Појавата наречена „сељак“

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Како сељак и се пушта на девојка пред WC?
- Слушам си мочала.

Се повеќе и повеќе сељаци мислем дека има сега, абе на секој чекор можиш да ги сретниш, на место да се по истребат тие се множат :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Надворешен изглед:
-Премногу тесни или премногу широки панталони кренати до вратот. По можност нечисти.
-Некоја светкава маица или рамбовка. По можност abibas, adibas или нешто слично.
-Шпиц крокодилски кондури украсени со екстра кал од нивата од прадедо му.
-Каиш на батерии кој свети во сите бои (читај каиш со огромна тока на која има некој глупав натпис).
-Долг нокт на малиот прст (за да си вади „руда“ од носот, ушите, забите, за да си го чеша задникот).
-Неизмиени заби
-Мрсна неуредна коса, нели кратка е, нема потреба од чешлање и миење.
-Фирзура: како на министерот Спиро Ристовски, со некакво си масло, зејтин и ребра од чешел.
-Колку повеќе влакна на градите, толку подобро
-Некоја си глупава тетоважа
-Мирис - мешавина на пот, кромид и евтин парфем

Карактеристика на автомобилот:
-Југо, Фиќо или некоја крпеница од трактор и Фиќо.
-Звучи како трактор
-Најмногу се инвестира во звучниците и надворешниот изглед. Ако се набали знак BMW, уште подобро.
-По можност нерегистрирана.

Сега сум на тренинг, но кога ќе се вратам, ќе пишам уште.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Секојдневни навики и личност:
-Кога влегува некаде се втри во профил демек многу е крупен и не го собира низ вратата
-Носи очила за сонце секаде и секогаш
-Секоја втора реченица му е „Ме разбираш ли“
-Додека зборува мавта со раце, нозе, злава, па ако можат и уши
-Од наука, заинтересиран е само во биологија, за размножување на човекот
-Послена прочитана книга му е...никоја. Не чита
-Од музика, само турбо-фолк
-Секое машко кое не слуша турбо-фолк, не се пијанчи по евтини кафани за нив е п***р
-Секое машко кое не пцуи на секој втор збор за нив е п***р
-Сите жени ги смета за .....(не користам такви зборови, но знаете на што мислам)
-На Фејсбук лепи слики од својата кола, себе во теретана, себе со пиво и други такви глупости
-Секој ден носи некој златен ланец или нешто такво глупаво
-Не знае ниту една реченица да склопи на литературен јазик
-не знае да пишува правилно на македонски јазик (иако имаме фонетско писмо)
-Познатите класични дела како „За Елиза“, „Турски Марш“, „Мала Ноќна Музика“ ги препознава, но сите ги вика со исто име:„Аааа...таа!“
-Гледа само +18 филмови и по некоја серија како „Долина на волците“ бидејќи се друго е премногу сложено за неговиот кутар мозок
-Машко кое учи и знае во училиште или машко кое се запишало на факултет за нив е п***р
-Пие еКспресо
-Се смета себеси за некој многу добар спортист а прави лични грешки секоја минута
-Се обраќа на женски со: „маче“, „кукло“ или нешто слично.
Ако ми текне уште, ќе пишам.

Фраза според која живее е „Знам се, само не знам кога ќе умрам“.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
-аааа... друц, глеј ко ќе примнит голфов пругоре со трета...
шо да примни бе, примнал тој уште кога си го купил ТИ! (facepalm)
Меѓудругото, нормално дека се чувствуваш ко во авион во Голф 3 дизел кога цел живот си возел само мотокултивор и комбањ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and diva orhideja

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
В'ти, в'ти, ко киша око Крагујевца, Леси се враќа на темава и ви го носи грчкиот сељак на тапет.
Доста македонштина, и соседиве имаат јаки примероци.

Се сместува група од 4 младичи до мене и другарка ми, и веднаш...ама веднаш се гледа кој дели.
Дури пробувам да го игнорирам, гледајќи во лежалките пред мене, ми се измуљува глава во видик...
- Хаљо.
Тип, 21-24 години, во ФБИ маица и дреч шорц. Другаркава веќе ми упатува сожалувачки поглед и ја криви устата за да го замаскира смеењето.
Океј, ова ќе е забавно. (think)
Типов го зема менито што стои на масичката и почнува да ми покажува со прст по понудите...за две-три секунди сфаќам дека всушност ми нудел да ми купи нешто. :zelen Културно си одбив, а ја одбив и понудата за пиво и капење со него.
Комуникацијата 90% е невербална т.е. со гестови и покажување со прст, што ја прави уште посмешна. Од име, успеав да разберам дека се вика Мрмр(т), па затоа така и ќе го викаме во постов.

Мрмр(т) се врти и продолжува да се спрема за во вода, а јас се мислам како ќе ги преживеам останатите неколку часа со алт'нов до мене. Тетка ми секогаш кога ми честита нешто, тоа иде у стил „...само убавини и да те мажиме за Грк“, ама не мислам дека ми посакува вакво нешто.
Наредната секунда, ме тапша машки по рамо и ми нуди спреј за заштита од сонце, не знам дали мислел јас него да го мачкам или тој мене, но ми се допаѓа неговата грижливост за кожата.
Другариве негови - едниот седи во „мислителот“ поза со фејспалм на чело, другиов се смешка и бега настрана за да не видат дека е со златников, а третиот легнал ко ништо да не е, очигледно навикнат и презаситен од ваквите сценарија.
Назад на Мрмр(т), зема телефон, тапка нешто по него и почнува да чита:
- Ду ју вана гоу клаб вит ми...тунајт?
Гугл транслејт бе, срцка! :D
- Ноу.
Седнува на лежалката кај другарка ми, да ме види поарно.
- Ду ју хав бојфренд?
- Јес.
Тој очаен, англискиот уште поочаен, што повеќе човек да побара?
Почнува демек да трие очи од плач...па за секунда се врти да си ја проба среќата кај другарка ми, со тоа што со триење на показалците ѝ сугерира дека сака да проба да ја плоди...тунајт. Е, тука умревме и јас и другари му. Мислам дека сите не изеде туѓ срам.
Откако го одби и таа, си стана и почна да си се шприца со гореспоменатото спрејче...јао луѓе, немаше вунаста груда со ланец, ко што би очекувале, ама која мишка држеше, мислам дека во неа беа скриени тајните на универзумот, Светиот Грал, лекот за рак, папирите за членство на Македонија во ЕУ и последниот Мохиканец. (worried) Виде - не виде, за да се покаже ко искусен пливач, извади дури и од оние детскине маски за гњурење и влета во вода Исус стајл - трчајќи, сето тоа дури упорно зјапа во нас дали (ќе) го гледаме...соред мене непотребно зашто мислам дека веќе пола плажа зјапаше во него.
Некое време го изгубивме од видик, за да никне дури игравме одбојка во вода и да трчкара по топката велејќи „Ај лав ју“ и пробувајќи романтично да не завлече да пливаме со него. :eek::D
Сета среќа се погоди Србин еден, троа поголем од заводников, да почне да ни прави муабет, па Мрмр(т) само го стрелаше со поглед, но се откачи некако, инаку ќе се исподешаваа чудесии. Ко доказ дека низ историјата биле воини и тешко се откажувале, отпосле братов упорно некое време ми тупкаше со рака по лежалката дури читав книга и дремев со слушалки во уши за да намалам ризик од комуникација со него.
Наредниот ден се погоди да ни ги украде последните лежалки пред очи и ни покажа среден прст. Одмаздник Зоро би се гордеел. :D
После тоа, речиси секој ден беа околу нас, исто ко на филм кога некој ти е суден и рандом го гледаш наоколу.
Велам суден, пошто не видов на никого веќе да се пушти, очигледно му се скршило срцето.
Ја кривам тетка ми и нејзините желби...:^)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Па јас мислам дека Селанец е по коректен термин ! ;)
Има разлика Селанец е човек кој работи во село и со труд си заработува за парче леб, а сељак е идиот кој цел живот му е сервиран на тепсија и како бонус на сила се прави глуп!
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Pa nema razlika od ednoto i drigoto ,isto e samo po zvucno e Selanec ,a ne deka e navreda za selanite koj gi kaza ti , a ima razlika od seljak do seljak ,a ja znaes li koja e ?? :)