Помогнете за оваа мајка повторно да може да си го гушне синчето

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Лидија и нејзиниот 5-годишен син Кико пред само неколку години безгрижно си го живееле животот, се додека таа не претрпела тежок мозочен удар, по кој две години била во тешка кома.

apelpomos.jpg

Лидија и нејзиниот син Кико пред мозочниот удар
Пред мозочниот удар, Лидија постојано била со главоболки и терапија, била неподвижна во кревет и не можела да се грижи за својот син.
Откако паднала во кома, две години Кико и нејзиното семејство страдале и правеле тешки напори за да ја спасат Лидија.
Конечно, по заслуга на доктор Венко Филипче, таа се разбудила од комата, но останала неподвижна.
Нејзиното семејство продало буквално се што имале и заминале на лекување во Грција, каде до некаде успеале да и помогнат, па сега таа може да мрда со очите и со прст, а може и да покаже емоции.
Семејството на Лидија бара помош од хуманите граѓани со скромни донации, кои за нив многу ќе значат.
Моментално е достапен број за донации само за корисниците на Т-Мобиле, но се очекуваат отварања и на броеви од другите оператори.
Вашите донации може да ги направите со јавување на телефонот 070 143 110.
Помогнете и на оваа мајка повторно да може да си го гушне синчето!
преземено од www.kurir.mk