1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Плод со аномалии

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од Хоуп*, 25 ноември 2015.

  1. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Како може истото да важи за здраво дете? Здравото дете ќе порасне во здрав возрасен човек кој ќе се бори за себе, ќе работи и ќе има нормален живот. Болното дете ќе порасне во болен човек и прашање е дали некој би му помогнал околу неговото издржување.
     
    На Electra, MoonFairy и Хоуп* им се допаѓа ова.
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    http://healthinfo.mk/index.php/sq/zdravstvo/115-2014-04-06-18-54-28
     
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Има, саванти се викаат тие или како беше, еден таков лик со хеликоптер го летале над Лондон и памтел све како гугл мапс да има во умот :zelen
    Али тука се мешаат и аспергер и слични состојби кои не се аутисти.
    Ама све е тоа попусто, за нив не постојат блиски (како и за споменатата конзерва) така да односот родител-челад тука е едностран, крајно напорен и сосема бесцелен. Барем конзервата не мора да ја негуваш (party)
     
  4. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Има установа во Демир Капија која ги згрижува ваквите случаеви, а 90% од случаевите што ги знам јас завршувале таму после смртта на родителот, а приказната завршува кратко потоа и со нивна ненадејна смрт, мада тоа е друга тема и нема врска со темава....

    Јас сум дефинитивно за абортус, не можам да се осудам да живеам таков живот, не можам ни да му дадам соодветна грижа, не сум трпелива ни па толку силна да издржам да живеам таков живот, сигурно дека ќе западнам во тешки депресии па нема да се знае кој кого ќе треба да чува и да му дава воља за живот.
     
    На violetmoon, Electra и malo им се допаѓа ова.
  5. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Јас сум самохрана мајка на две здрави деца, татко им воопшто не ги видел, ниту пак прашал за нив одкако се разделивме. Да не објаснувам јавно каква ми е состојбата со ,,блиското'' семејство, само ке кажам дека воопшо немам кој да ми помага околу нив.
    И јас често си го поставувам прашањето - Што ке прават ако мене ми се случи нешто? Што ако се здрави, ако растат во дом за деца без родител постои ризик да имаат страшни последици. Кога ке размислам, здраво дете може и полошо да помине во таква ситуација, бидејки ке биде свесно за се и сето тоа ке го погоди од сите можни страни, додека на болно дете, во случајов дете со ментална ретардација, потребно ке му биде само некој кој ке ги извршува обврските покрај него и тоа можеби би било доволно. Здраво дете постојано ке си поставува прашања, ке се обвинува, ке тагува, ке се чувствува осамено, отфрлено и тн. , ретардирано дете можеби никогаш нема да си постави ниту едно прашање од тој тип, можеби ке биде задоволно што ке има некој да го храни и облекува, без разлика каде се наоѓа и со кого е.
    Затоа реков дека е исто
    Кога детето ке остане сираче, без разлика дали е болно или не, ке се соочи со најтешката болка и сето тоа ке остави последици.
     
    На Аркантос, Prashina, Tantara и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Да, но реално здравото дете може да се избори за себе. Да, Македонија е далеку од совршена земја за водење на било каква борба, но со здрав разум можеш што сакаш да направиш. Така да, не е исто.
     
    На Tantara му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Исто е? :) Мора да е исто, 47 годишен аутист со 74 годишната мајка да му ги собира лајната кои ги посрал или да се бави со проблеми соодветни за мајка на 25 која има 2 годишно детенце. Затоа што имаш нормални деца можеш да прикажуваш вакви `бисери`, родителите на деца со проблеми од овој вид би дале се` на светот тие проблеми да ги немаат, и за нивните деца кои растат како фикуси и за самите себе кои доживотно се нагрбачени со комплетна грижа за потомството.
     
    На Аркантос, violetmoon и Electra им се допаѓа ова.
  8. Marijaaa

    Marijaaa Истакнат Член

    Зачленет на:
    30 мај 2015
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    116
    Јас лично, не би абортирала. Би го родила и би му ја пружела целата љубов на светов. Абортусот не е решение. Децата односно луѓето воопшто кој имаат анималија се дар за родителите. Тие ги учат нив на трпеливост и разбирање. И не нема некој да стани психопат да ги убива сите ако е растен со љубов од околината.
     
