1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Посвојување

Дискусија во форумот 'Деца' започната од Sesil, 14 март 2012.

  1. Trouble

    Trouble Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,516
    Допаѓања:
    2,621
    Ме расплакавте бре луѓе и Цаци И Јован.... Имам многу деца запознаено што се посвоени и знам многу приказни. Знам кога тренирав фудбал во 7мо одд имавме една жена со нас што играше, работи во државна болница и нашла бебенце оставено до контињери во картонска кутија, го земала и пред да го однесат во Битола во домот за бебиња си го гледала некој ден, многу се приврза, ама дека е постара го однесе таму и после откако го посвоија малото, бевме на утакмица таму и знам дека специјално застанувавме кај тогашните родители на малиот за да го види женава, пораснат беше. 2 годинки имаше сигурно, многу мила дешавка стварно, само срам да им е на тие родители така што го оставиле :( Друга дешавка знам на брат ми другарче од градинка и од школо, се дружевме многу цело време и децата цело време му викаа дека е посвоен и он плачеше, не ни знаеше дека е посвоено, срце :| И уште една и готово, ветувам :) На братучетка ми другарка, 9 годинки има и знае дека е посвоена, океј и е се, само што на школо и дале состав да пишува на тема Мојот Татко и она се убила од плачење :(
    Нема врска, дај јас да си го кажам мојот став, јас искрено од време на време и си сумњав дека сум посвоена иако знам дека мајка ми била трудна со мене на свадбата нивна и имам и слики од кога сум се родила и радосница кај што се запишувало се... Си имаше периоди кај што се осеќав дека јас таму не припаѓам, дека не ме сакаат колку што го сакаат брат ми, се сама си правам, се борам, си учам сама, си работам сама, а брат ми се на готово, ама шо знам, беше тоа тогаш у пубертетот, и да ми кажеа дека сум посвоена ќе си кажев ете ти знаев, ќе се изнаплакав, пошо сум голема плачка и ќе се трудев да ги најдам тие што ме оставиле само да ми кажат зошто и како и да и акнам на таа курвата шамар шо се изебала со некој, не и било тешко тоа, и не и било тешко да ме носи 9 месеци, ќе ја поштувам што не абортирала ама па да му е**м мајката има начин како и да се јебаваш а да не забремениш ;)
     
    На Y1K991, ZmajChe, WomanInRed и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Некои луѓе едноставно не знаат да го ценат она што животот им го дава.
    - такви се оние што си ги оставаат своите деца.
    Многупати, сум се обидел да се ставам во ситуација на татко што не го признава своето дете, или на мајка што се одрекува од можноста да си го дои сопственото чедо.
    Несфатливо ми е.
    А ситуацијата за посвојувањето...
    Незнам. Незнам како би реагирал. Бидејќи сум личност што сака да истражува сигурно би сакал да знам кои се што се (во некоја слична ситација и се наоѓам во животов, само што не сум посвоен) Но секогаш би останал со своите родители. Бидејќи не е важно кој ме зачнал, важно е кој ми дал леб во устата, кој ме покривал за да не настинам кога како мало дете сум ја тргал прекривката од мене. Важно е кој ми ги дал првите совети, кој ме прегрнувал кога сум плачел.
    - тоа е родител. Не е родител оној кој ме создал и заборавил дека постојам. Родител е оној кој ми го подарил рамото да се исплачам, и ме прегрнал кога ми било ладно.
    - во секој случај, можеби во моментот кога би дознал би бил малку лут на судбината, и не би имал контрола врз постапките, но брзо би влегол во „колосек“
     
    На ZmajChe, Lena, JaMi и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. anuska

    anuska Нов член

    Зачленет на:
    26 август 2012
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    1

    ме испровоцира темава и морав да се регистрирам и да ви пишам. Не сум лицно засегната ама никогас не се знае сто ни носи животот.... доколку раберам вакво несшо би ги сакала родителите кои ме посвоиле повеке од претходно се разбира доколку ми пруѓиле убаво детство и живот- во рамките на мозжостите. Би сакала и да ја запознаам мајками- вистинската која ме оставила
    и да ја дознаам причината поради која ме оставила. Можеби и не би ја осудувала....знам дека нема оправдување за да си го оставиш детето но нејзе може и било пеколкно тешко за тоа и во животот сигурно не и било све едно- валда нема да е некој морон безчувствителен. не би посакала да и се вратам, ќе си останам кај родителите кои цел живот ми пружале љубов и се грижеле за мене. И би пишувала уште и уште...ама тоа што сакав да го кажам го кажав. Поздрав до сите форумџии и p.s Не осудувајте никого и не се разоцарувајте во животот, затоа што е многу убав кога се гледа позитивно и со насмевка на лицето...пробајте не е тешко. добра нок
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    Се согласувам со она..не си родител ако го направиш и родиш тоа дете, родителот е оној кој го израснал, воспитал , му дал се што е во негова можност и сеуште е тука за него. Чинот ''родител'' не се добива со самото раѓање на жива единица. Имам повеќе пријатели кои што се посвоени , тие не знаат дека се посвоени (јас по некоја случајност да не кажам мало-граѓанштината си го прави своето ,па сум дошла до луѓе шо многу сакаат да соопштуваат тајни на другите луѓе ,па така сум дознала ) не е мое да судам зошто не знаат децата , но вака кога ќе размислам незнам дали е подобро да знаат или незнаат.....веројатно и вака и онака би било тешко но од моја гледна точка бидејки сум во една ситуација која малку наликува на вакви ситуации Би им била исклучително благодарна и не би се сменила мојата перцепција за моите родители (оние кои што ме одгледале) . А во врска со биолошките онаа љубопитност и прашања што веројатно се јавуваат кај сите ...навистина незнам што да одговорам. Прилично комплицирано е како ќе се поставите но на крај најбитното е да си ја задржите убавата средина и мир и спокојство со вашите најдраги мајка и татко и да ја пренесете таа љубов на вашите деца.
     
    На ZmajChe, parvati и Caci им се допаѓа ова.
  5. D.Kettering

    D.Kettering Нов член

    Зачленет на:
    14 февруари 2013
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    22
    Па во никој случај нема да бидам бесен и лут. Па луѓето ми дале кров над глава, ми обезбедиле пристоен живот. Единствено што би се променило што би ги гледам уште поголеми во моите очи, иако се тоа луѓето што највеќе ги почитувам,сакам и ценам. А биолошките не би сакал да ги запознаам, контакт уште помалку. Кога не биле тука за мене до сега, не мора ни од сега.
     
    На ZmajChe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,215
    Нема да им бидам лута на родителите кои ме одгледале,кои ми дале покрив на глава и корка леб,кои ме школувале и направиле од мене добра личност.
    Но... ке се распрашам која би била причината кои моите биолошки родители ме напуштиле... нема да ги осудувам доколку причината била оправдана...
    Но доколку не ме сакале ке ги пљукнам во лице и би ги прашала зошто ме правеле а не ме сакале?
     
    На ZmajChe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    „Она што те прави човек не е способноста да направиш дете, туку храброста да одгледаш едно.“
    Ова мислам дека многу кажува.
     
    На Luckky, Bum-Bum, ZmajChe и уште 5 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    298
    Допаѓања:
    230
    Нема да си одам од нив, нема да се расправам ни зошто молчеле толку време, напротив ке им бидам уште повеке благодарна што ме изгледале и ми дале се што имаат. Би се грижела и јас за нив на стари години
     
    На ZmajChe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheQueen

    TheQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 ноември 2013
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    376
    Кога би ми кажале дека сум посвоена, уште повеќе би ги сакала луѓето кои ме посвоиле и би ги гледала како повеќе од родители. Ни би сакала да ги запознаам моите биолошки родители.
    Да, би го сменила погледот кон луѓето кои ме одгледале, би ги почитувала уште повеќе бидејќи тие одгледале туѓо дете како свое. А биолошките родители не би ги почитувала ни малку.
     
  10. BlackCat96

    BlackCat96 Нов член

    Зачленет на:
    30 ноември 2013
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    5
    И јас сум посвоена..за ништо на светов не би ги сменила мама и тато(луѓето кои ме израснале).Секогаш биле до мене,ме гледале како своја родена ќерка..
    Благодарна сум им од се срце затоа што ме од мене направија човек.:sreken
     
    На Y1K991, 990Freak, Prashina и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели: