Печени свежи шампињони
во 1плех од шпорет ставам по3 опаковки (од1/2кг ) сецкани шампињони ги попрскувам со масло малку сол и бибер
се мешам и ги печам во тепсија обложена со хартија за печење (полесно се мие тепсијата)
Паштета од модри патлиџани
800гр модри патлиџани пасирани (можеш и намашина за месо да ги сомелеш заедно со компирот)
300гр варен компир пасиран
100мл масло
1 лажица сенф (јас ставам и 2-3)
3-4 чешниња лук
се се меша и сервирано се украсува со сецкан магдонос
јас додавам и пржен сусам и пржено ленено семе и одозгора ги украсувам со тоа има псебен шмек
Ролат со туна
1 обланда
2 конзерви туна (во парчиња ситната нема убав вкус)
100гр пченка шеќерец
3 поголеми кисели краставички
100гр маргарин
2 лажици пржен сусам
сол и мелен бибер
кечап за украсување
обландата се става помеѓу две влажни крпи
туната се цеди од маснотијата
маргаринот се мати со миксер се додава туната и се мати заедно со миксер
се додаваат краставичките,пченката и сусамот па се меша со лажица додека не се добие хомогена смеса
омекнатата обланда се филува, се витка во ролат и се остава најмалку 2ч во фрижидер
се украсува одозгора со кечоп и се сече на парлиња
Француска
Варен компир
морков
кисели краставици
грашок 1/2 конзерва
1 и 1/2кг свежи печурки печени во рерна или динстани (во рерна не им стоиш полесно се спремаат)
посен мајонез
количините ми се отприлика како за руска салата
Туна со сурими
за 1 конзерва голема од 185гр
8-9 стапчиња сурими посолени со кари, босилок и оригано пржени на малку масло во (тефлон тафче најдобро) за да се вцрват
се прелеваат со сок од 1/2 лимон и оладени се сечат на тркалца
маслинки сецкани
3 големи лажици посен мајонез
1 голема лажица сенф
1/2 лимон
се семеша
Туна салата
4 конзерви туна
3 лажици кечап
3 лажици сенф
2 лажици балсамико оцет
1 марула
младо кромитче
се се меша
ќе се изненадиш каков вкус има
Салата со морски плодови
3 опаковки морски плодови ги динсташ со малку вино лорбер кромид(сецкан на поголрми кругови) лукче цели чешниња
ги вадиш зачините
пржиш 1-2 поголеми главици кромид со
3-4 рендани моркови додаваш
400гр ориз го запржуваш и го вариш да остане растресит
па ги додаваш морски плодови
се се меша
Руска салата
1кг ослич се вари, се чисти од кожата и коските
400гр грашок
400гр морков варен и сецкан на коцки
400гр кисели краставички сецкани
400гр компир ватен сецкан или рендан како ти е полесно
посен мајонез
се се меша
Гами- посни ќофтиња од леблебија
1кг непечена леблебија (слануток) отстоена 24ч во топла вода најдобро замотана како кисело млеко
3-4 главици кромид (големи)
1 китка магдонос
2 пакетчиња ким ( ако несакаш ким моше сусам, ленено семе, нане)
сол по вкус, вегета, мелен бибер
250-350гр брашно
леблебијата се меле на машина за месо заедно со кромидот 2 пати
потоа се додаваат зачините и магдоносот, се се меси добро се додава брашното и се прават топчиња
се пржат во врел зејтин
се вадат со лажица решетка на хартија да ја упие маснотијата
нема да познаат дека се посни а се пржат лесно и излегуваат околу 60 топќиња
само за мелење ќе ти треба машка рака
Правилно во овој пост риба се јаде само на Благовец и Цветници, но рецептите може да ви користат за посни слави