1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Прашања, објаснувања, совети, сервиси...

Дискусија во форумот 'Авто-мото' започната од Maks, 20 Февруари 2012.

  1. Maks

    Maks Истакнат Член

    1.Повеќе притисок полесно тркалање:D
    2.Затоа што моторно кочење троши помалку отколку во лер:D
    3.Точно:D
    4.Секој уред плус одзема од силата на моторот (особено климата) со што ве тера повеќе да газите на педалата за гас:D
    5.Нормално 1-2-3 1-2-3 брзина ке потроши повеќе, одколку константно само во 5-6 брзина:D
    6.Точно:D
    7.Полесно возило помалце газење на педалот за гас:D
    8. 2500 вртежи 80-110км/h зависи од возилото:D
    9.Дизел не се исплати да се гаси ако е прашање на време за 10 Мин. подобро нека работи. Троши 700 грама нафта на саат во место (Лер), а при секое гаснење-палење троши најмалку 100 грама нафта, 10 пати пали гаси отидоа тие 700грама:D .
    Така да ова под број 9 повеќе важи за бензинците:)
    10.Точно:D
    На Knife му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Од секогаш сум го мразел тоа моторно кочење иако е паметна опција не само заради намалена потрошувачка туку и штедиш на кочници :D
    На Maks му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Maks

    Maks Истакнат Член

    Точно :D
  4. Maks

    Maks Истакнат Член

    Пресметка на коњски сили на мотор

    Можно е да се пресмета оваа вредност со одредени приближувања, под услов да имате некои податоци од моторот.
    [​IMG]
    Пример за пресметка на ефективната моќ на мотор. Оваа моќ е одредена од страна на обемот на работа што може да ја обезбеди истата, бројот на џули (J).
    Се користи моќ единица KW.
    Да се ​​пресмета силата на моторот, едноставно пресметување на износот на работа која е во состојба да обезбеди време. Оваа сума на работа се добива во џули во секунда и е претворена во KS, KW.

    1 J / s = 1 Во
    1000 J / s = 1 KW
    1000 J / s = 1,36 CV
    1 CV = 736 J / s ОУ 736 Во

    Пример за пресметка на ефективната моќ на еден цилиндар 80 x 90 (дијаметар) вртење 4200 вртежи во минута и со просечен притисок 9,5 БАР (95N/cm2).

    Експлозија работа = (3,14 x 82 x 9,5 x 0,09) / 4
    Резултат = 430 J

    Втора работа = (430 x 4200) / (60 x 2) ——> Користете-тоа или именител 2 за мотори 4 темпо(1експлозија на секои две ротации)
    Резултат = 15050 J / s

    Потенција = 15050 / 1000
    Резултат = 15,03 KW

    Да се ​​претворат во KS се множи со 1,36
    HP = 15,03 x 1,36

    Резултат = 20,4 KS
    Сите погоре може да се сумираат во следнава формула:

    [​IMG]

    Дијаметарот на цилиндарот се мери во cm, Просечниот атмосферски притисок на клипот во Бар, n вртежи во минута на моторот, ѕ на бројот на цилиндри. И numerador10 кој трансформира просечен атмосферски притисок.

    Ова најверојатно ке им е јасно само на тие што се вистински љубители на возилата. :)
  5. Maks

    Maks Истакнат Член

    Правилно користење на гумите

    Ротација на гумите

    Ротацијата на гумите е еден аспект на сервис на пневматикот кој честопати се игнорира. Ротацијата на гумите може да помогне во изедначување на абењето на шарите и во значителна мерка да го продолжи животот на гумите. Ова обично се изведува на 5000km (комбиња), 8000 km( камиони) или 15000km (повеќето патнички возила) во зависност од типот на гумите и возилото. Проверете го упатството за сопственикот за препорачаната километража на вашето возило.

    Графички приказ на ротацијата:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Трошењето на гумите

    Ова се слики од најчестиот тип на абењето на гумите и зошто тоа се случува:
    Ако едната страна на шарата се троши побрзо од другата можно е да не е центрирано возилото.
    [​IMG]
    Ако се појават напречните индикатори за абење преку два или повеќе канали значи дека пневматикот треба да се замени.
    [​IMG]Оголени места се показател за небалансирани тркала или слаби амортизери
    [​IMG]
    [​IMG]


    Балансирање на Гумите

    Балансирањето на гумите не е вообичаено редовно одржување. Гумите обично се небалансирани, поради удирање на дупка на патот или губење на баланс тегот поради различни причини. Симптомите на возилото може да вклучуваат тресење на воланот, не можност да се одржува правецот на возилото (занесување), тресење на целото возило, да се слуша тап звук (и други неисправни делови може да го дадат тој звук).

    Два типа на небалансирани гуми:

    Статичка неурамнотеженост:
    [​IMG]

    Динамичка неурамнотеженост:
    [​IMG]

    Притисокот во гумите

    Правилна вредност на притисокот во пневматиците е уште една област што бара рутинска проверка и одржување. Правилниот притисок може да има драматичен ефект на животот на пневматикот, на потрошувачката на горивото, како и на за управливоста на возилото.
    Не издишувајте го воздухот од загреан пневматик за да го донесете притисокот на пропишаната спецификација. Отчитувањата на притисокот на загреан пневматик не се точни.
    Проверете го притисокот кога пневматиците се ладни. Возилото не треба да биде возено најмалку три часа. Не го пумпајте пневматикот до максималните граници на издржливост, следете ги препораките во упатството за возилото, на внатрешната страна на вратата на возачот или на капакот од фиоката.
    [​IMG]

    Порамнување на предницата(центрирање)

    Центрирањето не е предмет на редовно одржување. Тоа е еден вид на поправка што произлегува од мали оштетувања на предниот крај од удирање на дупки,тротоари или други незгоди. Исто така може да бидат потребни замена на амортизери, јабучици или други делови на предната суспензија.
    Целта на центрирањето е да им овозможи на гумите да го пратат правецот на возилото кога е во движење, да се обезбеди оптимална управливост при високи и ниски брзини за да се минимизира занесувањето на возилото при возење и при вртење и да се минимизира трошењето на гумите .

    Она што се прави е корекција на наклонот на тркалото во однос на возилото.

    [​IMG]

    Важно:
    Гумата може да го открие проблемот (доколку го има) на подвозјето и суспензијата.
  6. Maks

    Maks Истакнат Член

    Моторно масло
    Многу сопственици на возила не се свесни колку проблеми можат да предизвикаат користење на масло со неодговарачки квалитет. Често се жртви на предрасуди и незнаење. Преку следните неколку точки ќе се разјаснат неколку битни работи за моторните масла.


    Предрасуда 1:

    Мислам дека моторното масло кое го користам е доволно добро, затоа што досега не сум имал никакви проблеми со моторот. Затоа сметам дека нема потреба да трошам дополнителни пари за масло со поголем квалитет.

    Факт 1:
    Во краток период не е лесно да се види директно влијание на моторното масло на подмачкувањето и заштитата од трошење на виталните делови на моторот, иако лошо моторно масло веднаш предизвикува проблеми со корозија, создавање талог, трошење... Иако на почетокот, а понекогаш и подолго, не се гледаат симптоми на проблемите предизвикани од користење на лошо моторно масло, тоа не значи дека не постојат. Кога конечно ќе станат видливи, по правило е предоцна и стануваат нужни скапи поправки со цел да се доведе моторот во исправна состојба. Затоа е препорачливо секогаш да се избира најдоброто достапно моторно масло, според пропишаните спецификации. Штедењето на масло не се исплатува, а вложувањето во квалитетно масло е најисплатлива инвестиција за моторот на секој автомобил.

    Предрасуда 2:
    Во моторите на постарите автомобили, на кои им истекла гаранцијата, нема потреба од користење квалитетно моторно масло.

    Факт 2:
    Квалитетно моторно масло е подеднакво важно и за нови и за стари мотори. Всушност, за стари и делумно истрошени мотори препорачливо е да се користат масла со посебна спецификација (како масла со назнака Longlife, MaxLife и слично), кои го смалуваат трошењето и го продолжуваат векот на постарите мотори. Таквите масла го смалуваат ризикот на пропуштање масло и создавање талог, ја подобруваат компресијата и со тоа ги подобруваат перформансите и ја смалуваат потрошувачката на гориво.

    Предрасуда 3:
    Синтетичко масло е препорачливо да се користи само во новите мотори.

    Факт 3:
    Синтетичко моторно масло е препорачливо да се користи во нови и стари мотори, како и кај оние кој досега користеле минерално и полусинтетичко масло. Со тоа се смалува трошењето и се продолжува векот на секој мотор и истовремено се подобруваат перформансите и се смалува потрошувачката на гориво. Тоа е посебно важно кај мотори со турбо полнач, кои се топлински и механички значително пооптеретени од класичните. Турбополначот при работа се загрева над 900 Целзиусови степени и е важно да се користи потполно синтетичко масло, кое е поотпорно на високи температури од минералното или полусинтетичкото.

    Предрасуда 4:
    Моторните масла можат да создадат талози.

    Факт 4:
    Тоа е точно и баш поради тоа е важно да се користат моторни масла со висок квалитет, затоа што го разградуваат постоечкиот талог во внатрешноста на моторот и спречуваат создавање на нов. Талогот е по правило последица на дотрајаност и лошо одржување на моторот, а настанува од делување на несогорените остатоци на горивото, маслените пареи, прашина и кондензирана влага и со мешање на маслото со разладна течност. Квалитетно моторно масло има добри својства на неутрализирање и впивање на тие штетни супстанци, кои потоа се отстрануваат во филтерот за масло и се спречува создавање на талог и се осигурува квалитетно подмачкување на моторот во сите услови.

    Предрасуда 5:
    Интервалот на промена на моторното масло, пропишан од страната на производителот е преконзервативен, па без последици може да се продолжи.

    Факт 5:
    Интервалите на промена на моторното масло, пропишани од страна на произведувачот, треба строго да се почитуваат. Современите мотори, со високи притисоци и температурни согорувања, поставуваат се повеќе побарувања за моторни масла, а интервалите на промена непрестано се продолжуваат па кај новите автомобили изнесуваат од 20.000 до 30.000 km (во одредени случаи и повеќе).Поради тоа моторните масла треба да имаат врвни својства и се напрегнати до крајност, како би можеле да бидат искористени низ целиот интервал на користење. Проблем е и фактот што 80 проценти од километражата поминуваат во градски услови, со чести застанувања и палење и гасење на моторот. Возењето во зимски услови е посебно захтевно, затоа што при ладниот старт, моторот е најмногу изложен на трошење, а работната температура често се постигнува дури при пристигнување до одредиштето. Поради тоа пропишаните интервали на промена на моторното масло не смеат да се продолжуваат.

    Предрасуда 6:
    Состојбата на моторното масло може да се утврди врз основа на неговиот изглед, боја и мирис. Ако брзо потемни или поцрни, тоа не е добро.

    Факт 6:
    Тоа е потполно погрешно. Моторните масла имаат адитиви за чистење на внатрешноста на моторите и отклонување на талогот, кој потоа се упива во структурата на маслото, со минимално влијание на неговите темелни својства. Меѓутоа со тоа се менува бојата на моторното масло, кое кај дизелски мотор може да потемни и по само неколку часови работа. Тоа единствено значи дека моторното масло се стопило и во себе содржи честички саѓ и несогорени продукти на согорување и останати нечистотии. Честичките кои го отежнуваат подмачкувањето и го зголемуваат трошењето на виталните делови на моторот потоа се задржуваат во филтерот за масло и се отстрануваат од маслото. Дел од онечистувањето, во мали безвредни (кои не штетат) честички, се задржува во маслото, менувајќи му го изгледот. И покрај темната боја, која по некое време станува скоро црна, квалитетните моторни масла ги задржуваат сите важни својства од крајот на предвидениот интервал на користење.
  7. Maks

    Maks Истакнат Член

    Предрасуда 7:
    Нов генерално поправен мотор треба да се разработи со недетергентно и несинтетичко моторни масло.


    Факт 7:
    Новата технологија на изработка на генерално поправање на моторот, осигурува негова потполно работни својства без разработување,туку со користење на пропишани моторни масла со висок квалитет. Повеќе не се пропишува маслата за разработување да несмеат да имаат адитиви за чистење, затоа што ситните метални честички веќе немаат улога на фино полирање на лизгачките плочи за разработување на моторот. Затоа моторното масло ги чисти од површината и пренесува до филтерот за масло каде се таложат. Од почетокот на работниот век на моторот, не само што може туку и препорачливо е да се користи потполно синтетичко моторно масло. Со тоа се осигурува квалитетно подмачкување на сите витални делови на моторот, посебно во отежнати услови и ниски и високи температури.

    Предрасуда 8:
    Повискозните, односно 'подебелите' моторни масла се подобри за моторот и му го продолжуваат векот.


    Факт 8:
    Тоа не е точно, а се поинтензивниот развој на технологиите на мотори и моторни масла го укажуваат спротивното. Главна причина поради која производителите на моторни масла се повеќе пропишуваат помалку вискозни, односно 'тенки' моторни масла е смалување на внатрешниот отпор во моторот, што ја зголемува неговата ефикасност и ја смалува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови. Маслата со пониска вискозност го смалуваат триењето во внатрешните контактни витални склопови, а истовремено помалку механичка енергија се троши за пумпање на маслото во тесните канали, лагерите и внатре во моторот. Моторните масла со пониска вискозност посебно се важни за олеснување на покренувањето на моторот на ниски температури и брзо воспоставување на квалитетно подмачкување во тие исклучително тешки услови. 'Потенкото' масло, на пр. 5W-30, побргу струи низ моторот и за пократко време доаѓа до сите тријачки контакти, односно места кои треба да бидат подмачкани, со што се смалува трошењето на виталните делови на моторот и се продолжува неговиот век. Пропишаната вискозност на маслата е резултат на долгогодишни испитувања и многу зависи од конструкцијата на моторот. Низ долготрајно и темелно истражување конструкторите утврдуваат што е најдобро за ефикасноста и долговечноста на моторот. Додека еден производител пропишува распон на вискозитетот 10W-40, друг пропишува 5W-30. Тоа е директно поврзано со толеранициите внатре во моторот, искуствата од тестирања и останатите карактеристики на моторот, на што треба секој сопственик на автомобил строго да се придржува.

    Предрасуда 9:
    Потполно синтетичките моторни масла се прескапи.


    Факт 9:
    Тоа не е точно. Тестовите и искуствата во одржување на мотори покажуваат дека потполно синтетичките моторни масла имаат значително подолг интервал на промена, помалку се подложни на трошење и ја смалуваат потрошувачката на гориво.Истовремено го смалуваат абењето на виталните делови на моторот и му ја продолжуваат трајноста. Сето тоа повеќекратно ја надокнадува повисоката цена на синтетичките моторни масла и ги прави поисплатливи од несинтетичките. Во поголемиот дел од развиените европски земји, користењето на потполно синтетички масла е во непрекинат пораст, затоа што сопствениците на возилата првенствено водат сметка за перформансите и долгорочната заштита на моторот, а помалку за цената на моторното масло. Како се развиваат се позахтевните мотори со директно вбризгување на гориво, се зголемува и захтевноста на процесот на подмачкување, што можат да го исполнат само врвни потполно синтетички моторни масла.
  8. Maks

    Maks Истакнат Член

    Алансер (Стартер) кај возилата

    Неправилности во работата и можни причини:


    1. Алансерот не се врти и не повлекува струја.

    Причини:
    а)
    Доводниот кабел е во прекин.
    б) Лабава клема на акомулаторот.
    в) Лабав спој со автоматчето на алансерот.
    г) Главните контакти на алансерот не спојуваат добро.


    2. Алансерот не се врти или се врти полека, а повлекува голема струја.

    Причини:
    а) Роторот струга од статорот.
    б) Истрошени лежишта на роторот.
    в) Слаб акомулатор.
    г) Внатрешен спој на електромагнетот или спој со маса.


    3. Алансерот се врти, но не го стартува моторот.

    Причини:
    а) Извалкан колектор.
    б) Нема добро узабување со замавникот.
    в) Неисправен механизам за пролизгување.
    г) Истрошени запци на замавникот.


    4. Алансерот тешко се врти.

    Причина:
    а) Механички дефект во лежиштата или грешка во механизмот за узабување.


    5. Алансерот се врти и замавникот се врти, а не настанува палење.

    Причини:
    а) Четкиците не го допираат колекторот.
    б) Слаби контакти (истрошени) четкици.
    в) Лежиштата на четкиците не можат да лизгаат.


    6. Четкиците на алансерот брзо се трошат.

    Причини:
    а) Роторот не е округол (Елиптичен е).
    б) Изолацијата помеѓу ламелите е искината.
    в) Притисокот на пружината на четкиците е поголем.
    г) Слаб квалитет на четкици.


    7. Колекторот на алансерот многу искри.

    Причини:
    а) Слаб притисок на четкиците.
    б) Истрошени четкици.
    в) Скршен држач на четкиците.
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Maks

    Maks Истакнат Член

    Акомулатор


    Главни делови на акомулатор
    - Кутија на акомулаторот, која е направена од бакелит или пластична материја. Во неа има ребра кои меѓусебно се преградени ќелиите на акомулаторот.
    - Позитивни и негативни електроди (Плочи).
    - Сепаратори.
    - Капак на акомулаторот.

    Улога на акомулатор
    - Aкомулира ел. енергија која ја произведува алтернаторот.
    - Го снабдува алансерот (Стартерот) и системот за палење со ел. енергија при пуштање на моторот во работа.
    - Ги снабдува останатите потрошувачи со ел. енергија кога алтернаторот не работи.

    3 типа акомулатори
    - Оловни
    - Челични
    - Суво наполнети

    Кај возилото најчесто се користат оловните, затоа што челичните имаат повеќе ќелии и се потешки и номинален напон на ќелија изнесува околу 1,25 V.
    Суво наполнетите се исти како оловните само што по полнењето електродите се заштитени против оксидација.
    Формирањето на суво наполнетите се врши со постепено налевање на електролит кој го раствара заштитниот слој, а акомулаторот по 45 Мин. достига 75% од напонот на својот капацитет па може веднаш да се користи.

    Состав нa акомулатор
    Составен е од 3 или 6 соединети ќелии (3 Ќелии = 6 V, 6 Ќелии = 12 V).
    Во ќелиите ги има следните елементи
    - Негативни плочи -
    - Позитивни плочи +
    - Сепаратори на плочите
    - Изводи кои се состојат од мали мостови кои се врзуваат на паралелно споените плочи на едниот од знаците + или - и изводите, меѓуелементните споеви и облоги на поклопците.

    Како електролит во акомулаторот се користи растворена сулфурна киселина со дестилирана вода, растворот има специфична тежина од 1,18 до 1,28 kg/dm3 или од 22 до 32' В (Бомеа) на хидрометарската скала.

    Полнење и празнење на акомулатор
    Капацитетот за акомулаторот представува количество на ел. енергија која акомулаторот може да ја прими или предаде.
    Поради тоа постои капацитет на полнење и капацитет на празнење на акомулаторот.
    Капацитетот се мери во Ампер часови (Ah).
    Акомулаторот се полни со помош на алтернатор кој доколку е исправен го полни за многу кратко време, но доколку не е нешто исправно околу алтернаторот, а се користат повеќе потрошувачи акомулаторот ќе се испразни, тогаш се вади од возилото и се полни со посебен уред полнач (исправувач на струјата) од градската мрежа.


    Век на траење на акомулатор
    Зависи од правилното полнење.
    За акомулатор од 12 V (6 Ќелии) напонот за полнење изнесува 6 х 2,5 =15 V.
    Може да се полни и со струја послаба од пропишаното, но времето на полнење ке биде подолго.
    Ако се полни со појака струја тогаш се загрева електролитот во акомулаторот, електродите се искривуваат и со тоа векот му се намалува.Нормалното полнење на акомулаторот временски е од 12 до 24 часа.

    Одржување на акомулатор
    Со мерење на напонот во ќелиите се утврдува состојбата на акомулаторот.
    Доколку напонот по ќелија е испод 1,85 V акомулаторот е празен.
    Доколку некоја ќелија нема нема напон, тоа значи дека во неа има внатрешен допир меѓу електродите и дефектот може да го одстрани само овластен сервис.
    Напонот по ќелија кај полн акомулатор е 2,2 до 2,3 V.
    Густината(Специфичната тежина) на електролитот се одредува со помош на аерометар.
    Оваа тежина кај потполно празен акомулатор изнесува 1,14-1,2 kg/dm3, додека кај полниот акомулатор изнесува 1,29 kg/dm3.
    Нивото на електролитот во келиите треба да биде 10-15mm над нивото на електродите, затоа што во текот на користење електролитот испарува и понекогаш потребно е надополнувањето на нивото да се изврши само со дестилирана вода.

    Во никој случај не е дозволено во електролитот (Растворената сулфурна киселина) да се долева иста таква киселина, затоа што со мешањето може да дојде до експлозија.
  10. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Дајте совет за половно возило од 2000 до 4-500 евра дизел, со 5 врати да не биде караван и да нема потрошња над 10 литра.
    Јас имам една замисла за опел астра од постарите ама еве вие ко возилаши кажете.
    Исто така наместо тоа може и некој пикап.

Сподели: