@Lena
Пет минути пред новото будење,
да се простиме,
ме повикува тој извор,
да му се препуштам,
посилен од мене и тебе,
можеби и некогаш ќе не сретне,
ќе не влее,
се што не пронајдов,
во сите тие меки прегратки и очи,
го најдов во сонот со тебе,
во него прелетав еден поинаков свет,
од најубав цвет,
и во него видов мудро и убаво сонце,
со зраци од нежности,
тајни и страсни,
бакнежи и обоени тела,
во перла,
среќни и возвишени како рај,
а сега ме совладува тишината,
како оган од пеколот,
ми ја одзима силата,
да се создаде нова,
згаснувам во ноќ без ѕвезди,
за последен пат,
ти ќе останеш во неа,
таа една што ми е потребна,
што ќе недостига секогаш,
и носи спомени,
со исцрпени стихови,
од избледените ние,
шумолат градиве,
без мисли,
со заскитан поглед,
се губам во сиот тој мрак,
да повторно изгреам поинаков,
исчезнувам,
некогаш ќе ме разбереш,
душава ти ја предавам,
во бура да биде светилник твој вечен,
како аманет,
поголем од љубовта,
и во моменти на слабост,
нека те потсети што ти предаде еден сон,
без да те допре.