Здраво. Тукушто се зачленив, и ве молам дајте ми совет што да правам оти не знам веќе како ќе се тера...Проблемов ми е тоа што мноогу ги грицкам ноктите, и најверојатно кога ги грицкам не сум свесна дека го правам тоа, и кога ке престанам и кога ќе ги погледнам ноките почнува да ме фаќа паника зашто стварно МРАЗАМ грицкани нокти, и се мразам себеси зашто и јас ги грицкам но еве не можам да си помогнам. Знам дека е потребна волја и желба за да престанеш, и јас тоа го имам, но не знам дали е доволно. Не ни знам од каде таа навика да грцкам нокти ?! Како мала не сум го правла тоа...се почна од 13 години...имам една другарка што грицка нокти и баш се сеќавам на час кога грицкаше нонстоп и викав прекини не е убаво и за рацете и за здравјето...и кажував колку многу бактериии се примаат со тоа....до душа јас и не грицкам кога сум некаде испадната, туку само дома но исто ми се фаќа знам. Читав статии за како да се одвикнеш и стварно сакам но ете не знам што ми е.......