  9. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Исто е од аспект на сигурност на детето, и болно и здраво дете би било несигурно аkо мајката почине, тоа зборевме (никогаш не дочитуваш до крај и секогаш ја утнуваш поентата, за друго се работеше, конкретно во тој пост)
    Јас немам против тоа родителот да се одлучи на абортус и јас самата не знам како би постапила ак ми се случи нешто такво, но имам против кога родителите тврдат дека абортирале за доброто на детето и во мојот прв пост на темава кажав зошто мислам така.

    А што се однесува до маката и обврските околу аутист... знам дека не е исто ова што ке го споредам, ама не можам а да не пишам.
    Некои луѓе можат цел живот да си го посветат во грижа за своето милениче и повеке пати во денот да му го собираат изметот и да не се делат од него, да го хранат и сето тоа... а кога би се работело за нивно родено дете, тогаш немаат сил за да се справат со обврските.
    На повекето луге да им дадеш мајмун на чување, без размислување ке прифатат и ке бидат среќни поради тоа, всушност лугето дебело плаќаат за да имаат мајмун дома и да му го собираат изметот, а своето дете кое би се однесувало како мајмун нема да го родат (да не речам - ке го убијат)
    Ке речете дека детето нема да биде среќно, па затоа сте се ослободиле од него, но
    и мајмунот нема да биде среќен ако живее затворен во соба на човек, многу по себичен е од ретардирано дете и може да биде опасен за околината
    Разликата е во тоа што со мајмунче ке биде фаца кога ке се шета, а со аутис - не.

     
    На Аркантос, ●Untouchable°, corki и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Не мислите дека малце претерувате со исказиве?
    Не, не е дар. Не носи радост да си го гледаш детето врзано за кревет или количка, несвесно за околината околу себе, дури неговите врсници растат, се развиваат, учат, патуваат, ствараат за себе и своите... а твоево на 35 години шљапка со рацете во храната и се смее на ништо.
    Пред да почине, баба ми стана несвесна за себе, нас и својата состојба. Бладаше, беше ко растение. Јас и мајка ми знаме колкав дар беше да ја креваме на неколку саати за да ја измиеме, да ѝ смениме пелена ко на бебе, да ја храниш за да ѝ капе од уста, да спиеш по 2 часа дневно пошто постојано бара нешто и испушта неповрзани звуци... буквално крв ни има течено од раце од што сме ја кревале. И тоа траеше едвај 20ина дена, со тоа што и двете сме физички силни, а замисли 40+ години да треба тоа да го правиш секојдневно, па дури и кога ќе стигнеш до некој старосен праг од 70+ години.
    А после? Тури му онаквото кога родителов ќе умре и лицево ќе седи со саати гладно, посерено и усмрдено во некој ќош од чкљ установа.
    Би посакале некому таков живот?
    Може е најнесебинчото нешто да се посветиш на таква личност, ама немој да ми кажете дека е дар и дека животот може да биде убав.
    Трпиш пошто е твое, го сакаш, те боли, и речиси и немаш друг избор (освен ако не ти текне да го фрлиш по установа, што тешко да се случи), а не пошто си научил лекција да бидеш толерантен и сега ангели ти свират мирољубиво над глава со харфи.

    Поблага ретардација може би толерирала. Многу амеби, кои се потпросечно интелигентни, се прават Ајнштајни и тренираат нерви, па сосема океј би било за промена да имаме и некој кој се однесува соодветно со капацитетот. Но, личност која не би знаела името да си го каже на 25 години или личност со физички деформитет, која би ме колнела цел живот што сум ја родила, не... не би било хумано да се мачат поради Мајка Тереза синдромот.

    Едит: Немојте и со миленичиња да споредувате бе, луѓе.
    Ајде кога е премало да се храни со шприц или нешто, ама после стави му храна и си јаде, а ако не му ставиш, самото си бара и не треба да седиш над него да пазиш како ќе голтне за да не му залетне, ниту лигушки да му бришеш. Какачката ќе ја собереш, да, ама не треба да му бришеш газе и да го повиваш со бебешки пудри секој саат за да не се воспали, плус, секогаш постои опција да го истренираш кај да врши нужда.
    Тоа е некој еквивалент со дете и нокширче, ама кога детето веќе има 30+ години и уште не разбира кај да кака, не е исто.
     
    На Altaïr, Аркантос, Saladin и уште 4 други им се допаѓа ова.

Сподели: