1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Подаруваме на оние на кои им е потребно

Дискусија во форумот 'Хуманитарни акции' започната од Хоуп*, 16 февруари 2015.

  1. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Пак јас.
    Не знам како не ни текнало за ваква тема, а сигурно многу од нас имаат работи кои не им се потребни и радо би ги дале на некој, а немаат доверба во разни хуманитарни организации, па овде на некој начин можат да бидат сигурни дека работите што сакаат да ги подарат ќе завршат во вистински раце.
    Можеби и на некој му е потребна било каква помош, па може слободна да си каже од што има недостиг, па тука сме да си помогнеме. Сигурна сум дека има луѓе што читаат, па ќе дојдат ќе се регистрираат и ќе им биде помогнато доколку се разбира некој има можност и воља да им помогне.

    Лично јас имам за подарување алишта за девојки, зачувани и чисти, здрави ташни и ранци, патики и други обувки, и козметички производи, а ко што пишав погоре немам доверба да ги дадам во црвен крст, а не знам некој на кого можам да му ги дадам и пошто не сакам да завршат во погрешни раце, сакам да ги дадам на некој на кој вистина му се потребни, па ако има некоја девојка, мајка, жена што има потреба од нив, а се наоѓа низ Битола или околината, нека ми пише, радо ќе и ги однесам.

    Ако има некој друг нешто за подарување нека пише, ако му треба нешто нека побара.
     
    На 84 sk_Y ^_-, bonboonka, Podem и уште 10 други им се допаѓа ова.
  2. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Има вакви теми на ФБ кои супер фукнционираат мајки си разменуваат алишта за децата.
    Стварно одлична иницијатива,а пред се премногу е убаво чувството да помогнеш некому.
     
    #2 JaMi, 17 февруари 2015
    Последна промена: 17 февруари 2015
    На bonboonka, BlackTulip и Хоуп* им се допаѓа ова.
  3. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Па мислам дека на погрешно место ги бараш,доколку си возрасен подобро е да побараш начин да ги заработиш некако. :)
    Во оваа тема може да побараш алишта или предмети од кои имаш потреба или пак да понудиш на некој кој му е потребно.
     
    #3 JaMi, 17 февруари 2015
    Последна промена: 17 февруари 2015
  4. BlackTulip

    BlackTulip Староседелец

    Зачленет на:
    15 март 2013
    Мислења:
    628
    Допаѓања:
    789
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bonboonka

    bonboonka Полноправен Член

    Зачленет на:
    21 февруари 2015
    Мислења:
    38
    Допаѓања:
    12
    мене ми треба ако не е проблем да ми испратите по карго јас ке си го платам каргото
    ако може ке ви пишам во лп од што поконкретно имам потреба од тоа што наведовте,
    всушност најпрво за тоа и се зачленив, благодарам
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bonboonka

    bonboonka Полноправен Член

    Зачленет на:
    21 февруари 2015
    Мислења:
    38
    Допаѓања:
    12
    три години сум корисник на социјална помош 3900 денари месечно и ниту еднаш немам добиено од црвен крст ништо
    ниту пак од некоја друга хуматинарна организација освен вака од хумани луѓе од сајтовиве или другарки и пријателки
    и немој да верувате во нашите државни хуманитарни организации бидејќи една другарка која неодамна се вработи во
    Даре Џамбас ми кажа дека вработените си ги делеле меѓу себе, жално но вистинито
     

Сподели: