Поглед на љубовта, машка страна

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Еве како еден типичен македонски маж гледа на љубовта.
Тука нема ниту „р “ од романтика.
ЉУБОВ е:
1. Кога врне дожд, а таа разбира дека те мрзи да станеш и да ја испратиш до автобуската станица;
2. Кога е таа „распуштена“, а ти тоа и го толерираш...
3. Кога ти ги имаш лозинките од нејзиниот мејл, Фејсбук, Скајп...а таа твоите не;
4. Кога овие лозинки ги употребуваш да ги избркаш сите нејзини квази додворувачи, пријатели, пријателки кои претставуваат „препрека“ на вашата љубов;
5. И после тоа за секој случај и ги исклучуваш сите тие друштвени „врски“ со светот за да не те изневерува позади грб;
6. Кога јадете сарма, таа тебе ти го дава нејзиното месо, а ти неа твојата зелка;
7. Кога таа ќе го истетовира твоето име;
8. Кога имате еден телевизор, а на него се гледа Лига на шампиони иако во исто време има и некоја сапуница, која таа ја обожува;
9. Кога таа ти вари кафе додека ти гледаш натпревар, а кога ја гледа својата серија, тогаш кафето си го подготвува самата однапред за да не станува на половина филм;
10. Кога наутро ќе го исчисти снегот пред вратата, за да не се плаши дека ќе се лизне негаде по пат додека оди до продавница да ти купи цигари;
11. Кога на избори гласа така како што ти ќе и кажеш и при тоа мора да ти го покаже ливчето;
12. Секогаш кога си гладен ти носи сендвич во кревет или...
13. Кога ќе се разбудиш, а таа веќе заминала на работа и ти оставила џепарлак;
14. Кога ти верува дека тоа што го гледа не е баш така како што на неа и изгледа;
15. Кога таа нема да го сфати овој текст, а сепак ќе го прочита и нема да се прашува со какви се жени се дружел овој човек, притоа не истакнувајќи ја нејзината феминистичка страна;
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
интересен вовед, па за сега го префрлам во Колумни, како видување на Hexasto
Молам за појанување дали е текстот лично негов или превемен од некаде.
Ако е превземен тогаш следна и последна дестинација на истиот ќе биде кантата