1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Потсвест или претскажување

Дискусија во форумот 'Спиење и сонови' започната од Baronessa, 13 февруари 2012.

  1. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,171
    Допаѓања:
    2,234
    Сонот е сето тоа што го мислиме, што го замараме мозокот, што го гледаме околу нас само во испревртен редослед. Не е можно да сонуваме нешто за кое никогаш не сме ни помислиле или не сме го виделе барем еднаш во животот.
     
    На Harmonija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Harmonija

    Harmonija Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јули 2013
    Мислења:
    600
    Допаѓања:
    405
    Потсвеста е водич во животот на човекот додека свеста е извршител на наредбите на потсвеста т.е реализатор. Мое мислење.
    Ние луѓето сме суштества кои постојат помеѓу љубовта и мудроста на некоја си рамнотежа... во јаве со помош на сетилата апсорбираат реалност, а во сон ко-креираат своја реалност. Потсвеста функционира во реалноста во вид на внатрешна интуиција, додека свеста го согледува секој сигнал од таа интуиција и превзема иницијатива за нивно реагирање во материјалниот свет. Психата е воздух. Нашите мисли егзистираат во форма на зборови. Нашата состојба на умот егзистира во повеќе бранови. Кога спиеме умот ни фаќа посебна фрекфенција, мислам дека беше алфа бран (не сум баш сигурен) . Тогаш целото човеково тело се одмара, доколку е во не правилна положба или трпело некој трауми можна е појава на кошмари при што брановата должина се зголемува на повисоки фрекфенции: бета, гама, делта...итн.
    Сето тоа се случува со помош на десната хемисвера на мозокот... создавајќи слика, фантазија и со помош на меморија... и најчесто соновите се надреализми, така да си немаат врска со реалноста (дека се претскажувања или слично)... пример, сонуваш дека леташ. А летањето и не е баш човечка особина. :D
    [​IMG]
     
  3. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    ponekogas mi se slucuva da sonuvam los son od koj se budam voznemirena i naredniot den ke se sluci nesto neubavo !Kako i da e sepak mislam deka vo lugeto postoi nesto kako vidovidost,pretskazuvanje no taa darba se uste ne sme ja razvile.
     
    На exdoxia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. МалиСашко

    МалиСашко Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јануари 2014
    Мислења:
    466
    Допаѓања:
    347
    Во прашање е познатата „потсвест“ за што мислам дека името не е најсоодветно.
    Нашата дарба за забележување е далеку поголема отколку што можиме да замислиме. Сето тоа што го „претскажуваме“ е всушност последица на наше целоразумско видување на објективната стварност.
    Врз една ваква теза која ја развивав поприлично кратно (а голема и опширна) ми се потпира целосното животно учење. Највероватно и дипломската ќе ја правам низ призмата на ова размислување.
     
  5. Alaysa

    Alaysa Полноправен Член

    Зачленет на:
    17 декември 2015
    Мислења:
    67
    Допаѓања:
    15
    Не, потсвест е да си во транс, моќта на секој човек е токму таму, луѓето можат да предвидуваат, дури и да ја мењаваат судбината вавв, значи за да си таму, треба да оддржуваш балансна линија помеѓу будноста и сонот, што е мнооогу тешко, и се постигнува само со медитации со цел да се развие шестото сетило и хипноза, мајка ми медитира и незнам по колку долго време почувствува само дека неколку секунди блада во воздух и тоа беше се. А јас пак сакам да одам психотерапевт во странство каде што изучуваат после студии таквите нешта а најмногу сакам да поработам за хипноза, јакоо:ninja Ја прочитав и Моќта на Потсвеста, добра книга со психолошка основа.
     
    На exdoxia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tetovchanka^^

    Tetovchanka^^ Староседелец

    Зачленет на:
    21 јуни 2016
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    87
    Не знам што се , ама овие два ќе ги паметам додека сум жива :
    Првиот два месеци пред полуматура - сеуште без резервиран хотел, сеуште не знаевме каде за полуматура .. Сонував дека сум на полуматурската ноќ , помина онаа еуфорија и славење , цел клас се собра во една од собите, играа друштвени игри , а јас реков уморна сум ќе си легнам . Цимерите ја заклучија вратата однадвор , јас ставив слушалки и си легнав . После неколку минути осетив како некој влегува во собата и стои над мене . Балконот беше затворен одвнатре , немаше од каде да се влезе . Меѓутоа , видов едно дете на моја возраст , со косички на страна . Ми рече: " ти ќе ми бидеш жена на мене " . Го прашав : " Ама ја тебе не те ни познавам , од каде да ти бидам жена ? " . Ми рече : " Ќе се запознаеме за две или три години , запомни " .

    Две и пол години подоцна , го запознав мојот последен дечко . Во рок од година и пол ми стана сопруг . Истиот од сонот . Само видно изменет во поглед на фризура и стил .

    Вториот сон : Веќе родив дете . Сонував мала црквичка со бетонска патека од влезната порта и околу црквата . Влезната порта беше од железо , не класично дрвена , туку како врата од обичен двор . Од далеку гледав кон калуѓерката која метеше околу црквата , а од позади мене слушнав машки глас: " ти треба да бидеш калуѓерка " . Се свртев и викав и прашував кој си , кој е таму .. ама не добив одговор .

    Ден денес не знам која е црквичката од сонот , ниту каде има таква црква . Немаше конаци околу неа , во планина беше на сонот , освен бетонската стаза од портата до црквичката и околу самата црква , другото се беше трева .

    Овие два сона толку ме имаат исплашено , што веќе се што сонувам го преиспитувам по пет пати дали ми е од потсвеста или нешто друго ...
     

Сподели: