Прашања, објаснувања, совети, сервиси...

Maks

Староседелец
Не се разбирам баш во овие работи, па да прашам.
За Xenon, Bi-Xenon, се менува само сијаличката? Не треба фаровите да се посебни за да подржат вакви сијалички?

Колку што знам кога купуеш ауто, за Xenon фарови бааги се доплаќа.
Mоже истите фарови да останат само се става друг тип на сијалица која е поврзана со трафо кое ја зголемува волтажата :) А инаку за нови коли се доплаќа повеке најверојатно е поквалитетно трафото и има некоја разлика на фарот да е поиздржливо сочивото во него од температури што ги создава сијалицата
55W-Auto-xenon-kit.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Сакам и јас БиКсенон да ставам па за тоа сакам да слушнам некој мислења. За подобри се подобри и тоа каде каде, тоа што ме интересира е дали се издржливи колкав и е векот на траење одприлика, затоа што се поскапи од халогените:)

Кажи ми за што кола и дали Би Ксенон или Ксенон и ќе ти кажам цена.
 

Maks

Староседелец
Кажи ми за што кола и дали Би Ксенон или Ксенон и ќе ти кажам цена.
Renault 19 ми е колата. Има само по една халогена H4 во фаровите значи сакам да вградам БиКсенон сакам да има и кратко и долго светло ксенон. Не знам дали има и ксенон што има кратко-долго не сум видел до сега, а БиКсенон знам дека има со кратко-долго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and Boyka

Maks

Староседелец
Ознаки на возилата...
TDI - Турбо дизел интеркулер
CRDi - "Common rail" систем (Вбризгување на гориво).
DCi - Директно "Common rail" вбризгување на гориво.
HDi - Директно вбризгување на гориво со висок притисок.
ABS - Систем против блокирање на тркалата.
ASR - Систем против пролизгување на тркалата.
ESP - Систем против занесување на задниот дел на возилото (Губење правец).
KS - Коњски сили на мотор (Јачина).
KW - Киловати на мотор (Јачина).
Cm3 - Зафатнина на мотор (Влечна сила).
...
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Каде има квалитетно полирање (во Скопје) и колку чини од прилика?
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Сите возачи кои се секојдневно на патиштата не може ништо повеќе да ги развесели од падот на цената на горивата, но тоа не е случај во последно време. Додека цените на горивата растат, ви претставувам 10 совети како да заштедите гориво.


1. Слабо напумпаните гуми секогаш ја зголемуваат потрошувачката. Затоа би требало често да гo проверувате притисокот во гумите.
2. Кога застанувате, на пример пред семафор, возете во брзина, а не со притиснат кумплуг.
3. Точете гориво кога резерварот е до половина. Кога резерварот е на резерва или скоро празен во него има многу воздух, па така исто како кога точите со голема брзина горивото испарува, истото се случува и тука.
4. Непотребно не уклучувајте разни уреди кои ја зголемуваат потрошувачката – клима, грејач на стакла, грејач на седишта, итн.
5. Поврзувајте ги дестинациите, бидејќи возењето на кратки релации предизвикува поголема потрошувачка.
6. Точете гориво наутро. Температурата наутро е значително пониска, со што густината на горивото се зголемува. Со тоа ќе добиете повеќе гориво во однос на количината што ја добивате кога темературата е повисока.
7. Немојте возилото беспотребно да го оптеретувате – ослободете го од сите непотребни работи кои ги превезувате.
8. Возете со ниски вртежи (обртаи, не надминувајте 2.500 вртежи), рано префрлувајте во повисок степен (брзина).
9. При долги застанувања исклучете го моторот.
10. Не возете со отворени прозори- струењето на воздухот ја смалува аеродинамиката. Не убрзувајте и не кочете беспотребно, одржувајте темпо на возење.

Извор: Курир