Прашања, објаснувања, совети, сервиси...

Maks

Староседелец
Моторно возило е возило на моторен погон кое се движи по суво, освен оние возила кои се движат по шини,велосипед со мотор,трактор и др. земјоделски помагала.

Поделба на возилата:
Според намената:
- За превоз на патници
- За превоз на товар
- За влечење
- За специјални намени (Полиција,Брза помош,Пожарна)

Според видот на горивото:
- Мотор со течно гориво
- Гасовито гориво
- Цврсто гориво

Според видот на погонскиот мотор:
- Мотор со внатрешно согорување
- Според бројот на тактовите (двотактни и четиритактни)
- Принцип на работа
- Видот на ладење (Водено,воздушно)

Според видот на патот по кој се движат:
- Специјално изградени патишта
- Теренски возила

Според начинот на газење на патот:
- Со тркала
- Со гасеници
- Тркала и гасеници

Според конструкцијата:- Бројот на осовините (Две или повеке осовини)
- Местоположбата на погонскиот мотор.

Основни склопови и уреди на возилата:
1. Долна колска постројка:
- Рамка (Шасија)
- Моторот
- Преносен механизам (Трансмисија)
- Систем за сопирање
- Систем за управување
- Систем за еластично потпирање (Амортизација)
- Специјални уреди

2. Горна колска постројка:
- Каросерија
- Уред за климатизација
- Уред за сигнализација и осветлување
- Мерно контролни инструменти и опрема
 

Maks

Староседелец
Дали некој има некое искуство со новите "Xenon, Bi-xenon" светилки за автомобилите дали се поиздржливи од Халогените?

Mал опис и перформанси на 2-та типа на светилки.

Халогени светилки
Поголемата светлина се добива со зголемување на температурата на волфрамовото влакно,а поголемата издржливост на светилката со подобрување на ладењето (да не испарува волфрамовото влакно).
Затоа халогената светилка има кварцно стакло кое издржува температура од 3100'С и халоген гас (јод или бром) помешан со инертен гас криптон со што се спречува испарување на волфрамовото влакно.
Се монтира во хоризонтална положба со одстапување од 4 степени, ако е поставена под поголем агол таложењето на испареното влакно нема да биде на место каде што влакното е најтенко со тоа се намалува и нејзиниот век на траење.Даваат жолтеникава светлина.


Xenon i Bi-xenon светилки
За разлика од халогените светилки кои имаат жолтеникава светлина, Xenon светилките имаат бела.
Потрошувачката на овие светилки е 35w во однос на халогените 55-100w.Работата кај овие е различна од халогените. Кај овие светлината настанува како резултат на празнење, односно електричен лак во мала кварцна цевка која е исполнета со ксенонски гас што дава бела светлина.

Халогени
auto-part-h4-super-white-halogen-bulbs.jpg

Xenon
China_HID_xenon_single_bulb_H1_H3_H4_H7_H11_9004_9005_9006_9007201182910331110.jpg

Bi-xenon
35W-H4-bi-xenon-bulbs-Hi-low-beam-xenon-lamps-18months-warranty-.jpg

Халогени v.s Xenon
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали некој има некое искуство со новите "Xenon, Bi-xenon" светилки за автомобилите дали се поиздржливи од Халогените?

Mал опис и перформанси на 2-та типа на светилки.

Халогени светилки
Поголемата светлина се добива со зголемување на температурата на волфрамовото влакно,а поголемата издржливост на светилката со подобрување на ладењето (да не испарува волфрамовото влакно).
Затоа халогената светилка има кварцно стакло кое издржува температура од 3100'С и халоген гас (јод или бром) помешан со инертен гас криптон со што се спречува испарување на волфрамовото влакно.
Се монтира во хоризонтална положба со одстапување од 4 степени, ако е поставена под поголем агол таложењето на испареното влакно нема да биде на место каде што влакното е најтенко со тоа се намалува и нејзиниот век на траење.Даваат жолтеникава светлина.


Xenon i Bi-xenon светилки
За разлика од халогените светилки кои имаат жолтеникава светлина, Xenon светилките имаат бела.
Потрошувачката на овие светилки е 35w во однос на халогените 55-100w.Работата кај овие е различна од халогените. Кај овие светлината настанува како резултат на празнење, односно електричен лак во мала кварцна цевка која е исполнета со ксенонски гас што дава бела светлина.

Халогени
Отвори ја прикачената датотека 744

Xenon
Отвори ја прикачената датотека 745

Bi-xenon
Отвори ја прикачената датотека 746

Халогени v.s Xenon

Јас на БеЕмВе-то имам БиКсенон. И задоволен сум, а и подобри се од халогенките според мене. Бар мене повеќе ми се допаѓаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks

Maks

Староседелец
Јас на БеЕмВе-то имам БиКсенон. И задоволен сум, а и подобри се од халогенките според мене. Бар мене повеќе ми се допаѓаат.
Сакам и јас БиКсенон да ставам па за тоа сакам да слушнам некој мислења. За подобри се подобри и тоа каде каде, тоа што ме интересира е дали се издржливи колкав и е векот на траење одприлика, затоа што се поскапи од халогените:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Сакам и јас БиКсенон да ставам па за тоа сакам да слушнам некој мислења. За подобри се подобри и тоа каде каде, тоа што ме интересира е дали се издржливи колкав и е векот на траење одприлика, затоа што се поскапи од халогените:)

Па јас сега скоро ја земав колата па ќе видиме колку се издржливи. Јас би ти препорачал Би Ксенон да си ставиш. Стварно се подобри. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks

Maks

Староседелец
Па јас сега скоро ја земав колата па ќе видиме колку се издржливи. Јас би ти препорачал Би Ксенон да си ставиш. Стварно се подобри. ;)
Тоа ми е планот,ама планирам од Германија да си донесам тука не знам дали се квалитетни ги донесуваат од Бугарија. Фарoвите ми се со по 1 светилка H4 со тие кратко-долго се ксенон. Колку што ми имаат кажувано една БиКсенон сијалица била 1500Ден. колку е точно тоа не знам.:)
 

Boyka

Истакнат Член
14 февруари 2012
258
735
93
Skopje
јас имам искуство со ксенон многу се подобри арно ама мајсторот да не ги поврзе релињата како што треба и ми цркна и алтернаторот и акумулаторот :banghead
 

Maks

Староседелец
јас имам искуство со ксенон многу се подобри арно ама мајсторот да не ги поврзе релињата како што треба и ми цркна и алтернаторот и акумулаторот :banghead
Тие се местат лесно за 15-20 мин. Еден другар сам си ги намести без мајстор.
Барем си ја призна ли грешката мајсторот?
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Не се разбирам баш во овие работи, па да прашам.
За Xenon, Bi-Xenon, се менува само сијаличката? Не треба фаровите да се посебни за да подржат вакви сијалички?

Колку што знам кога купуеш ауто, за Xenon фарови бааги се доплаќа.