По што ќе ги паметиме 1990те?

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Се што ве потсеќа на '90ите вклучува оваа тема. За мене најубав период. :sreken (сигурна сум дека повеќето работи ги имало и во '80ите, а и ден денес)

Се сеќавате ли на Чипичан? Се сеќавате ли на чиповите од малите чипсови? Игравте ли на Нинтендо? А флипери? Гледавте ли Beverly Hills 90210? Се сеќавате на Fantasy Ball лижавчињата? Или пак оние во форма на дијамант? Rugrats цртанот? Spice girls? Space Jam филмот со Мајкл Џордан? Ги носевте ли оние "ланчињата" како џипка? Се сеќавате на Aqua и нивниот хит Barbie Girl? А на бој бендовите Backstreet Boys и Nsync? Имавте ли walcman? Користевте ли mIRC? Гледавте ли Baywatch? А Jerry Springer? Игравте ли со клик клак? А со gameboy? Гледавте ли Се плашите од темнината? А Power Rangers?


Постирајте слики, видеа, песни, или едноставно раскажете што ве потсеќа на '90ите години од 20 век и што било популарно во тие денови.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

еее ова песна ја окапуваа xD
Оваа песна беше веќе на втората половина на 90тите. Иако траеше кратко во таа декада, секако дека е една меѓу хитовите кои ги одбележаа 90тите.
Мене 90тите истотака ме потсетуваат на време на средно детство, бурни години на големи подеми и падови. Исто би ги издвоил тука чибичанот, клик - клакот, играњето со сликички на тапка, џамлии, први љубави, незрелото однесување, безгрижноста, окапувањето пред клавирот, ролерките, снимањето на песни од радио на лента, детскиот хипстеризам... но и полека оттуѓувањето од средината поради воведувањето на компјутер во скоро секое домаќинство, носењето дискети по комшилуци за снимање игри... Само за жмурки, криенки, мижитатара да издвојам, ќе треба уште цело истражување да отворам. Тоа беше детство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Иако сум роден во средината на 90-тите може да се рече дека тоа беа интересни години барем колку што се сеќавам. Не се грижиш за ништо, по цел ден одмараш, играш разноразни игри, криенките, џамлии, нинтендо. Секој ден од 11 или 11.30 колку само сум ги чекал цртаните на МТВ и вечерта во 19 Мечето Ушко, Том и Џери, и Пинк Пантер. Потоа се сеќавам на собирањето сликички и потполнувањето на албумите, серијата Беверли Хилс... Дефинитивно интересно детство. :)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Иако сум роден во средината на 90-тите може да се рече дека тоа беа интересни години барем колку што се сеќавам. Не се грижиш за ништо, по цел ден одмараш, играш разноразни игри, криенките, џамлии, нинтендо. Секој ден од 11 или 11.30 колку само сум ги чекал цртаните на МТВ и вечерта во 19 Мечето Ушко, Том и Џери, и Пинк Пантер. Потоа се сеќавам на собирањето сликички и потполнувањето на албумите, серијата Беверли Хилс... Дефинитивно интересно детство. :)
наежи ме бе да ти е*у гада : )
..oН топик​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@, Lady* and 048

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
брат колко убаво га опиша тој детсфто, тој смеање пред зграду, жмурке,соде на ќар(џамлии на зимачка хахахах), тија цртани и серие на малите екрани(ск су плазме) Ч )
oН топик хх
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
спојте ми ги коментари, ваљда тој такој иде : ) леле темен патнику, сфака ти чаз за тему, цел дн ке си слушам ск овакфу музику
носталгија ме тепа за назад у мачку питерину, темен патнику поздравија сам те у спешл поздраф тамо негде најди си...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and DarkPassenger