Половна кола VS Нова кола?

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Половен Mercedes CDI 220 Avantgаrde 2008 VS Нова Opel Insignia 2011?

Низ секоја тема за нова кола се спомнува, да имав толку пари, друго нешто ке возев ...
Зошто би купиле нова кола пред 2-3 години постара, и обратно ...

Мое гледиште, секогаш би купил половна кола пред нова ...

Причини
- Надувана цена на новите автомобили
- 5 години сервисирање во овластен сервис
- Фактот дека во старт се губи 10-15 % од вредноста на колата ...

бла бла и така натака ...
на ред сте вие
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

Maks

Староседелец
Исто половна, подобро ке земам повисока класа на пример BMW 525 TDS 4-5 год. старо отколку Skoda Fabia нова за тие пари + Обврзан овластен сервис поскап од останатите сервиси.
Мојот избор секогаш ке биде половно возило.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and Legioner

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Имам еден другар му купиле за матура неговите џип (матурата му беше пред 3 години) и уште џипот не го вози во Скопје-зашто така му рекле на сервис... За џабе му купил онака му седи, нов џип -_-
И јас сум за половна, нова не би купила.. И сите години на старо купуваме коли а не нови..ем си се разработани, ем немаш работа со сервиси тие неколку почетни години.
И за 6 000- 7 000 евра што е едно Матисче мало, можеш да најдеш на пример Jeep Cherokee за 5 000 евра на старо. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks and Legioner

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Да зборуваме за ниската класа. До пред скоро имаше обични сток количиња кои често можевме да си ги приуштиме... логанче, ладичка, југце, матиз, спарк, авео... без никаква опрема од 5500-7000 евра. Тоа беше достижна цена за која солидно си се замислувавме.
Не сум љубител на опрема... не сакам ни ABS ,ни перници, ниту никаква електрика, ни фабричка металик. Сега тоа го нема. Сите коли коштаат +8500 и не можиш да си дозволиш ништо солидно а евтино.
Останува изборот на половно, а не прави кеф. Друго е кога ќе си ја одбериш нова, со најлони на седиштата, на ново ти мириса... немаш потреба да се зезаш со глупостите на некој што си играл дека е мајстор... :) Тоа е тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да зборуваме за ниската класа. До пред скоро имаше обични сток количиња кои често можевме да си ги приуштиме... логанче, ладичка, југце, матиз, спарк, авео... без никаква опрема од 5500-7000 евра. Тоа беше достижна цена за која солидно си се замислувавме.
Не сум љубител на опрема... не сакам ни ABS ,ни перници, ниту никаква електрика, ни фабричка металик. Сега тоа го нема. Сите коли коштаат +8500 и не можиш да си дозволиш ништо солидно а евтино.
Останува изборот на половно, а не прави кеф. Друго е кога ќе си ја одбериш нова, со најлони на седиштата, на ново ти мириса... немаш потреба да се зезаш со глупостите на некој што си играл дека е мајстор... :) Тоа е тоа...

http://blogs.edf.org/climate411/2007/06/20/air_car/


Кола на воздух :D (не е шега) 10К долари, не знам дали почнаа со сериско производство... трошокот бил во струјата за компресор ама и тоа е далеку помалку него цената на бензинот...
 

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Да не гледам на парите, секогаш би избрала нова. А, да треба сега да купувам - би купила половна, токму ради цената.
Не би купила половно BMW, само за да возам BMW, туку со тие пари подобро ќе барам некоја поскромна кола, на ново. Мислам дека сепак, ново си е ново. :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Нова кола е најубаво,а половна кога купуваш е како да зимаш мачка во вреќа,е не знаеш каква ќе се погоди... Да не испадне после трошокот поголем од колата :|