1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Помош - од што почина моето куче?

Дискусија во форумот 'Домашни миленици' започната од ilinka, 21 мај 2017.

  1. ilinka

    ilinka Нов член

    Зачленет на:
    21 мај 2017
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Хронологија на настани

    Неодамна ми почина моето кученце и многу тагувам а и се измачувам, каде згрешив?

    Еве позадинска информација за случајот - Јас патувам по 2 недели секој месец и во мое отсуство брат ми се грижеше за моето куче. А кучето беше гледано ко дел од нашето семејство, ко бебушка. Станува збор за кученце старо 3 месеци и 26 дена. Многу го сакав, беше моето прво кученце а и моја прва љубов – а знам и јас на него му бев љубов, веке 3 недели одкоа е починато и уште си цимолигам за него и СЕ обвинувам самата себе. По совет на локален ветеринарен техничар, Кучето прима на 3 месечна возраст петовалентна вакцина. (CANVAC DHPL broj 031015 rok 10/2017) i ROZPOUSHTEDLO SOLVENT broj 031015 rok 10/2017). Колку што знам ветеринарниот техничар што ја донел вакцината не ја чувал адекватно, ја донел во рака, а не во мал фрижидер .

    Еве ја хронологијата на настани од моментите пред кучето да падна болно до самата смрт ( извинете за долгиот опис, но е детален).

    САБОТА

    Поручекта на него а и на комшиско куче(кое си играше со моето куче) во исто време им дадов Хреновки, по едно парче копан живо месо, и голема коска да лижат. Кучето беше живо и весело. Го оставив кучето со брат ми таа вечер на село.

    Нокеска кај 1-2 поп полнок, брат ми приметува дека кучето повракало и исфрлило мало косче.

    НЕДЕЛА

    Во недела сабајле одам кучето лежи на земја, и не се мрда..повикав ветринар и рече дека температурата му била 40C, и му даде Дексаметазон, Ц витамин и Амоксицилин. Кучето беше добро преку денот.

    Вечерта приметив има 4 крлежи и инсекти (брат ми го тргнал ременчето. Решив да го искапам со шампон за умртвување на инсектите: Беше расположено за капање, го искапав и исфенирав. Му дадов кучешка храна и млеко за јадење. Заедно со друго кученце што имам им постелав и ги ставив да спијат на топло во купатилото. Парното беше уклучено цела вечер, температурата не подолу од 21C.

    ПОНЕДЕЛНИК

    Утрото приметив кучето повракало , ја исфрлило готовата храна.

    Под хитно го носам во City Vet во Струмица и му кажувам на ветеринар Боро се погоре споменатото и му мери температура и е 38.9 и вели има малку температура и му стави инекција Caffeinn ( Kodein ми рече), Кодеин, Амоxyclav и C-vitamin. Само што го однесов дома кучето почна да поврака пена и жолтило. И му се јавувам на газдата Боро од City Vet и ми кажува да оставам терапијата да делува оти најверојатно е од храна нешто и да чекам да истера голема нужда. Ми кажаа

    ДО пладне кучето се истура повракајки . Им досадувам пак на City Vet, ми пуштаат ветеринар да му ставе Реглан инекција. Кучето е смирено пола саат и пак почна да поврака. Одбива секаков вид на храна. Повракањето е пена и жолтило.


    Попладне кај 4 гледам кучето изгуби килажа, истера голема нужда, малку полутврдо и пролив керамидова боја.. До тогаш веке полудевам од мака, гледам како само течности исфрла. Веке кај 16.30 Го кревам кучето во рака и го носам во City Vet. Они ме исфрлуват од кај нив, и ми велат многу им досадувам и треба да оставам терапијата да функционира.

    Преку пат знам има друга ветеринарна клиника Космовет. Го носам таму кучето и на ветеринарката и кажувам по ред горе наведеното. Она му става инфузија милтивитамин, и Ранитидин. Иглите беа во шепата и во грб. ( јас не разбирам кое зошто е). Ветеринарката Славица ми кажува дека 50% има шанси да остане живо. Кучето го носеме во нејзиниот двор и почнува да поврака жолтило и пена. Она тогаш му дава дијагнза парвовироза. Друга терапија не му беше дадена.

