Поп пејачката Ребека соочена со дискриминација во детска градинка

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Можеби е стара темава...но денеска сум нешто изреволтирана од ''перфектниве'' луѓе па би сакала да знам што мислите во врска со ова... Дали сме луѓе ние сеуште...и каде ја изгубивме човечноста?
Синот на поп-пејачката Ребека петгодишниот Маркијан, кој боледува од ретката болест туберозна склероза, е избркан од една приватна скопска градинка. Родители на пет деца од истата група потпишале петиција дека Маркијан не го сакаат близу нивните деца, зашто се плашат да не стане агресивен.
По оваа случка, Ребека е разочарана од условите во кои децата со посебни потреби се социјализираат и учат. Вели дека нејзиното дете нема никаква заразна болест, самото јаде и оди во тоалет, и оти по седум месеци, откако е запишан во градинката, на многу лош начин $ соопштиле веќе да не доаѓа.
"Ни се јавија од градинката и ни рекоа веднаш да дојдеме, зашто Маркијан каснал некое дете. Милан и јас бевме на разговор, и се договоривме со воспитувачката да не го носиме неколку дена, додека не се смири состојбата. Не можам да знам како децата почнале да се закачаат, тој не зборува за да ми раскаже. Но знам дека Маркијан претходниот ден имал некоја непријатна случка со таткото на детето. Штом му го споменам тоа, се вознемирува и се фаќа за главата. Дојде понеделник, и јас почнав да го подготвувам Маркијан за градинка. Само неколку минути пред да тргнам, ми се јавија и ми рекоа дека, по барање на петмина родители, кое управата мора да го испочитува, Маркијан е отпишан од градинката. Со сопругот баравме да дознаеме кои се тие родители, побаравме и средба со нив за да го решиме проблемот. Ни рекоа дека тие инсистирале да не се открива кои се, и оти немаме право да разговараме со нив. Децата во градинка се гребат и се касаат, се тепаат и се закачаат, тоа сите ние како деца сме го поминале. Ова е класична дискриминација. Што ми останува сега мене? Да го чувам детето дома? Законот наложува во секоја државна градинка да има дефектолог што ќе работи со децата со посебни потреби. Јас го прошетав сите државни градинки, во ниту една нема. Помислив и на опција да го запишам во државна градинка, и самата да си го плаќам дефектологот, но веднаш ме одбиваат со образложение дека немаат место за повеќе деца. Вработени дефектолози има само во 2-3 приватни градинки каде што веќе бев на разговор, и тие ми се единствена опција. Како мајка и како претседател на здружението за лица со посебни потреби 'Дајте ни крилја' се соочувам со вакви случаи секој ден. Има многу мајки на кои им се случиле слични работи. Болните деца се дојдени на маргините", ни раскажа Ребека.
Таа додава дека веќе се обидела да закаже средба со Спиро Ристовски, министерот за труд и социјална политика, и очекува да $ јават кога ќе ја прими на разговор. Пејачката, која за лековите на синот плаќа по 200 евра месечно, е разочарана што социјалната свест во Македонија е на многу ниско ниво.
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Не се криви децата туку нивните неуки родители без грам мозок и чувства. За греота детето не е оно криво па родителите така да постапуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Marick14

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Да постара е веста, ама родителите се криви заради нивната дезинформираност. Тие се исплашиле и реагирале. Со оглед на тоа дека се работи за ексклузивна детскта приватна градинка газдите реагирале на тој начин за да не ги загубат муштериите... Да не дрдлам многу највеќе е крива држава затоа што нема изградено посебни институции и за таквите деца, сепак и тие се дел од нејзе, а нејзина должност е да одговори на сите..
 

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Нема дефектолог, нема социјален работник, нема ништо и никакви услови. Страшно е што мало дете мора да трпи тортури од страна на неорганизирам систем и неинформирани родители
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Коментирав и тогаш кога беше актуелна, ќе искоментирам и сега:
греота и жално е за детето. Ниту е виновно, ниту пак сака да е такво. Родителите треба да се толерантни и да се информираат, а не на ваков начин да постапуваат кон ваквите деца. Не е само Ребека, има многу како неа, многу случаи како нејзиниот кои се скриени од ушите на јавноста.
За жал, таква е ситуацијата насекаде низ државава. Лицата со посебни потреби се неприфатени во општеството.
Само се прашувам дали тие родители, кои го отпишаа Маркијан од градинка, утре задутре ќе се одречат и од своето дете или внуче ако и тоа е лице со посебни потреби?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Управата на градинката требала да мисли дали тоа дете е подобно за таму или не е а не после да ги повредува чувствата на семејството...инаку нормално не подржувам тоа што и направиле...греота е и срамота..
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Ужасно и старшно... :/ Колку се безчуствителни тие луѓе како да немнаат сопствени деца и да не знаат како тоа боли....Според сите интервјуа на Ребека таа зборува дека нејзиниот син е мирно и повлечено детенце....Ако тоа е вистина и тој не е агресвен ова е срамота и за 5 те родители и за градинката... имам слушнато за многу вакви случаеви .....А и самата сум била дел од вакво нешто :( Жално и ужасно....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Badass

Истакнат Член
16 февруари 2012
63
87
333
26
Ебати заостанатите идиоти со испрани мозоци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ц Ц Ц, немам коментар. Кои се тие луѓе кои би потпишале таква петиција. И тие имаат деца, нека му заблогодарат на бога што им се здрави , но како може да не помислат дека и нив можело да им се случи да добијат дете со посебни потреби. Јас студирам економија, но животна желба ми е да соберам средства со кои би отворила пристојно згрижување за деца со посебни потреби и искрено се надевам дека еден ден и ќе успеам во тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars