Постои ли избор?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
За заспаниот човек не постои личен избор, постои само наметнат избор за кој сме во заблуда дека е лично наш.
Можност за личен избор постои, но ретко кој е способен да го издвои својот внатрешен глас од наметнатите гласови во главата.
Доколку човекот би имал свој личен избор, тогаш би се трудел да биде среќен, а не да биде во право.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and kones

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Не,избор не постои,све у животов е судбина и ништо немаме моќ и не можеме да го смениме,колку и да ни се чини така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi and Ghtalpo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не,избор не постои,све у животов е судбина и ништо немаме моќ и не можеме да го смениме,колку и да ни се чини така.
Може малце поопширно,искрено ме интересира на што го темелиш ова кажување.Поздрав
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Имаме избор се до оној момент кога ќе се пречекорат одредени раскирсници. Но тоа може да биде нешто што сметаме дека е небитно, а сепак да има главни последици кон нашата иднина. Рецимо тоа можеби не е кога избирам да пријдам кон таа и таа девојка, но при изборот на некој колач во слаткара. Се` е на база на butterfly effect. Со тоа што не можеме да се вратиме назад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Може малце поопширно,искрено ме интересира на што го темелиш ова кажување.Поздрав
На апсолутно ништо,чист сарказам. Дебилно е да се има такво мислење,самото тоа што си живо битие пред тебе отвора многу избори,судбина е само изговор.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
На апсолутно ништо,чист сарказам. Дебилно е да се има такво мислење,самото тоа што си живо битие пред тебе отвора многу избори,судбина е само изговор.
Изборот секогаш зависи од околностите, всушност околностите не доведуваат во ситуација да имаме потреба од избор и истите ни креираат можни опции за избор и на крај го избираме она што ни се чини правилно во зависност од околностите во кои се наогаме.
Сме избрале ли да бидеме живи битија? Поради наша воља ли ни се отвараат можности за избор? Ибравме ли самите да имаме избор?
Единствен избор што го признавам за личен избор е оној избор кој би допринел личноста која го направила истиот избрала да биде среќна без разлика на околностите во кои се наоѓа, се друго е наметнато...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Saladin and kones

Не можам да се согласам со тебе. Наметнато,дефинирај го тоа?
Имаш многу пари? Имаш избор каде и што ќе правиш со нив.
Имаш малку пари? Имаш избор дали ќе штедиш или ќе ги потрошиш побрзо
Немаш пари? Имаш избор дали ќе питаш или ќе бараш работа.
Имаш проблеми? Избор е дали ќе се соочиш со нив или ќе оставиш да те задушат.
Губиш близок? Одбираш дали ќе паднеш во депресија,или ќе размислиш дека светот функционира на тој начин.
Туѓите избори влијаат на твојот живот,твоите избори влијаат на самата тебе и тоа како ти ќе ги доживееш нив. Сите тие се лични избори. Не е човекот толку безвреден па единствен избор во животот да му е тоа дали ќе тоне во изметот или ќе излезе од него и ќе биде среќен вистински.
 
Би те поправил тука затоа што има и скршнувања од патот.

Имаш многу пари? имаш избор кој може да влијае подоцна да ти се случи несреќа.
Имаш малку пари? Можеш да купиш лоз кој ќе ти донесе многу пари.
Немаш пари? Имаш избор да опљачкаш банка да добиеш истрелна рана во нога кај што подоцна во болница паѓаш на шарм на медицинската сестра.
Можеш да бираш. Но не секогаш тој избор ги донесува тие резултати кои си ги очекувал. Има една ствар која го сменува текот. Но не треба целосно човек да се повинува кон истиот. Затоа постојат тие некои мали работи кои не може да ги предвиди.
 
Јас мислам дека насловот на темата е многу јасен,постои ли избор? Колку што имам видено нема во насловот дел за последиците,така да избор имаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and melpomena

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Јас мислам дека насловот на темата е многу јасен,постои ли избор? Колку што имам видено нема во насловот дел за последиците,така да избор имаме.

Во моментот кога стоиме на раскрсница, аспектот кој влијае на тоа по кој пат ке тргнеме е видот и начинот како завршува секој пат одделно, така да и те како се важни последиците.