    ГО нсам дома и кучето и почнува крв да поврака..така е се до 20 часот. Им вртам на City Vet прибидејки се дежурни и барам помош. Доага Александар од City Vet и му дава Баралгин и ми остави мултивитамин на база на растенија да му дадам покасно. По некоја минута, кучето има дијареја, како чешма да се испушпти и проливот е само крв и темно кафеава боја течност и многу мирисаше. Исфрли можеби некој литар. Во тие моменти приметувам крв во очите има..како солзи му течат крв.

    Александар од City Veт рече дека е парвовироза, откоа му спомнав да не е случајно парво.

    Од 8 вечерта до 2 пополнок кучето само повракаше крв и пена и одеше горе доле..се мачеше и со неговите милни убави зелено сини очиња бараше помош. Плукаше крв...постојано. Јас пробав пробиотик бебешки да му дадам и мултивитамин кој ми го остави Втеринарот Александар. Некаде кај 2 саат сакаше да стане и целото тело ко да скокна (можеби удар доби тогаш). Ја сму вртам на Александар кој ми реше е дежурен и му велам помош..и он ми одговара ПОМОШ НЕМА..чекај утре. Вртам ан ветеринарката од Космовет з апомош, она исклучила телефон. И во 3:43 почина.искрвари одпозади.

    Се обвинувам самата себеси, поради што им верував премногу на ветеринари и на сите други околу мене и што ете откоа се лсучи ветеринарката од Космовет ми вели можеби е труење од Глувчешки отров. А јас дома имав медицински карбон и не му дадов. Ме скрши едноставно .

    Извинете за детално и долго опишаното погоре, Фала ви за трпението што го читавте.

    Ве молам за совет да ми кажете каде сум згрешила. Сакам да чувам друго куче и несакам да згрешам пак.
     
  2. corki

    corki Староседелец

    Зачленет на:
    21 декември 2013
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    448
    @ilinka Од онаа што го напиша,не гледам никаде твоја грешка!Ако погрешеше некаде,сигурно ветеринарите први ќе ти кажеле,но во случајов ти не си згрешила никаде!
    Си го нахранила убаво (сигурно храната не била затруена со некаков отров) убаво негувано,друго и не треба!Ма да кучињата не сакат да бидат третирани како човек.Исто кога ние лугето не сакаме да бидеме третирани ко кучињата но...:)
    А инаку ако планираш да земеш друго кученце,сепак третирај го на ист начи и не се секирај од ништо бидејки ти не згреши никаде,куценцето ке си биде живо и здраво,после онаа најважната петовалентна вакцина на 2 и пол месеци(не чекај три месеци,зошто можно е да го фати во рок од тие 15 дена,се разбира ако има доволно килажа) против штенечак.

    Пре да го донесш новото кутренце,дезинфицирај го местото каде што престојуваше веќе мртвото куче,за да биде посигурно,и тоа да не се зарази.Прашај во ветеринарната станица за препарат и дезинфицирај!
    Шетај го повеќе и не го прејадувај,и се ќе биде во ред.:)
     
  3. ilinka

    ilinka Нов член

    Зачленет на:
    21 мај 2017
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    ,

    Здраво @corki , Ви благодарам многу што ми одговоривте. Некако по утешно ми е, но тагата останува. Храната никако не беше затрована, орибидејки во саботата и комшиско куче јадеше иста храна.Беше негувано- ко дете, бебушка. Имаше голем двор да си трчка, царство негово и тука дозволувавме комшиско куче да доага да си играат. Се сомневам дека парвото му е дојдена или од крлежите или од комшиското куче(кое јака рашетарка и не ја гледаат, па кај нас ни и дававме јадење и јас мислам е носител на вирус, и потенцијално се искакало кај нас - па така нашево без ние да видеме можеби е каснало од изметот ). Незнам..не разбирам многу.
    Пред некој ден ја вратив мајката, лугето кај што беше не ми кажуваат што вакцини примила. Како да знам што има примено ( нема чип, оти она беше скитник и Господ ни ја пушти на Бадник дојде кај нас и се породи, но прибидејки не живеам цело време во Македонија, морав да ја дадам мајката на човек што ке се грижи, и да го натерам брат ми да ми го чува кученцето што почина). Како да знам што вакцини да и стават? У случај ако и имаат ставено вакцини пред мене тие, и јас и ставам, ке се направи ли штета? Ако можете ве момал советувајте. Поздрав и пријатна вечер :)
     
    #3 ilinka, 21 мај 2017
    Последна промена: 21 мај 2017
  4. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Не треба кучето да се капи со шампон за умртвување на крлежи и паразити, единствено со кучешки или бебешки шампон, јас го капам со Косили.
    Има вакцина за тоа и ампула што му се става од вратот према опашката.
    Коски исто така не треба да му се дава, поготово пилешки.
     
    На ilinka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. corki

    corki Староседелец

    Зачленет на:
    21 декември 2013
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    448
    Јас не сум по струка ветеринар,но имам многу кучиња чувано,она што го знам е од искуство!
    Претпоставувам дека мајката на твоето веќе починато кутренце,воопшто не е вакцинирана,штом кажуваш дека била скитник,и мислам дека нема да има никаква штета да прими некоја витаминска инекција,колку да ја освежи,ако е изнемоштена!Инаку нема потреба од некоја посебна вакцина,претпоставувам мајката е повеќе од барем една година!?
    Вакцините се практицираат за малите кутриња,до неколку месеци,слично ко бебињата!:)
    Инаку мајката на кутренцето дошла кај вас на бадник,зошто нејзиниот газда не им обезбедил адекватно место за да се породи,зошто беше многу студено и таа сама нашла место кај вас,што донела на свет кутриња со тоа и тебе те направила среќна,но покасно и тажна!:)
     
    На ilinka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ilinka

    ilinka Нов член

    Зачленет на:
    21 мај 2017
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    @corki Е поубаво да чујам паталец отколку гаталец. :) За жал кај нас некои ветеринари ( барем во Струмица) а бре на теорија ке те растурат, на дело домашните миленичиња ин умират на маса. Мајката, не влегува во куката на детето што и беше, еднаш влезе и изелзе со брзината на светлината. (коа ке си одам ке дезинфецирам). МајкатаЛеже покрај вврата. Она ми има дадено многу срека и секаам што другите 3 деца ги дадов ( 2 на роднини и 1 на пријателка на роднини). За жал не сум во Македонија нон стоп , а да сум сите би ги чувала. Само радост имам видено од мајката, а и од нејзините бубчиња. Вчера дознав дека едно од кученцето што го дадов на таа пријателката од роднини, го испуштила на улица. И типката сериско го праве тоа..најде кученце го држе 1 месец додека нејзините мали дечиња си ограат и го фрле штом ке потпорасне...(за ова сум попиздена) и го барам кучето. Но коа човек не е во МК постојано од далеку, тешко се бара. Одскокнав од темата ептен...Фала за советот, обавезно витаминска инекција ке и дадам на мајката. А петовалентна вакцина да и дадам ли? Јас не разбирам од години..можеби 2 год има мајката..можеби..незнам.(како да утврдам колку години има? никаде не пише:) .и јас учам. И колку повеке учам, толку повеке ги сакам тие безгласни срцоци :) Фала уште еднаш, позз :)
     
  7. ilinka

    ilinka Нов член

    Зачленет на:
    21 мај 2017
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    @The_Mayor Фака за советот. Јас го бањав со Про-Берјк, од Бугарија е шампонот. ОК, и јас ке набавам Косили...што е безбедно, безбедно е. ОК и за ампулата...а траката т.е ременче против инсекти опасно ли е да има?
    За коски.- леле сите кажуват требало да се дава...ами да се сварат и згмечат? Јас давам многу и готова кучешка храна од Лидл Бугарија ја набавувам...Што друго би советувале за јадење..? Фала и поздрав :)
     
  8. corki

    corki Староседелец

    Зачленет на:
    21 декември 2013
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    448
     
  9. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Ремчето е маркетинг и не ефективно. Ампула за крлежи и болви на 6 месеци се дава и во секоја ветеринарна амбуланта ја има...тоа е доволно.
    Јас на мојата Нора и правам домашна храна (ориз, виршли, макарони, месо, компир) повеќе практикувам протеинска храна,
     

Сподели: