Прва балканска војна [општа дискусија]

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Првата балканска војна (9 октомври 1912 - 30 мај 1913) е воен конфликт меѓу османлиската империја и тогашните членки на балканскиот сојуз: Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора.
Победата на сојузниците ставила крај на петвековната османлиска доминација на Балканскиот полуостров и поделба на Македонија помеѓу победниците.
Еве ги жртвите и загубите на двете страни
ОСМАНЛИСКА ИМПЕРИЈА: Вкупно 380.000 жртви, загинати, ранети и заробени
ЧЛЕНКИ НА БАЛКАНСКИОТ СОЈУЗ: Вкупно 108.000 загинати и ранети.

Е сега малце ќе ја прокопирам Википедија:


Некои од големите сили, особено Австро-Унгарија, Британија и Франција, не биле задоволни со содржината на Санстефанскиот договор. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок.
Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со Ото фон Бизмарк [6].
На Конгресот било одлучено: на Отоманската империја да ѝ бидат вратени Македонија и Одринска Тракија, а територијата на Бугарија е околу три пати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор.
Од остатокот од територијата на Санстефанска Бугарија, односно Источна Румелија потпаднала под турска власт и се здобила со статус на автономна област; Србија, Црна Гора и Романија да добијат независност; Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманската империја; Босна и Херцеговина ѝ била доделена на Австро-Унгарија. По Берлинскиот конгрес, Солсбери, Роберт Гаскон-Сесил истакнал:

Треба повторно да го воспоставиме неодржливото турско управување со јужниот Балкан. Иако ова е чисто одложување на крајот. Не останала виталност (б.н животна сила) повеќе во нив... [7]


Во текот на 19 век, големите сили имале различни погледи за решавање на т.и "Источно прашање" и интегритетот на Отоманската империја. Руското царство се стремело да воспостави контрола над Босфорот и преку него да си обезбеди излез на Средоземното Море, руската влада водела пансловенски надворешна политика и ги поддржувала Бугарија и Србија. Велика Британија од своја страна сакала да го спречи Руското царство да излезе на Средоземното Море и залагала за зачувување на Османлиската империја и статус кво. Еден француски историчар во 1898 година истакнал:

Источното прашање долго било ограничено на односите помеѓу Османлиското царство и христијанските европски земји. И не можело да биде поинаку бидејќи единствените проблеми со кој европските политичари се соочувале биле независноста на дунавските кнежества или независноста на Грција, војната помеѓу Русија и Турција околу превласта во Црното Море, автономијата на Египет, Внатрешната организација и административните реформи на Османлиското царство под европско влијание, дипломатските односи помеѓу христијанските сили и султанот...

Тоа е тоа од мене, сега вие додавајте нешто од вас и овде дискутирајте се во врска со првата балканска
војна.

Еве и некои фотографии:

300px-First_Balkan_War_Photobox_2.jpg


400px-Karta_Makedonija_1913.jpg


400px-The_ottoman_empire_and_its_successors_%281923%29_-_san_stefano.png
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Со здружување на балканските земји во еден воен сојуз против далеку помоќната отоманска држава вродила со плод за кратко време османлискиот јарем засекогаш бил тргната од балканот(тука турците направиле кардинална грешка кога на Македонија не и дале Автономија во составот на турција,-таа грешка скапо ја платиле) во почетните борбени дејствија турскта војска аскерот трпи тешки порази од здружените единици на балканските земји најпрвин ударот го прави Српската држава за потоа да се приклучат и грција бугарија и црна гора па и романија.
Резултата територијално отоманите губа доста територии а и свои колониии подоцна во првата светска војна
територијата на македонија е поделена на соседните земји и во никој случај НЕ СМЕЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈНА за Македонците и за нашата држава Македонија.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Сите војни во 20тиот век се погубни за Македонците. Самите учествувале против себе. Исто и денес.

Со таа разлика што тогаш учествувале борејќи се за некаква кауза и некаков идеал и цел. Е сеа што испаднале заебаната страна на крај е друг муабет. А денес е обратно, имаме наше парче земја и самите дозволуваме постепено да го губиме... Викам ја, поголем непријател на македонците од грци и бугари се самите македонци... Тоа за жал не се сменило низ историјата...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Со здружување на балканските земји во еден воен сојуз против далеку помоќната отоманска држава вродила со плод за кратко време османлискиот јарем засекогаш бил тргната од балканот(тука турците направиле кардинална грешка кога на Македонија не и дале Автономија во составот на турција,-таа грешка скапо ја платиле) во почетните борбени дејствија турскта војска аскерот трпи тешки порази од здружените единици на балканските земји најпрвин ударот го прави Српската држава за потоа да се приклучат и грција бугарија и црна гора па и романија.
Резултата територијално отоманите губа доста територии а и свои колониии подоцна во првата светска војна
територијата на македонија е поделена на соседните земји и во никој случај НЕ СМЕЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈНА за Македонците и за нашата држава Македонија.


Па баш во тој период Отоманската империја и не била помоќна, ни воено,ни економски ни политички. Во тој период водела војна против италијанците во Либија, поголемиот дел од војската била мобилизирана таму. Така наречената ,,западна армија" броела околу 600.000 но слабата мобилизација поради внатрешните препукувања регрутирала само 200.000. Балканската лига од друга страна имала околу 1.200.000 / 1.300.000. Сакала или не, не смеела да и даде автономија на Македонија поради фактот што на Франција така и одговарало. Французите ги подржувале турците во грчко-турската војна околу Крит во 1897 со тоа што голем број на бродови биле подарени на Отоманската империја. Со автономија на Македонија французите го губат пристаништето во Солун кое е клучно за ширење на француското влијание во севрена Африка. Е после настаните во Првата балканска војна со грците склучуваат договор за користење на истото.

Интереси и само интереси. И тоа не на балканските земји, туку напротив тие се марионети за урамнотежување на моќта помеѓу Франција, Велика Британија и Австро-Унгарија наспроти растечката моќ на Русија, па за само неколку години да склучат договор французите со русите. Преку Бугарија, Русија добила значително влијание на Балканот со Сан-стефанскиот договор 1878. Уште еден доказ дека војна не се води со раце туку со мозок.

Далеку од ослободителна за Македонија. Како што беше спомнато ни една војна не била ослободителна за Македонците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin