После љубовта останува...

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
не мора секогаш да е љубов во прашање има и посебни моменти едноставно нешто што на моменти ќе те потсејќа на таа :pusi
Поздрав Легионер,мојот одговор на Алексис беше на нејизното напишано...и ако била вистинска таа љубов,тогаш тие остануваат засекогаш.. алудирајќи од нејзина страна на спомените,а јас само кажав дека повеќето луѓе па и да речеме повозрасните понекогаш ќе прокоментираат дека ако некоја љубов прекинала не била вистинска и дека двајцата не доволно се труделе за да се задржи.Поздрав(wave)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Мене ми останаа само болка и спомени..и никогаш нема да исчезнат (wasntme)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
После љубовта остануваат лузни и остануваат спомените на поминатите моменти, скриени некаде во некое ќоше длабоко во нас..
И еден мозаик од скршени срца и соништа..
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ништо не е вечно се додека ние го присилуваме да биде.
Така и интензитетот на спомените после завршената врска. Човекот е адаптибилен. Треба само време.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Болни и горки блицови од она што никогаш не сме сметале дека ќе стане минато, тага, каење, депресија,неизлезност, за потоа да дојде моментот на прифаќање, ослободување, продолжување понатаму, создавање на спомени за некое тамо убаво поминато завршено време . Макотрпен процес, многу чувства , и времето како морфиум кој полека ќе не научи како повторно да го отвориме срцето.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
После љубовта не останува ништо.КАТАСТРОФА.

Така е сестро, нема живот после него.
ПОТОП! :place

Така да после љубовта останува жилетот. Друго решение, очигледно нема :|
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
На почетокот останува болка и празнина, но времето лечи се’...така да остануваат само спомени...