Правна поука

STelena

Нов член
28 ноември 2016
1
0
1
Во 1981/1982 година државата нуди кредит за развој на индивидулно земјоделство и сточарство за лица кои поседуваат земјоделско земјиште. Во тој кредит имаше опфатено поширока намена како на пр: пчеларство, овоштарство, сточарство итн, за кои нудеа паричен надомест, садници, сточни грла, како и земјоделска механизација и др.

Јас како заинтересирана млада личност од селско семејство со родители средна-повеќе старосна возраст имав желба и потреба за земјоделска механизација за која немав право на кредит. Ова право во согласност и договор со мојот родител го остварив преку него со негова помош. Тој прифати на негово име да бидам корисник на овој кредит, но јас да го отплатувам бидејќи тој бил веќе во години и немал намера за токов кредит. Јас го прифатив овој негов предлог така што при карајот на 1982 година тој наместо мене прифати и направивме договор за кооперација со Работната организација, во тоа време овластена за доделувањена овој кредит на име на татко ми и при самото склучување требаше да се даде учество 20%, а остатокот за исплата беше на отплата за време од 10год со грејс период од една година и каматна стапка од 0,75% годишно или за 10години од 8,75% до 13,25% на неиплатените средства. При склучувањето на Договорот за кредит дадов учество од 20% но на име на мојот родител и со негов потпис - бидејќи тој имаше право на ваков кредит. Истата година не ја добивме договорената механизација. Наредната 1983 год. настапи поскапување и за да бидам корисник на овој кредит требаше да ја доплатам разликата за поскапувањето. Мојот родител бараше да се откажам од оваа земјоделска механизација и да ги повратиме паричните средстава, но јас бев цврсто решен и ја доплатив разликата од поскапувањето , но повтторно на негово име и негов потпис, бидејќи така фигурираше во Договорот. Во 1983 при самата доплата (од моја страна) ја добивме механизацијата со дотогаш намирени уплати за учество за набавка и за превоз на земјодел.механизација, но на име на мојот родител и со негов потпис. Од тогаш па наваму со Договорот за кредит со грејс период од една година и нивниот амортизационен план ЈАС продолжив со отплата на овој кредит на уплатница на која стои име на мојот родител но мој потпис, бидејќи договорот за кредит не можеше да биде изменет.

Ова се одвиваше се до почетокот на 1986 кога мојот родител со нов Договор за поклон го раскина - речено нашиот усмен договор за земјоделска механизација и земјоделската механизација заедно со куќа (која беше негова) ги стави како цел на договор за поклон. За сметка на тоа зем.механизацијата која до тогаш (со дотогашниот договор) беше регистрирана на негово име,со новиот договор ја префрли на мое име со намера понатаму оваа земјоделска механизација да ја отплатуваат двајцата даропримачи –поклонопримачи( јас и брат ми). Со новиот договор за поклон јас сум како соптвеник на зедмјоделската мехенизација(собраќајните дозволи за трктор и полуприколка се префлени на мое име) а истите се предмет на новиот Договор за поклон, со кој двајцата поклонопримачи се обврзуваат за понатамошна исплата на кредитот и други обрски (данок на имот)

Од тогаш ние поклонопримачите, поготово јас ја прекинав потамошната отплата од поранешниот договор за кредит бидејќи веќе бевме двајца поколнопримачи, јас и брат ми, кој дотогаш не беше воопшто вмешан во поранешниот договор. Не знам од кои причини и тој не беше заинтересиран за отплатување на доспеаните побарувања за кои писмено беше известен поклонодавателот, а ние поклонопримачите бевме опоменети од негова страна да извршиме уплата. Брат ми се изјасни дека нема намера да врши отплата на овој кредит бидејќи сообраќајните дозволи се на мое име, а и до тогаш немал никаква уплата. По овие негови изјави јас бидејќи порано имав вложено пари бев приморан да продолжам со отплатување на доспеаните обврски. Тоа се одвиваше се до исплатување на сите обврски од првиот усмен договор. После 30години со целосно извршување и на првиот усмен договор со мојот родител –поклонодвач и вториот договор за поклон јас сам ја имам користено земјодел.механизација неоспорено ниту од поклонодавачот, ниту од другиот поклонопримач. Договорот за поклон не беше оспорен ниту раскинат од поклонодавачот се до неговата смрт 1991, ниту од нас поклонопримачите се до 2015 кога другиот поклонопримач бара ½ од земјодел.механизација. Другиот поклонопримач усно се одрече од земјодел.механизацијата а и нема никаква отплата за истата. Од 2015 судски бара ½ од земјоделска механизација.

Не интересира Ваше мислење и совет дали има право другиот поклонопримач на дел од земјодел.механизација, за која до сега немал никаква обвска?

Како доказ ги поседувам сите уплатници, договор за поклон, важечки сообраќајни дозволи идруга документација