1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Поговорки за историјата

Дискусија во форумот 'Образование' започната од Flyingbutterfly, 12 септември 2017.

  1. Flyingbutterfly

    Flyingbutterfly Нов член

    Зачленет на:
    12 септември 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако некој од вас знае поговорки за историјата како предмет нека напише нема потреба од автор Фала
     
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,287
    Допаѓања:
    3,776
    Пол:
    Машки
    Поговорки за историјата како предмет?!
    Нема потреба од автор?!
    Просто е незамисливо поговорката да има автор, единствено што може е да ти се каже името на запишувачот на зборник каде што се наоѓа истакнатата поговорка. Пример: „Кој за ум, кој за св. Наум“ - поговорка која потекнува од охридскиот крај, запишана во „Зборник на б‘лгарски народни песни“ од Константин и Димитар Миладиновци. Толку!
    Е сега бидејќи не знам дали ти требаат цитати, афоризми или навистина народни поговорки, ќе ти наведам од сѐ по нешто.
    Знам виц еден :)
    1. Историјата е наука за мртвите, што ги измачува живите. - ама не е точно ова како констатација! Ова само во Македонија може да се каже...
    Друго...
    Џорџ Орвел го има кажано она што ни го прават на нас како нација веќе со векови: „ Најефективниот начин за уништување на луѓето е да се негира и уништи нивното сопствено поимање за својата историја.
    Тука ти е исто и Наполеон, што вели „Историјата ја пишуваат победниците“... најдобар доказ кои лузери сме ние како нација :) (не за џабе го избрав Зборникот на Миладиновци)
    Имаше уште една, ама не ми текнува од кого е... „Ние не создаваме историја, историјата нѐ креира нас“ - или е Мартин Лутер Кинг, или е Ганди, ама не ме држи за збор.
    И за крај, пак виц, оти навистина не ми текнуваат народни поговорки за историјава... сѐ некои цитати...
    Кратка хорор приказна според вистински настан: Понеделник.
     
    На Baknuvalka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Flyingbutterfly

    Flyingbutterfly Нов член

    Зачленет на:
    12 септември 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Fala
     

Сподели: