Потреба за зборење за себе

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Немам намера да ги анализирам членовите на ЦБ,а и не се замарам со тоа на кој му е потребно внимание.Кој се интересира за психата на останатите слободно нека прави,што се мене тиче.
Не не,каква анализа,па тоа се гледа одма кој најмногу одговара на тие теми што правел,што има идр.немам намера ни јас да ги анализирам,мислев само да направиме "нешто"кое би го искористиле кога ќе имате гласање за форумџии на годината.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Да прашам нешто... темава се однесува на зборувањето пред некого за себе или пак кога си зборуваме самите на себе си(пр. Сега ќе јадам, па ќе правам ова, па она.; или Што ми требаше ова, зошто го направив ова итн)?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Да прашам нешто... темава се однесува на зборувањето пред некого за себе или пак кога си зборуваме самите на себе си(пр. Сега ќе јадам, па ќе правам ова, па она.; или Што ми требаше ова, зошто го направив ова итн)?
Темава е говорење за себе и своите потреби,желби,афинитети,новости,за себе овде на форумов.Пример ти пиша каков тел.имаш, а моето прашање е што те натера да ни го кажеш тоа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не не,каква анализа,па тоа се гледа одма кој најмногу одговара на тие теми што правел,што има идр.немам намера ни јас да ги анализирам,мислев само да направиме "нешто"кое би го искористиле кога ќе имате гласање за форумџии на годината.
Врска ми нема моабетов.
И како ќе гласи нештото?
Член со најголема потреба за внимание?
Ми доаѓа како осудување.Сосем апсурдна идеја.
Ако ќе ги осудуваме членовите кои постираат или зборуваат работи за себе тогаш воопшто не треба да ги отвораме таквите теми.
Што значи пола од темите на форумов не би постоеле.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Врска ми нема моабетов.
И како ќе гласи нештото?
Член со најголема потреба за внимание?
Ми доаѓа како осудување.Сосем апсурдна идеја.
Ако ќе ги осудуваме членовите кои постираат или зборуваат работи за себе тогаш воопшто не треба да ги отвораме таквите теми.
Што значи пола од темите на форумов не би постоеле.
Негативно го прифаќаш а јас како забава,не мислев ништо лошо.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Темава е говорење за себе и своите потреби,желби,афинитети,новости,за себе овде на форумов.Пример ти пиша каков тел.имаш, а моето прашање е што те натера да ни го кажеш тоа?
А за кој да пишувам овде на форумов? Сигурно нема да ги прераскажувам мислењата на комшивката.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
А за кој да пишувам овде на форумов? Сигурно нема да ги прераскажувам мислењата на комшивката.
Па тоа е и прашањето,зашто МОРА да се пишува за себе,кој ќеиф е тоа,просто кажано.Искрено никој не го интересира за никого а камоли па за комшиките.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Па тоа е и прашањето,зашто МОРА да се пишува за себе,кој ќеиф е тоа,просто кажано.Искрено никој не го интересира за никого а камоли па за комшиките.
Па ако гледаш така, пример што ме занима сега мене што мислиш ти за тие што сакале да пишуваат за себе? Форум е, место каде има разни теми за муабет. Од како сме настанале, до каков мобилен имаме. Мене воопшто ништо не ми кажува за некој член што ставил слика од мобилен и не го гледам тоа ко очаен обид да се привлече внимание. И без ниеден податок за себе да открие, мислам дека се познава кој колку внимание си бара, така да зборувањето за себе општо тука на форумов не мора ништо да значи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and diva orhideja

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Темава е говорење за себе и своите потреби,желби,афинитети,новости,за себе овде на форумов.Пример ти пиша каков тел.имаш, а моето прашање е што те натера да ни го кажеш тоа?
Ти благодарам.
Како што многу (за кого- како)зборуваме и им докажуваме на другите како сме подобри и имаме повеќе, така за своите маки и проблеми уште повеќе се "фалиме".
Сум забележал дека луѓето повеќе ги интересира нешто лошо што им се случило на другите, отколку нешто што е добро. А, пак, на оние кои нешто лошо им се случило се' повеќе се трудат да се покажат како "напатени" персони.
А, на форумов се зголемува уште повеќе желбата поради тоа што ја имаш анонимноста и никој не те познава(некогаш има исклучоци). Друга работа е тоа што се бара од тебе да го искажеш своето мислење, и јасно, желбата можеби несвесно се зголемува. На крајот, среќно и задоволно твоето его од себе- претставувањето продолжува понатаму- во потрага по нови " жртви".
Од друга страна, можеби личноста која се крие зад одреден ник е затворена, па со ова без никој да ја познава, говори за себе и за своите (не)квалитети. Познавам луѓе кои надвор од домот се однесуваат супериорно, додека во домот се инфериорни пред своите/ својот партнер.
Луѓето мислат дека науката и технологијата се отидени напред и дека многу работи се знаат... Но, всушност, многу малку е откриено. Не е откриено ни ова: зошто имаме потреба да говориме за себе си... Едноставно секогаш одговорот е едноставен: егото.
Тој одговор и' се наметнува на пошироката народна маса, и тој одговор е прифатен.
На пример, во темата Што последно си купивте? ЈАС си пишувам што сум си купил затоа што сакам да му кажам на некого, макар и никој да не прочта јас ќе се 'издувам', така да се изразам.
На крајот на краиштата, се вика форум, се искажуваме себе си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Дали анонимноста ни го "крева" нагонот за искреност на форумов или можноста да пишеме нешто што си го посакуваме?