Почит

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Колку ви значи да бидете почитувани во животот? Што се би направиле за да добиете почит? Каков треба да биде еден човек за да му покажете почит?

Јас лично најмногу имам почит кон мајка ми и баба ми, и кон мојот сакан. Најмногу ми значи како одредена личност ќе се однесува со мене. Доколку ме третира со почит, најчесто стекнувам и јас почит кон таа личност. Но исто така, важно ми е и што човекот направил во животот.
 

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Колку ви значи да бидете почитувани во животот? Што се би направиле за да добиете почит? Каков треба да биде еден човек за да му дадете почит?

Јас лично најмногу имам почит кон мајка ми и баба ми, и кон мојот сакан. Најмногу ми значи како одредена личност ќе се однесува со мене. Доколку ме третира со почит, најчесто стекнувам и јас почит кон таа личност. Но исто така, важно ми е и што човекот направил во животот.
Многу те почитувам.Како си? Добра си? Твоето величество како е? Многу ми е мило што те видов ми претставува голема чест.

Д фак многу го почитувам тетин ми само и дедо ми можи да се речи, а мене ме почитува тој кај што сум заслужил да ме почитува...Иначе јако е да си почитувано бате! :)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Една од најважните работи во животот за мене е луѓето да ме почитуваат. Немам некој кого би издвоила чија почит ми е особено важна... се однесувам кон сите со почит и најубаво ми е кога така се однесуваат со мене : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Порано одев по некоја мисла дека кој ме почитува мене - и јас него ќе го почитувам, или колку ме почитуваат мене - толку и јас ќе ги почитувам.

Во сегашно време се трудам сите да ги почитувам, дури и ако не го заслужуваат тоа. Ми се има еднаш случено на пешачки премин на возач да му покажам среден прст бидејќи на зелено (за пешаци) на пешачки премин за малку ќе ме удреше и искрено уживав во зачудената гримаса која му се појави на лицето. И само тогаш имам покажано непочит кон некој.

Секој друг ден покажувам почит кон луѓето. Помали, постари, мои години - без разлика како се однесуваат и, како што реков, дали заслужуваат. Со почит и со убава насмевка далеку се стига.
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Сакам да ме почитуваат. Убаво е тоа. Затоа и јас се трудам да ги почитувам другите, да го почитувам нивното мислење.... :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Почитта е повеќе од лажно пријателство. Повеќе од едно површно гледање на работите. Почитта покажува всушност колку ги познаваме луѓето.
Почитта истотака е интересно може да биде присутна помеѓу две спротивствавени страни.

Субјективно, ќе си го задржам мислењето. Само ќе кажам, се водам кон тоа да почитувам.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Кому не му е важно да биде почитуван?!
Нормално дека многу ми е важно да ме почитуваат другите и се трудам до максимум да ја стекнам таа почит, особено кај личности кои ми значат и нивната почит ми значи многу повеќе од таа која ја добивам од другите.
А кого јас почитувам?
Почитувам секој кој заслужил да биде почитуван и онолку колку што заслужил.
Всушност, можеби ова делумно е така. Но, од друга страна, не искажувам непочит.
Без разлика дали јас го почитувам некого или не, се однесувам со почит. Кон секого.
Непочитта ја задржувам за себе и не ја покажувам. Особено не на тој што не го почитувам.
Ми се случило во разговори со трети личности тоа да го искажам, ама дирекно не.
Веројатно глупаво и лошо е чувството да бидеш непочитуван, посебно ако си личност која има таква улога во општеството која би требало да биде почитувана.
Една минимална доза на почит заслужува секој. Без разлика каков човек е и дали ја заслужил.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Што се би направил за да добијам почит?
Ништо. Добивам почит со тоа што го правам, никогаш не би правел нешто што не сакам да го правам за да добијам почит, тоа ти е лижење
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Почитта кон другите се стекнува уште од дете.Некој ја има повеќе некој ја има помалце.Се тоа зависи како си воспитан.
Не правам ништо посебно за да ме почитува некој.Едноставно или ме почитува или не,и обратно.
Нормално дека почитувам постар човек или пак моите блиски.
Кај другите се е по заслуга.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

Јована

Истакнат Член
20 април 2012
144
311
63
Доколку не ме почитуваат мене јас нив не ги почитувам изнаку сите гу почитувам под еднакво :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD