Обама - Смелоста на надежта
20. Тhe Perks of Being a Wallflower - Stephen Chbosky
Книгата која ми ја смени перспективата во врска со многу работи.
21. Eat, Pray, Love - Еlizabeth Gilbert
Книгава многу ја засакав и двапати ја прочитав. Па после тоа цела недела не излегов од италијански ресторани. И да, почнав да учам италијански.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
16. Виктор Иго - Клетници
17. Достоевски - Злосторство и казна
18. Ден Браун - Инферно
Книга која секому би ја препорачала. Неизвесна до самиот крај и преполна со изненадувања. Генијални ликови и пресврти.
19.Барак Обама - Смелоста на надежта
20. Тhe Perks of Being a Wallflower - Stephen Chbosky
Книгата која ми ја смени перспективата во врска со многу работи.
21. Eat, Pray, Love - Еlizabeth Gilbert
Книгава многу ја засакав и двапати ја прочитав. Па после тоа цела недела не излегов од италијански ресторани. И да, почнав да учам италијански.

Кај ја најде Perks? Филмот ми е гледан но книгата ми е во план да ја купам.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Кај ја најде Perks? Филмот ми е гледан но книгата ми е во план да ја купам.
Не сум сигурна дали има превод уште кај нас, и дали ја има воопшто издадено кај нас. Ја симнав од Scribd и ја читав во електронска форма на англиски. Можеш од Амазон да си ја порачаш ако ептен не можеш да читаш на компјутер. Ако сакаш ќе ти го пратам pdf фајлот од книгата.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не сум сигурна дали има превод уште кај нас, и дали ја има воопшто издадено кај нас. Ја симнав од Scribd и ја читав во електронска форма на англиски. Можеш од Амазон да си ја порачаш ако ептен не можеш да читаш на компјутер. Ако сакаш ќе ти го пратам pdf фајлот од книгата.

Ja имам најдено (т.е. ми ја најдоа веќе :D ) во електронска форма. Бев денес во потрага во сите можни книжари. Изгледа ќе ја порачувам via англискиот центар. Фала у секој случај :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Не дека нешто предизвикот ке го прифакам или нешто :D. Ке ви раскажам накратко за книгата што ја завршив пред некој ден па можеби некој ке се заинтресира.

Прича о Карми - Божидар Дамјановски Бенедикт

Целокупно книгата е за кармата, и потоа за искупувањето за гревовите кои што ке ги направите. Се зборува за криминалец, убиец кој има убиено 5 луге, кои после неговата смрт ке треба да ги врате 5 животи со тоа што ке биде убиен на исти начин како што тој ги убил петорицата. И при тоа поминува низ тешки искушенија.:)
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
22. Страв од најлошото - Линвуд Баркли
Приказна за еден продавач на автомобили чија ќерка се вплеткува со некои опасни луѓе поврзани со трговија на луѓе без да знае. Во текот на неколку месеци, неговиот живот се претвора во пекол - ќерка му исчезнува, нему почнуваат да му се закануваат по живот, и открива многу работи за луѓето кои мислел дека ги знае, а воопшто не ги познавал.

23. Девојката на командантот - Пам Џеноф
Се работи за еврејката Ема во времето на Втората Светска Војна која влегува во самото јадро на нацистичката управа во Полска со цел да се спаси. Како член на Отпорот добива разни задачи кои се опасни по живот и е под константна опасност од разоткривање на нејзиниот вистински идентитет. Меѓутоа, работите наскоро почнуваат да се комплицираат со појавата на командантот Рихвалдер, кој сам по себе е една доста комплицирана личност. Дефинитивно книга која вреди да се прочита.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
24. Даниела Стил - Крила
Доста обемна книга. Се работи за ќерката на Пат, Кеси - црвенокоса и синоока девојка, која како и татко и ги сака авионите и летањето повеќе од се. Се што татко и сакал да има е син кој ќе го наследи и ќе продолжи да го одржува малиот аеродром кој Пат вложил се што имал за да го изгради. Но кога Крис конечно доаѓа на свет и расте, тој воопшто не го сака тој живот и настојува да биде архитект. Но, за да му удоволи на татка си, и да и помогне на сестра и да лета, тој конечно почнува да оди на часови кои ги држи стар пријател на татко му од војната. Но, ништо не е како што изгледа...

25. Сосема нов пријател - Мајк Тејли
Роб е момче кое се преселува од Лондон во Манчестер за да живее со неговата девојка Ешли и го остава животот и пријателите што ги знаел зад себе. На триесет и две години тој открива дека работите се многу поразлични од тоа што биле пред неколку години, а создавањето на нови пријателства е многу потешко, па дури и невозможно. Набрзо станува очаен и пробува се што може за да најде нов пријател, се додека не ја запознае Џо? Кој рекол дека маж и жена не можат да бидат пријатели?
 
Статус
Затворена за нови мислења.