Почит

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Почит од некој кој навистина ми значи се трудам да добијам. Почит од некој странец кој не го ни познавам, не благодарам. Ретко што вистински почитувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and MoonFairy

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Тие што ме почитуваат и ценат, јас им возвраќам дупло. А за другите, не им се замарам ич. Нека си тераат животот.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Одредена доза почит имам кон секого.
Кон некој поголема кон некого помала.
Ако сите чекаме прво некој нас да не почитува па ние да го почитуваме тогаш нема да постои почитување,ке има само чекање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, Lena and malo

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Најголемата почит ја имам кон моето семејство, потоа кон моите другари итн.
ако некој мене ме почитува и јас него ќе го почитувам
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
На некој начин ги почитувам лугето пред се затоа што се луге, какви такви сите сме по малку исти.
Не ги почитувам лугето кои пред се не се почитуваат себе.
Ако мене некој ме почитува не значи дека и јас ке го почитувам. Можеби јас со нешто сум ја заслужила почитта, а другата личност - не.
Најмногу ги почитувам луѓето кои ме инспирираат, нормално и најблиските.
Сакам да ме почитуваат блиските, за одтанатите не ми е важно.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Почит имам само кон луѓе на кои на некој начин им се восхитувам.
Тоа е секогаш еден ист вид на луѓе,
луѓе кои стојат цврсто со двете нозе во животот и имаат голема порција самодоверба.
Луѓе кои поминале низ се и сешто и повторно успеале да продолжат понатаму.
Таквите ги препознавам на километар и пред таквите знам да замолчам и да слушам што имаат да кажат.Затоа што кажаното има значење.
Луѓе на кои не им е битно што некој друг мисли за нив.
Луѓе кои не се фураат дека се нешто подобро од другите,
луѓе кои знаат што и каде сакаат и што се способни после секое паѓање да се соберат и почнат од нула.
Таквите ме инспирираат.
Тоа се тие кои ги почитувам.
Кон останатите....што знам не се замарам многу со останатите.

Пс.А почит на другите кон мене?
Па мислам дека ако самата се почитувам себе ќе го рефлектирам истото кон другите.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy