1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Плата во приватни училишта за странски јазици

Дискусија во форумот 'Кариера' започната од snowbela, 29 септември 2013.

  1. snowbela

    snowbela Нов член

    Зачленет на:
    30 јануари 2013
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво Црнобелковци:) Ме интересира дали знаете како се платени професорите по приватните училишта за странски јазици? Онака, да сте слушнале од некој или пак искуство.
     
  2. bliznaci

    bliznaci Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    223
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Затоа што во Скопје плачам 600 денари од час за англиски,значи месечно 2400 денари.Да речам дека истата професорка им предава и на уште пет луѓе,6×2400 тоа е 14400.Толку отприлика им е платата,сила до 15000.
    ;)
     
  3. ВинаНевина

    ВинаНевина Полноправен Член

    Зачленет на:
    26 мај 2017
    Мислења:
    77
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Јас живеам настрана од Скопје и на почеток имав лошо искуство како професор во приватно училиште по англиски јазик. Децата плаќаа по 1000 денари месечно за 6 часа, а јас добивав 225 денари по дете, од кои 25 денари беа персонален данок кој јас морав да го платам на крајот од годната. Имав 5 групи од по 5-6-7 деца и месечно платата ми доаѓаше по отприлика некои 6000 денари, што според мене беше мизерно. Станував наутро рано за да стигнам на час од 9 каде се задржував до 12, а потоа се враќав дома. После ручек, односно околу 16 часот имав повторно часови со групите, а навечер имав курсеви со повозрасни кои сакаа да научат Англиски за работа со компјутери или поради престој во Америка или Австралија. Профитот од овие курсеви го делевме 50-50 со газдарицата.

    Сакам да кажам дека газдарицава на училиштето каде што јас работев сакаше да ќари на мене како нова во тимот, значи се зваиси и од тоа како ќе ти се погоди. Но сепак беше многу добро искуство :)
     

Сподели: