Политички настани во Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тоа е целата поента, што и да изберам е труло и смрди. Тоа не се вика избор или барем јас не го викам тоа така.
Ти гледаш избор, слободно оди и избери ама никако немаш право да наречеш некого соучесник ако не излегол да гласа. И јас можам да ве наречам вас сите соучесници затоа што излегувате на избори и давате до знаење дека системот со избирање функционира.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ако некој види убиство и после вика дека не видел ништо тој е соучесник. Исто и сега, сите г**на испливаа на површина ама ние ќе си ќутиме, тоа не е соучество? Е, и никој нема да ме убеди дека не е. Две зла има ама ај ќе си ќутиме, ако се едните убијци и криминалци подобро е да се ќути.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Другите се квази спасители и луѓе што добиле доверба од народот да го кажат гласот нивни, наместо тоа одбираа да не одат во собрание да се спротистават и овозможија куп закони да се истуркаат без отпор :) Тоа не е соучество?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Altaïr
Без разлика дали си во право или не, начинот на кој во последно време одреден дел од опозицискиот блок пласира етикети кон оние кои не излегуваат на гласање е контрапродуктивен. Самиот речник на поделби (ние, вие, оние) како и понатамошните епитети на предавници и патриоти, не ве прави ништо помалку слични на опресорите што се во моменталниот склоп на власта. Со тоа ги маргинализираш оние кои не се сигурни дали би гласале во која можеби и има некаков спас во дадениов момент, ствараш одреден тип на одвраќање, ги потиснуваш уште толку да седат дома и „да не се замараат со политика“, наместо со убаво да им се објасни дека утре СИТЕ ќе го плаќаме долгот што некои тука 10 години го имаат накалемено во стиропор, лични банкарски сметки и урнисан правен и здравствен систем.
Не е работата курто-мурто политика, треба веќе еднаш суетата на тој мурто да се симне и да престане со застарената метода на поделби, туку да смисли поефективен начин како да го симне курто од столчето и да воведе реформи кои би биле погодни на почетокот на градење на некакво граѓанско општество, а не гласачка машинерија.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Доста беше Никоwa.
Ми се гади што загрози толку млади животи и што ти и твојата партира ги избркавте најинтелегентните луѓе во странство само за да може неписмените да се истакнат.
Пола млади во БТ ги нема, а јас се надевам дека еден ден и тебе ќе те нема. Не гласав за криење на терористите, убивање на невини деца, живеење во страв од звук на истрели, криење на убиства...
Иднината сме ние младите и не дозволуваме и нема да дозволиме неправда.
Лошо ти се пишува Никола
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сеа само што чув, во поплавените подрачја каде на 6ти август животот го изгубија 20тина души, без кров останаа голем дел на семејствата, помош добија од граѓаните гласа за истата партија која индиректно се погрижи нивните домови превентивно да не се заштитат, вложи огромни средства да се соголи зеленилото во градското подрачје, се пукаше во гради за засадени милиони дрвја во една акција а дали 100 имаат посадено.
Понекогаш само си викам... “Малку ви е“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Клиентелизмот е опасна работа :) Влечење за уши, притискање и понижување за опстанок.
Резултатите од изборите шта речи. Помалите партии одбиваат коалиција и реално си добиваат подршка со 0 пратеници. Да беше една изборна единица сега ќе беше шаренолико собранието, вака туку речи црвено-сино со една тенка линија која ќе треба да држи баланс и ќе зависи многу од нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Режимoт е нa кoленa, и дa пoбедaт џaбе им е. Немa ништo oд нaјaвенaтa референдумскa пoбедa и кaзнa зa Сдсм. Џaбе им беше и прикaзнaтa зa двoјaзичнoст и федерaлизaцијa. Вчерa вo белaтa пaлaтa изгрaденa сo нaши пaри беa кaкo пoпaрени. Нaјдoбрo oд се, Сјo ќе прoдoлжи дa рaбoти и дa се решaт случaите. Дoпрвa следи интереснoтo, пoздрaв диктaтoрче oд "Детoнaтoр" и "Шпиoн" дaј бoже дa скaпеш вo зaтвoр.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Режимoт е нa кoленa, и дa пoбедaт џaбе им е. Немa ништo oд нaјaвенaтa референдумскa пoбедa и кaзнa зa Сдсм. Џaбе им беше и прикaзнaтa зa двoјaзичнoст и федерaлизaцијa. Вчерa вo белaтa пaлaтa изгрaденa сo нaши пaри беa кaкo пoпaрени. Нaјдoбрo oд се, Сјo ќе прoдoлжи дa рaбoти и дa се решaт случaите. Дoпрвa следи интереснoтo, пoздрaв диктaтoрче oд "Детoнaтoр" и "Шпиoн" дaј бoже дa скaпеш вo зaтвoр.
Со „федерализацијата“ си пукаа буквално во меѓуножје.
Исто и јас мислам, барем на режимов му е дојден крајот.
Ми се допаѓа излезеноста на народот, од претходните 61% се качи на 76. Лека полека сфаќаме дека мора некако баланс да се воведе, да не се даде една партија да има апсолутна моќ и да прави буквално што сака. Со тоа и партијата ќе прави поголеми отстапки, и народот полесно може да прави разлика.
Од друга страна голем дел од народот се` уште е во т.н. клиентелистички однос, но со ваква поделеност и мала разлика, мислам дека повеќе ќе си ја сфати својата моќ на критична маса.
Уште нешто, битно е што најголемата албанска партија конечно се разводни, да не биде константен фактор како и краен играч за тоа кој ќе биде на власт. Тоа значи, ако Вмро беше 10 години на власт, ДУИ беше 14, а во тие 14 апсолутно ништо немаат дадено за албанското малцинство сем рамковниот договор на самиот почеток кој е повеќе производ на странскиот фактор. Во принцип, и албанец, и македонец и србин и бошњак, и ром и било кое малцинство подеднакво го плаќаме данокот додека владеачката коалиција си игра курташак со нас на национална база.
Секако дека треба и понатамошни реформи, попис и непречено работење на СЈО, а со тоа и донесување на пресуда на криминалците пред се`, потоа и изменување на избирачките единици во една (што е многу многу тешко да се оствари, но по мене е клучно), исфрлање на стариот дотрошен багаж во партиите и донесување на одредена свежа, но и зрела крв.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Поарно човек да не коментира, посебно кога единствената емоција која ја има за овдешното население е чиста, неразблажена омраза.