Првата цигара

srcu6ka

Нов член
22 март 2013
11
3
3
првата цигара ја пробав на 6 год |-( и тоа кога ја правевме куќата, со брачедами украдовме една цигара од мајсторчето и ја запаливме.. деца.... ни беше интересно но се разбира дека отогаш не пушам.... почнав да пушам она активно втора год средно и пушев 5 год за на крај да ги оставам ( има 3 месеци што ги откажав) :)
 

Шо знам

Нов член
4 мај 2013
2
0
1
28
Леле темава колку ме врати назад:eek: , првата цигара ја запалив на 8 години со друштво пред зграда и од 13 години почнав редовно да пушам и кутии да си купвам, шизик бев, глумев де :) :place
 

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
42
Skopje
Прва година средно почнав,за да бидеш фраер во друштво тогаш мораше да бидеш пушач
до ден денес не сум ги откажал
 

radioactive

Истакнат Член
14 април 2013
54
39
118
имав 13, 7мо одделение, се собравме повеќе луѓе и запаливме на училиште, некој не дозна и веќе следниот ден бевме во канцеларијата на директорката, ги повикаа и родителите :rofl мислев дека полошо не може да биде хахаха и си ветив дека никогаш нема да пушам цигари се дури не стигнав втора година кога почнав редовно да пушам цигари
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
На 14 год,и првото искуство беше проследено со вртоглавица и гадење :D и реков нема шанси повеќе да пробам..но,ништо од тоа!пушам до ден денес! :)
 

theowndemon

Полноправен Член
Бев кај брачед ми. Таму беа неговите другари. Ме праша дали сакам да пробам цигара и јас ја зедов и ја запалив. Ништо посебно само што на момент помислив дека ќе умрам (бев околу 5то одделение, не верувам повеќе) и од тогаш повторно и немам чепнато.
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Имав 10 години и сите кај мене пушат цигари освен мајка ми, немаше никој дома али таму беа цигарите. Од прва појма немав како ја запалив али не повлеков и од после почнав да ја дувам цигарата не да влечам ако разбирате и димот у мозок ми влезе и као луд почнав да кашлам :rofl . После година пак пробав со другар и ме научи он и знаев од тоаш, а инече не пушам, гнасно е незнам пушачуте као ги поднесуваат цигарите али мене само од димот сеа ми се гади.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Јас за прв пат запалив во средно, во прва година. Не го тргав чадот внатре и не се декларирам за пушач. Ретко ако запалам онака колку да се правам важна. Залудно не сакам да му ги трошам на пушачите во друштвото хаха :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy