Потеклото на музиката

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
темава ја отварам да поразговараме за потеклото на музиката
како мислите дека потекнала музиката ??
од каде ?? Кој се виновниците за квалитетната музика што ја слушаме денес ??
Дали знаеме да слушаме квалитетна музика ??
и уште многу прашања што знам дека ке испаднат во текот на дискусијата :)
Па кажете што мислете вие. :)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Музиката му претходи на пишаниот збор и е тесно поврзана со уникатноста на човековата култура. Развојот на музиката помеѓу луѓето се случува наспроти позадината на природните звуци како што се песните на птиците и звуците на другите животни.

За квалитетна музика дали слушаме тоа не знам да го кажам.Некои слушаат турбо некои рок некои поп.Ствар укуса,ама не можам да го сфатам првиот избор колку да се трудам.
Ме нервираат текстовите од стилот Волим те,изгубила сам те која го има веке во речиси секој текст.|-(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Gemini

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Музиката потекнува уште од праисторијата. Првите инструменти биле коски и камења. Најголемиот развој на музиката се случува некаде веднаш после средниот век. Тогаш почнале и со запишување на музиката. Отпрвин користеле точки и црти, па подоцна почнале да цртаат и знаци за траење на тонот. На крај го створиле петтолинието кое го знаеме сега, но знаците во целост не биле определени. Првата тонска скала била пентатонска (скала составена од 5 тонови), па подоцна се развивале октатонските скали (8 тонови) и хроматските скали (сите 12 тонови од една октава).
Инструментите исто така се развивале. Се развивале жичаните инструменти најмногу. Исто така многу се употребувале и чембалата, па подоцна се развиле како клавичембало за на крај да се дојде до пијано какво што го знаеме. Дувачките малку поспоро, но и тие се развивале.
Хармонијата и полифонијата почнале да се изучуваат нешто покасно. Хармонијата е многу комплексна за објаснување, но со прости зборови кажано тоа е стварање на тонски созвучја од различни акорди врз кои подоцна се развиваат мелодии.

Квалитетна музика не знам колку слушаме. Луѓето не се интересираат многу за квалитетот на музиката, туку слушаат она што им е убаво на уво. Имам приметено дека комплексните музички форми како џез варијациите (освен змут-џезот кој е најпроста џез форма) се многу неприфатливи за повеќето од луѓето и затоа овој правец се развива во некои затворени кругови на луѓе. Има многу музичари кои експериментирале со хармониите и прогресиите, има дури и такви кои правеле атонална музика (општо земено ова е најнеслушаната музика) како на пример Дмитри Шостакович, Ален Вижути, Игор Стравински и сл. кои освен атоналното имале и чудни прогресии.

Кога ќе бидам послободен ќе пишам повеќе. Ова онака накратко.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deep Red, Caci and Bum-Bum

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Најпрво, музиката нема стопан. Или друкчие објаснато - музиката е на природата. Наједноставен пример се птиците и нивното чуруликање - комуникација.
Така да музиката би се рекла као дел од комуникацијата помеѓу живото битие.
Е сеа за квалитет и вкус не би дискутирал но би рекол едно по малку субјективно гледиште. Квалитетот на музиката зависи од нејзината комплексност. А под комплексност подразбирам ма ритамот, хармонијата на тоновите, разноликоста... Рецимо според мене неквалитетна музика ми е онаа која се состои од помалку интонации. Ако се повторува едно те исто во некои си 4 минути. Исто и текстот. Незадолжително е дали ќе го има или не, но кога го има мора да влече своја поента и да има длабочина како и малку скриена форма.
Но сево ова е само субјективно гледано. Рецимо за некого Турбофолкот има повеќе значење и човекот повеќе се пронаоѓа во него отколку во блузот. Се` е до тоа како се перцепира.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Најпрво, музиката нема стопан. Или друкчие објаснато - музиката е на природата. Наједноставен пример се птиците и нивното чуруликање - комуникација.
Јас не би го нарекол тоа музика. Тоа е исто како да кажеш дека автобусот ствара музика. Музиката се состои од тонови. Тоновите се звуци кои имаат точно определена висина, боја и траење. Тоа што го произведуваат птиците се склоп на тонови и шумови. Шум е звук што не е тон или поточно ако нема определено траење, боја или висина се нарекува шум.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас не би го нарекол тоа музика. Тоа е исто како да кажеш дека автобусот ствара музика. Музиката се состои од тонови. Тоновите се звуци кои имаат точно определена висина, боја и траење. Тоа што го произведуваат птиците се склоп на тонови и шумови. Шум е звук што не е тон или поточно ако нема определено траење, боја или висина се нарекува шум.
Да но од тие шумови како што ги нарекуваш човекот ја издифенецирал да речеме онаа музика што би му легнала на уво. Така да и човекот како што е дел од природата започнал да пее уште од палеолитот најпрво со рикање како мајмун а подоцна со усовршување и постанување на „оперски пејач“ Се` си има свој почеток. А почетокот на секое живо битие е - природата.
Сеа за дифенецирање како и подоцна одлично пиша за нотирањето во средниот век, подоцна ренесансата. Но и предтоа луѓето свиреле на лира. Инструментите поготово ударните се меѓу првите со кои што човекот стапил во контакт. Прво беше шупливиот трупец, потоа фрулата. а на крај жичаниот - со откривањето на лакот и стрелата.
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Мислам дека музиката ја создале и племињата дури и во времето на Колумбо а можеби и пред него.