Полицијата наскоро на терен со нови возила

Статус
Затворена за нови мислења.

Maks

Староседелец
Ако не грешам бенз. ти е скратеница за бензинец, BMW 730 има 258кс... нез колку ќе можат да го стигнат....
он топик: Па редно време беше да идат крајслерите у пензија, доста и беше влечење по улиците
Не сум рачунал за понов модел оние што се до 2000 год. има и послаби на јачина. А и мислам дека Bmw то секако е блокирано на 240 - 250 км/h
 

Maks

Староседелец
Тендерот за 150-те полициски возила e поништен – понудите невалидни

normal_DSCF1879.JPG


Комисијата за јавни набавки по извршената евалуација на поднесените понуди за набавка на 150 моторни возила во полициска изведба во изготвениот извештај од спроведената постапка даде предлог постапката да се поништи.
МВР соопшти дека при проверка на валидноста на електронскиот потпис со кој е потпишана понудата на понудувачот „Порше Макединија“ ДООЕЛ од Скопје, комисијата утврди дека таа не е потпишана со валиден електронски потпис издаден од страна на овластена куќа, КИБС АД или „Македонски Телеком“ АД.
- Во деталната проверка на валидноста на документот-понуда, е утврдено дека потписот со кој е потпишана понудата и другата документација издадена од економскиот оператор „Порше Македонија“ ДООЕЛ од Скопје, е креиран самостојно, издаден е од страна на овластеното лице за потпишување на понудата, но истиот не ги носи податоците со кој се докажува потекло на валиден дигитален сертификат, стои во соопштението од МВР.
При разгледувањето на понудата на понудувачот Трговско друштво за производство и трговија на големо и мало „КА-ДИС“ ДОО извоз-увоз,Скопје, Комисијата заклучи дека вкуната цена без вклучен ДДВ е надвор од рамките на износот што е утврден со одлуката за јавна набавка и со тоа цената на понудата во висина од 279,95 милиони денари (4,55 милиони евра) без вклучен ДДВ, ја прави понудата несоодветна. Поради тоа и оваа понуда не се прифаќа.
Двете компании кои учествуваа на тендерот имаат право на жалба до второстепената комисија во рок од осум дена.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Посебната мобилна единица „Алфи“ ќе вози запленет „хамер“ од царината за кој судскиот процес е завршен, пренесува телевизија Сител.

alfi-500.jpg


Со променета боја и додадена опрема „Алфите“ ќе ловат криминалци со новиот „хамер“, кој од пред три дена е доделен на мобилната единица, а претходно бил во сопственост на косовски државјанин.

-Откако завршил процесот, агенцијата за управување со одземен имот донела ваква одлука. Претходно бил сребрена боја и регистриран во соседно Косово, но отсега со нов лик и нови таблички ќе крстосува низ Скопје. Во него веќе е вградена и потребната полициска опрема. Возилото четири години стоело на паркингот пред затворот Идризово, а отсега ќе лови криминалци по скопските улици, пренесува Сител.
ham-500.jpg

ФОТО: Сител

Од МВР се надеваат дека наскоро ќе добијат уште еден „хамер“ сличен на овој, а веќе е поднесено барање полицијата да го добие и Хамерот на Бајруш Сејдиу кој беше запленет во акцијата Пепел.


fucking Battman :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks and наташа

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Е сега со ова дефинитивно ќе ги буткаат семафорите, и така за нив не важи црвено светло и кога не се во акција.Секоја чест.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Maks

Староседелец
МВР купи Мерцедес од речиси 600.000 евра!
mercedes-e-guard-e1339515059529.jpg


Министерството за внатрешни работи од единствениот понудувач Макауто Стар купи блиндиран мерцедес вреден околу 578 илјади евра.
Мерцедесот е произведен според највисоките безбедносни стандарди ВР6/БР7.

Според информациите од МВР, Мерцедесот ќе биде користен при превоз на највисоките странски државни делегации за кои е неопходен прв степен на безбедност.
Извор: Plusinfo.mk
 
Статус
Затворена за нови мислења.