Поклон во плик

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Сведоци сме на најновата мода ''поклон во плик''. Се почесто и почесто добиваме на свадбените покани и информација дека пожелно е поклонот да биде ставен во плик. Што мислите за ова? Дали мислите дека тоа е непристојно и некултурно барање од нивна страна?
Дали имате впечаток дека на некој начин ве условуваат и ограничуваат,или тоа го прават да нагласат дека сакаат да избегнат ситуација на добивање два исти поклона или да избегнат предмети од кои немаат потреба?
Какви се вашите реакции,дали ги почитувате барањата на младите или носите поклон па ваша желба,онолку колку што вашиот џеб ви дозволува?
pokanapliko.jpg
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Непристојно, некултурно и глупаво. Нивна работа е да ме поканат (ако сакаат) а не да ми кажуваат како да им го дадам подарокот, дали во плик или не.
Имав ваква ситуација пред некое време. Не поканија луѓето, дојде лично жената и пред да си оди ни рече дека подароците што не се во плик не ги примале, така сакале младенците. Аха, мене ми текна супер идеја. Нема да им носиме ништо тогаш, ќе си влеземе и ќе речеме немавме плик, се потрошија. За малку ќе ми успееше ова ако не ме предомисли мајка ми.
Но и таа се согласуваше дека не е во ред тоа, да ти кажува некој што да му дадеш како подарок, ако прави така нека не ни поканува гости, нека си седат сами.
Не им дадовме плик како подарок, за инает дека не примале подароци кои не се во плик и заради тоа што глумат господа, им купивме правосмукалка и јас реков "На невестата најмногу ќе и се допаѓа". Да се навикне за тоа што ја чека.

Сељаци прости.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and JaMi

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Одлична тема за дискусија општо за свадбите и трендот... пардон потребата да се добива поклон за подобрување на финанскиската состојба. Зошто викам потреба? Затоа што реално само некои 10-15% од младоженците за жал можат да си ја исплатат женачката, другото е или на скромно ниво алиас 20-50 души у кафанче или се подигаат кредити за правење на нешто што е тренд - 250 посетители минимум, за останатото цркви, попови, музика, лепење на банкноти и показател на комшиите дека ете... не` бива во општеството. Тоа секако треба некако да се исплати, но земено фактот дека работа е реално тешко да се најде (пристојна) додека трошоците се дигнати до небо па и дури после свадбата (треба рента/покуќнина да се купи) сепак тоа е до некаде разбирливо. Не го разбирам само моментот на подигање на кредит за 500 гости да викнам - луѓе за кои никад не сум чул ни видел, но сепак мора по некоја случајност.... овај де потреба да бидат присутни.
Затоа сум изричито против огромни свадби и реално ги прескокнувам поканите колку и да им напраам чест, уште додека не се ставиле во план на луѓето им давам до знаење да не ме покануваат на истите туку едноставно едно испиено кафе пред или после во тесно друштво би ми било повеќе по мерак, безразлика што и тогаш подарокот ќе им го дадам - во плик.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Чек, дали ова значи дека сакаат да им оставиш пари за подарок? Не разбирам каков е овој подарок во плик.
Ако е така, тогаш мислам дека не е толку страшно. Од една страна ќе те ослободат од двоумење и барање на подарок, а од друга страна ќе им ја исполниш желбата да добијат пари. Реално, парите се најдобра опција, зошто навистина така избегнуваш да не подариш нешто што веќе имаат и не им треба. Вака барем со парите ќе си испланираат во иднина и ќе си земат тоа што сакаат. Тоа е целата поента, да им помогнеш на младинците во новиот почеток.
Но, едно е да дадеш идеја или дискретно да си кажеш дека сакаш подарок во плик и така да оставиш на гостинот да реши на крајот како ќе направи, а друго е да го обврзеш да мора. И преку давање пари од страна на сите гости ќе се види кој колку може (или сака) да даде и тука можат да настанат проблеми. Но, ако така сакаат тие, тогаш треба да бидат спремни и на тоа дека можеби нема да добијат колку што очекуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Најдобар свадбен поклон е поклон во плик затоа што нема да се собираат исти работи за кои подоцна ќе велиш дека ти се непотребни односно вишок. Но многу е некултурно да се бара гостите да носат поклон во плик и тоа преку поканата затоа што сите не стојат во добра финансиска состојба па да ги исполнуваат желбите на младенците. Кога повикуваш гости на свадба ги повикуваш за да прославиш а секој како поклон ќе ти донесе што мисли дека може да подари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Мислам дека реално сите сме свесни дека секому се потребни пари и нема потреба од нагласувањето од тоа.Ако сакаш да нагласиш тоа ќе го направиш на поблиските роднини а не преку поканата за свадба.
Друга работа, како што нагласи Саладин,зошто потреба од толку фрлање на пари за скапи фустани одела,добар ресторан...
Да канам 500 гости и после да им кажам на луѓето да ми носат пари за да си ги покријам трошоците.Македонска работа.
Кај се нема многу средства па и уште да се расфрлам во раскош а од друга страна да 'питам' треба ептен да сум отидена со паметот.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Како мине времево ги гледам младиве парови и мислам дека е најдобар поклон за нив. Можат да ги искористат за се што им треба. Е сега ограничен си, прво срамота е да ставиш малце, второ никој не те прашува дали имаш за повеќе, срам не срам даваш колку можеш. Порано можеше на свадба човек да помине со 600 ден, пример давам. Сега е поинаку. Но порано времињата беа поинаку, сега парите немаат вредност кај нас. Секој млад пар гледа ако може за кредит да му стаса да си купи стан да се оддели од родители, жално е, и баш поради таа причина ги оправдувам ако напишат во поканата така,. Замислете 150 души на свадба и сите да им донесат сервиси хах. А од друга страна макар немам никој прашано едно прашање за оние кои прават свдба, без навреда чисто од љубопитност : Ако бараш пари како поклон бараш под а) секој гостин да ја исплати свадбата, Б) ти требаат стварно ? зошто ако ти требаат пари свадба на денешницава кошта 3000 евра.
И врти заврти од секоја страна е различно гледиштето
 
Последна промена:

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Што се инаетите, попаметно е да ви дадат пари, односно може гума или режалка :D, отколку да ви дадат 10 видови на вилушки, чаши или тенџериња.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А јас имам уште едно прашање (иако е дискутабилно односно зависи од финансиската состојба на гостинот): колку е пожелно да се подари во плико или еве, вие колку би подариле?
Па види, зависи од бројката на гости, т.е. обратно пропорционална е сумата со онаа бројката на гостите, или што помалку гости, тоа повисока сума... коа веќе треба да се исплати нешто xD

Сум бил на неколку свадби и со плик и со подарок. Онаа со плик донекаде ја разбирам ради криза (пошо реално и бројката не беше голема 30тина души), но не можам да разберам дека по дифолт ако не е плик мора да биде сервис, демек едното зло го покрива помалото. И сеа замисли 10 сервиса по дома да ти седат, не па 30 (ако глеаме просек од 300 гости една десетина и` текнало сервис). Така да бара или многу креатива или плик со одредена сума пари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous