Постојат ли ангели-чувари?

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Верувате ли во свети ангели чувари или водичи,во некакви суштества во човечки облик со крила?
Некои луѓе веруваат дека секој човек има свој еднинствен ангел чувар,некои мислат дека имаме два,еден ни седи на лево раме а другиот ангел ни седи на десно раме,едниот не тера на добро а другиот на лошо. Постојат многу луѓе кои наводно имале контакт со нивните ангели чувари и им помогнале во некоја невољa.
Наидов на еден текст каде што пишува дека постојат разни техники со кои може да се повика својот свет ангел чувар и да се разговара со него, да се побара помош или совет. Експериментов што ќе го напишам е од еден следбеник на Телемата кој вели дека е за тие кои не веруваат па да пробаат. Значи, потребно е еден месец да се прави овој "ритуал" на повикување на својот свет ангел чувар, наутро и навечер, па кој ќе издржи нека ни ги пренесе искуствата: Наутро штом се разбудите, со целата ваша воља, блокирајте ги сите мисли што во тој момент ви навираат, можете во почетокот гласно да ги изговарате зборовите, додека да се навикнете тоа повторување да стане автоматско,како програма на компј. Треба да бидете стрпливи (тоа е големата мана која тешко ја контролираме во денешно време). Значи ако сакаме да го повикаме нашиот САЧувар, мораме тоа да го направиме силно, концентрирано, моќно, физички-емотивно-ментално-душевно-духовно-кармички, усмерено на неговото присуство, да го повикуваме интензивно,екстатично, дека ние сме тука во неговата прегратка. Гласно да изговараме „Јас сум во совршенство едно и единствено заедно со мојот САЧувар,ние сме едно,тој претстојува во моето срце и јас претстојувам во неговото срце,ние сме едно,јас совршено мислам, чувствувам, делувам, зборам, гледам, се во тоа единство.“
Значи вака треба еден месец, и навечер пред спиење исто да се применува, кој сака да проба и ќе издржи, а наводно после тоа цел живот ќе се повикува САЧувар, па нека има искуства,коментари.
Има ли некој искуства со ангели, како ги замислувате (со пропелери на глава), давајте мислења за нив.
Дали и црквата ги признава ангелите? Немојте само за ангелите на Викторија.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Ако постојат, тогаш мојот вака изгледа.
My-guardian-angel.jpg
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Абе не ги лажете децата со ритуали,магии и глупости..Најсериозна сум.Постојат многу неискусни деца по форумите а и доста лабилни личности кои ги земаат овие работи како здраво за готово па забегуваат.Бидете повнимателни со постирање на измислици било какви ритуали и магии односно на содржината која ја постирате по нет.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Твојот став, кој е?
Мислам дека постојат и ќе се обидам да бидам упорна и еден месец да го повикувам мојот САЧ.....или ќе успеам или комшиите ќе ме однесат во лудница.

Абе не ги лажете децата со ритуали,магии и глупости..Најсериозна сум.Постојат многу неискусни деца по форумите а и доста лабилни личности кои ги земаат овие работи како здраво за готово па забегуваат.Бидете повнимателни со постирање на измислици било какви ритуали и магии односно на содржината која ја постирате по нет.
Нема овде никакви ритуали ниту магии...ако има прашања како што се дали постои рај,живот после смрт,духови,ѓаволи и др.зошто да не ппостои и тема за ангели.
 
Последна промена од модератор:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мислам дека постојат и ќе се обидам да бидам упорна и еден месец да го повикувам мојот САЧ.....или ќе успеам или комшиите ќе ме однесат во лудница.


Нема овде никакви ритуали ниту магии...ако има прашања како што се дали постои рај,живот после смрт,духови,ѓаволи и др.зошто да не ппостои и тема за ангели.
Како нема ритуали кога во постот си навела пример за "ритуал на повикување на ангелот??
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Убаво е да си мислиш дека има некој некаде што пази на тебе. Пример некој близок што си го изгубил, па си мислиш дека те гледа од некаде, те чува и е твојот ангел чувар. Не дека е вистина, ама ти дава некоја надеж и те тера поубаво да се осеќаш.
Ама ритуали за да го повикаш твојот ангел чувар.... :eek Повеќе ми е ко сценарио за хорор филм. И зошто ти е? Глупости.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ангели чувари не постојат ама затоа врие од лепрекони, грифони, еднорози, змејови и вампири.

Убаво е да си мислиш дека има некој некаде што пази на тебе. Пример некој близок што си го изгубил, па си мислиш дека те гледа од некаде, те чува и е твојот ангел чувар. Не дека е вистина, ама ти дава некоја надеж и те тера поубаво да се осеќаш.
Ама ритуали за да го повикаш твојот ангел чувар.... :eek Повеќе ми е ко сценарио за хорор филм. И зошто ти е? Глупости.

Тоа како во народните приказни со `ксметот кога го бараше еден тип (сиромавио) и кога го најде преку седум планини и девет мориња, гледа `ксмето мрзелив, не работи, си лежи... и му удри ќотек и после најде грне со злато или така нешто... (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Pica pica

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
А има разлика помеѓу обичен ангел-чувар и овој САЧувар, или?
И ако сме едно со него, нели значи дека самите себе сме си ангели-чувари? (think)