Појавата наречена „сељак“

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Бре бре бре ова женски ни да ги честиш не бидува... требит, после третото пиво пратено да и појдиш и за то репот да ја фатиш и да и речиш: Аман мори мустро една, до која цифра на пива сакаш да ојме, па да прифатиш?!?! :mad
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: EmilijaS

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сељак е збир на карактерни особини. Дали е од сред село или од центарот на Менхетен, е небитно. Не му пишува на чело.

Прав сељак бара маса во центар на локалот, се лигави на келнерката да му донесе флаша Бадел во сад со лед, за него и другарите, мислиш во Хилтон отишол, потоа гледа наоколу да се увери дека сите го виделе, па бара да сменат тоа рокот за да игра на некој чкљ транс, притоа ударајќи во околните маси пошто кафичот е троа помало место.
Пошто и онака во гз место секој секому е пред очи, невозможно е да не го загледаш во џемперчето со розови линии, али пошто тоа го сфатил ко флерт, бара од келнерката да ги части цели 5 женски што сме во локалот, за потоа навредено да си земе Ред Бул...... и на крај, пред да си замине, дури демек прередува пари по џебовите, му падна отворената лименка од џебот од јакната, која фино си ја прекорачи, оставајќи ја да тече по подот, и си излезе.
Другово бе и не ми е ново и чудно, ама делот со лименкана го запечати... :frantic

Мислам дека постепено изумира сељаштвото, иако е можно да сум во заблуда пошто не сум женско:kafe (најјака констатација денеска) не за друго - жените се многу поизложени на симптоми на сељачизам, посебно по угостителски објекти, плажи па и автобуски станици.
Ги нема оние класични појави како долг нокт на малиот прст, златен зуб, 4-5 прстени од по 200 денари на рака, златни ланац со трењерка, спојлери на југо и 1000 вати звучници на голф тројка. Иако се уште можат да се забележат цедеа на ретровизор мислам дека златното доба на сељачизмот некако пројде...или сега се камуфлираат подобро.

Кога ќе можеш сподели со нас некој испад на сељачана како цитираниот :D (молба и за другите форумџики) ако сакаш, нормално :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мислам дека постепено изумира сељаштвото, иако е можно да сум во заблуда пошто не сум женско:kafe (најјака констатација денеска) не за друго - жените се многу поизложени на симптоми на сељачизам, посебно по угостителски објекти, плажи па и автобуски станици.
Ги нема оние класични појави како долг нокт на малиот прст, златен зуб, 4-5 прстени од по 200 денари на рака, златни ланац со трењерка, спојлери на југо и 1000 вати звучници на голф тројка. Иако се уште можат да се забележат цедеа на ретровизор мислам дека златното доба на сељачизмот некако пројде...или сега се камуфлираат подобро.

Кога ќе можеш сподели со нас некој испад на сељачана како цитираниот :D (молба и за другите форумџики) ако сакаш, нормално :)
Пааа...50-50 си во право. :D Имаше по нет фина поделба на класичен vs. модерен сељак, каде модерниов го мрази класичниот.
Мене модерниве ми се многу нафурани и нималку интересни, додека на класичниов ќе му простиш пошто бар од срце ќе те изнасмее.
Не знам за другиве места, ама бар по Куманово и Скопје не е изумрен сељачизмот, иако по Скопје чинам владеат овие помодерните, а златно Куманово во голем број уште ги крепи класичните. Не знам, немам начекано оттогаш нешто вредно ко погорниот. Единствено вчера на цигара излезе еден набиен, со дебел, златен ланец и истетовиран крст позади на вратот. Ама тоа и не е нешто спектакуларно веќе. :D
И еден баце од секјурити со наочара на врат. Не на ланче, па да виси, него баш на врат ставена однапред, а рачките позади си штрчат.
Си имам и колаж за кумановскиве.
advancedpack.png

@Ranta заебаваш со ова „тоа што гледате сељачко, е вашата мрачна страна“? (каков заклучок, I don't even...:eek)
Тогаш, I am the overlord of eternal darkness, јбг.
Сечиј животен стил е подложен на стереотипи и критики. Ако некој знае да го претстави тоа хумористично, нека ме заебава до 101 и назад, ќе му се придружам со задоволство. Сељаци, хипстери, металики, бубалици, кремци... не за џабе постојат поимите. Нормално дека можда се предобри луѓе, никој тоа не го чепка или оспорува, али сите си припаѓаме во одредена група според карактерот и си имаме фалинки што се некому смешни.
Јас почитувам кога некој прави нешто и му причинува задоволство, ама навреди не поднесувам.
Нам искомплексираниве задоволство ни е да анализираме сељаци еве.
На манијаци им е задоволство да силуваат, на серискине убијци да сецкаат жртви, на ИСИС да се разнесуваат. Задоволство им е? Да, ама ништо од тоа не е за почит пошто почитта се заслужува, а баш спорниве т.н. сељаци во огромен број се чаталат како секој ги знае и почитува, а веројатноста дека направиле нешто вредно за почит е обратнопропорционална со големината на фалбата (освен ако се важи што истепале некој три пати помал од нив или учествувале во борба со питбулот што го третираат ко предмет).