1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Предбрачен договор

Дискусија во форумот 'Свадба' започната од Sesil, 18 март 2012.

  1. RoxieHeart

    RoxieHeart Староседелец

    Зачленет на:
    6 мај 2014
    Мислења:
    60
    Допаѓања:
    58
    Што би рекла Кери : Што би зел од мене, штиклите ? :D

    Со економската состојба во државава, смешно е да се помисли дека единствен стекнат имот во целиот брачен живот се поклоните од свадбата. Ќе го делат сервисот, еве ти земи ги помалите за торта, јас ќе ја земам супиерата.
     
  2. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Предбрачен договор е умна работа за посигурна иднина без караници во случај ако дојде до развод.Во наши услови,со нашава култура и однесување,каде ниеден закон и договор не се почитува,може да ти се случи договорот да ти го скинат пред нос и уште да те истресат од ќотек,да те исфрлат на улица па иди ти барај права.Договор си прават богатите луге да си го заштитат својот дел од сопственост што го имаат стекнато пред бракот,а некој како мене што живее од денес до утре,може само договор со извршители да правам за долгови на рати.
     
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Како што кажа генијалниот Тротер Д. во една прилика кога неговиот брат размислуваше за развод ради некоја инфантилна причина - `Прашање е како ќе ги поделите Кен и Барби` алудирајќи на незрелоста на парот...

    Во РМ најчест проблем би бил дали зетот ќе ги земе болвите а невестата вошките...
     
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Дајте некој пример за македонски предбрачен договор,ама реален.:zelen
     
    На Outrider и diva orhideja им се допаѓа ова.
  5. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    „Трудна сум!“
    :zelen
     
    На МалиСашко, alba, diva orhideja и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    А што е договорот тука?:)
    Јас попрво услов би го нарекла ова.
     
  7. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Ако не ме земеш,јас ќе го абортирам ова дете.И во предбрачните договори има услови:Ако направиш тоа то,ќе платиш толку.Исти ѓавол ти е душо.
     
  8. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    "Ако" и "или или" не е исто.
    За мене барем.
    Затоа реков,ме интересира македонски прдбрачен договор.
    Сакам да видам како би изгледал.Но сигурно во него не би пишувало ако останам трудна во бракот ке те снајде ова и ова.
    Тоа обицно е вообичаено очекување од еден,односно во еден брак.
     
  9. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    за мене е скоро исто,пак те условува со нешто да подразмислиш пред да одговориш или потпишеш пред олтар.Искрено не сум видела Македонски предбрачен договор,за наши свакања сигурно би ни било смешно.
     
  10. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Па како... Ќе се договорат friends with benefits или за една ноќ, и ете.... После на fuck-тура треба да се овековечи договорот :D
     
    На diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: