1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Посесивност

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Scars, 7 септември 2012.

  1. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    Посесивноста е ''особина'' на некоја личност која е исполнета со доминирачко однесување,спрема
    оние личности кои,оваа личност ги смета за блиски,послаби од неа.

    Дали ви се случило да имате посесивност
    кон некоја личност.Иако знаете дека не можи да биди со вас вие мислите дека е совршената личност
    за вас.Дури веќе се изгубило и чувството на љубов,на симпатија,на страст и веќе се се претворило во опсесија.Мислите дека можи често љубовта да премини во опсесија?..Не знам некако
    се губи веќе чувството на љубов во права смисла на зборот и веќе стануваш опседнат со таа личност. Иако
    нема никаква допирна точка песната што ја слушаш,или пак текстот што го слушаш со таа личност,
    сепак се ве потсеќа на таа личност.
     
  2. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    посесивност или опсесија?
     
    На JaMi и melpomena им се допаѓа ова.
  3. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Опсесија е малку поопшт термин. Може човекот да не прави ништо но е опсесивен да набљудува - демне.
    Посесивноста повеќе важи за нешто што се раѓа со тек на време, (ако се допушта да се развива). Опсесијата повеќе може да се појави инстантно.
     
    На Scars му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    јасно ми е тоа
    не ми е јасна поставеноста на темата, поточно воведот
    дефиницијата е за посесивност, а прашањата за опсесија
    затоа прашав
    да си посесивен кон нешто не значи дека си и опседнат со истото
    исто како што и да си опседнат со нешто не значи дека си посевивен кон истото
    иако често се случува да се чувствуваат и двете, па тешко се раздвојуваат, сепак, ми се чини дека се тоа различни состојби
     
    На JaMi, melpomena, slb_bobo и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Опсесија е кога нешто премногу сакаш, во нареднава смисла. На пример, постои бенд кој премногу ти се допаѓа и си опседнат со него. Едвај чекаш нов албум, нов спот, концерт, сите ѕидови во собата ти се со постери од тој бенд, итн итн. Посесивност е кога мора нешто да имаш и кога сакаш да вршиш/вршиш контрола врз нешто или некој. Посесивност често се покажува во комбинација со љубомора.
    Мразам посесивност, најмногу од било која карактеристика/чувство кај човекот.
     
    На Bibi@ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Песни, текстови и остало немаат врска со посесивност.
    Постојат песни што ме асоцираат на дегенски моменти и личности, кои и да ми ги даваат за награда, да ги поседувам и командам цел живот, не би била посесивна кон истите. :D
    Опсесија и посесивност не идат заедно. Најчесто кога си опсесивен, нештото со кое си опседнат ти се чини толку совршено и го ставаш на пиедестал, го возвишуваш, нема маани ниту ништо, па затоа нема потреба ниту да се менува.
    За разлика од посесивноста, каде најчесто станува збор за некој недостаток или нешто што нам не ни чини, па стануваме посесивни кон тоа нешто со тенденција да го направиме онакво, какво што сме го замислиле.

    Во секој случај, непријатна појава. Нормално, варира од степен до степен, ама може да има и фатални последици по психата кога еднаш ќе се сруши тој замислено-идиличен посесивен свет.
     
  7. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    За жал изгубив прекрасна личност поради мојата посесивност. Одамна беше, но никогаш нема да си простам.
    Не бев љубоморна, не се сомневав во неговата верност и сл. Ама неможев да поднесам да се посвети на било што друго, освен на мене. Сакав само јас да му бидам најважна, само на мене да се посветува секој момент... правев драми, се каравме околу тоа, а јас не сваќав колку само грешам. Бев убедена во тоа дека имам право -за жал.
    Сватив дури откако раскинавме, ама касно... некои грешки не се поправаат така лесно.

    После тоа искуство расчистив со тој дел од мојата луда глава, а за да биде поинтересно, следната моја врска која прерасна во брак ја прекинав поради истата причина, само што овој пат беше обратно.
     
    На Arkantos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Посесивноста е страшна работа. Не сум бил посесивен никогаш, но во рани тинејџерски години имав кратка врска од 4ипол месеци со опасно посесивна девојка. (морам да напомнам дека толку беше максимумот кој можев да го издржам)
    Најлошото нешто што може да му се случи на човек е посесивноста. Се случуваше да ми рече еве вака „Ќе умрам ако не си со мене“. И тоа таква реченица од девојче на 15 години, што воопшто и не знае сеуште што точно сака во животот.
    Имаше и ситуации кога се лутеше затоа што не сум наоѓал повеќе време за неа. Во тој период одев наработа во едно кафуле. Ако сум 8 часа наработа таа ги отседуваше тие 8 на шанк и ми се лутеше кога не и обрнував внимание бидејќи работев.
    Ги жалам луѓето што мораат да најдат разбирање, и начин на соживот со такви луѓе.
     
    На malo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    A znaete sto e uste poloso od posesivnost megu dvajca luge vo vrska...postrasna e posesivnosta na majkata koja ne go pusta svoeto dete da ima svoj sopstven zivot ..ne dozvoluva da se prekine papocnata vrvca iako toj e veke zrel i vozrasen covek..a taa posesivnost vo sekoj slucaj vlijae vrz negovio privaten i intimen zivot...
     
    На Хоуп* и malo им се допаѓа ова.

Сподели: