Посета на гинеколог

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Од каде ти идејата дека маж гинеколог не си ја сфаќа сериозно работата?
Машко или женско, некој доктори не си ја сваќаат сериозно работата, и само чекаат плата, а баш им е гајле за пациентите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Smile

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Машко или женско, некој доктори не си ја сваќаат сериозно работата, и само чекаат плата, а баш им е гајле за пациентите.
Така веќе може да помине...
ама деградација на маж како гинеколог под влијание на евтини порно филмови каде што спекулумот служи ко фалус... е навистина ептен заникаде муабет.
 
Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Така веќе може да помине...
ама деградација на маж како гинеколог под влијание на евтини порно филмови каде што спекулумот служи ко фалус... е навистина ептен заникаде муабет.
Факт е дека мажите гинеколози се избегнуваат, сите жени кога бараат гинеколог гледаат да е женско. Едноставно се поопуштени, послободно кажуваат, прашуваат...
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Факт е дека мажите гинеколози се избегнуваат, сите жени кога бараат гинеколог гледаат да е женско. Едноставно се поопуштени, послободно кажуваат, прашуваат...
Кај го најде фактов?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
А има жени што сакаат кај маж гинеколог да одат? Или што им е сеедно?
Да има, и можам да ти ги набројам најблиските женски личности во таа „клапа“. Одат затоа што имаат доверба во докторот, и затоа што веруваат во професионалноста на истиот.
А, еве и од машки аспект. Можеби има сè уште умови затупени, па нема да дозволат жените да им бидат прегледани од маж гинеколог, само затоа што вагината од жена му мора да остане света тајна за друг маж... Но, еве, тргам од себе, не ни помислувам на љубомора во такви мигови. Не ни знам што има привлечно и во сексуална конотација во актот на прегледот. Повеќе е гаден, него привлечен :)
 
Не се разбравме баш. Не реков дека неможе да бидат добри доктори, професионалци. Туку, дека повеќето жени поубаво ќе си ја кажат маката, поопуштено ќе прашаат нешто, ќе кажат проблем итн.
А тоа за мажите тоа веќе е љубомора и недоверба
 
Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Затоа што, според мене, машките гинеколози се потсмеваат на ,,проблемите'' поради кои жените доаѓаат на преглед. И може да ја обвинат жената за нешто за кое можеби мажот присилно ја натерал.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Затоа што, според мене, машките гинеколози се потсмеваат на ,,проблемите'' поради кои жените доаѓаат на преглед. И може да ја обвинат жената за нешто за кое можеби мажот присилно ја натерал.
Можеби си налетала на погрешен доктор. Се додека гинекологот без разлика дали е маж или жена, си ја врши работата професионално и совесно, нема потреба од срам и недоверба.
Додуша кога недај боже ќе не потрефи некој гинеколошки проблем тогаш верувај последно нешто што би ни текнало е дали докторот е жена или маж.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не ми е јасно како девојки т.е. веќе жени што се над 25+ не одат на гинеколог пошто им е срам и страв да не ќе им најделе нешто. Мислам, која е логиката? Ако не знам дека имам нешто, магично ќе се излечи?
Пријателка на мајка ми со години има тумор кој веќе е со големина на портокал, но никако веќе не оди на гинеколог за да не дознае како напредува...

За мене чувството кога ќе видам уреден ПАП и ехо е едно од подобрите во животот.

А, за гинеколози што спуштаат безвеза муабети, секаде ги има. Посебно како се понашаат со жените пред и за време на пораѓај, тоа може книги со хорори да се напишат, а скоро никој не зборува за тој проблем.
Матичната еднаш ми спомна сум имала 25 и мислам ли за брзо да раѓам. Откако ѝ реков да го гледа гајлето само дали сум здрава, нема ништо спомнато. Многу стручна докторка е и почитува што си ѝ кажал, инаку двајца пред неа сменив што беа идиоти. Од 19 години го слушам прашањето за раѓање. Технички уште во тинејџерство ми предложија тоа за да ми се исчистело лицето од акни. :zelen