Планини, врвови, алпинизам

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Обично за Македонија се вели дека е планинска или поточно планинско-котлинска земја, со честа смена на планини и котлини. Причините за таквиот релјеф лежат во сложените геолошки, тектонски и ерозивни процеси кои дејствувале со стотици илјади, па и милиони години.


20120530-planini-vo-makedonija3.jpg

Сепак, кога ќе праша некој колку планини има во Македонија, одговорот воопшто не е едноставен. Така, ќе се сретнат податоци дека има 20, 30, 40, 50 па дури и повеќе планини. Но каде всушност е вистината? Сосема точниот број на планини многу тешко може да се определи, бидејќи во науката има различни критериуми за тоа што треба да се смета како планина. Обично, како одредница се земаат апсолутната и релативната надморска височина, наклонот, волуменот, расчленетоста, површината и други елементи. Според Оксфордскиот толковник на поими, „планина претставува јасно изразено, природно возвишение на земјината површина, кое е впечатливо издигнато во однос на околниот простор“. Меѓутоа, ваквите и слични дефиниции се доста субјективни (1). Затоа, често за одредница се земаат одредени вредности за височина, наклон и површина, иако во различни делови на светот тие имаат различни вредности.

20120530-planini-vo-makedonija1.jpg

Во светски рамки овие „минимално-детерминирачки“ вредности за височината варираат од 300 до 2500 м, за наклонот од 2 до 10 степени и за површина од 10-500 км кв. Сепак, за подрачјето на Балканскиот Полуостров, обично за планина се смета возвишение со апсолутна и релативна височина поголема од 500 м, просечен наклон поголем од 5 степени и површина поголема од 50 км кв (2). Освен тоа, една планина, за да се смета како самостојна целина, треба да биде јасно одвоена со длабока долина или превој од друга планина. Ако не е така, тогаш станува збор за планински систем или планински масив. Затоа, често она што локалното население го нарекува планина, всушност релјефно е дел од поголем планински масив (3). Според тој „локален“ критериум или според локалните имиња и поими за планини, во Македонија има над 50 планини (4). Во таа смисла, како планини се појавуваат Кораб, Дешат и Крчин иако морфолошки претставуваат единствен планински масив. Слично е со големиот масив Јакупица (или Мокра), покрај која како планини се наведуваат: Караџица, Даутица, Голешница, Китка и понекогаш Сува Планина.

20120530-planini-vo-makedonija.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Врз основа на детално изведени ГИС анализи на тридимензионалниот дигитален модел на релјефот на Република Македонија, а користејќи ги претходно наведените критериуми, во Република Македонија се издвојуваат околу 40 планини и планински масиви и тоа:

Кораб (Корабски масив: Кораб со Дешат и Крчин), со највисок врв Голем Кораб (2753 м).

Шар Планина (Шарпланински масив), со највисок врв Титов Врв (2747 м).

Баба, со највисок врв Пелистер (2601 м).

Јакупица (Јакупички масив или Мокра), со највисок врв Солунска Глава (2540 м). Како дел од овој масив се Јакупица, Караџица, Даутица, Голешница и Китка. По површина е најголем планински масив во Македонија.

Ниџе (Ниџе со Кајмакчалан и Козјак), со највисок врв Кајмакчалан (2520 м).

Галичица (со Стара Галичица, Асан Ѓура и Исток), со највисок врв Вир – 2288 м (во Албанија). На територијата на Република Македонија, највисок врв е Кота (2265 м).

Стогово (Стогово со Караорман), со највисок врв Голем Рид (2268 м).

Јабланица, со највисок врв Црн Камен (2256 м).

Осоговски планински масив (со Лисец, Плавица, Синковица), со највисок врв Руен (2252 м).

Кожуф, со највисок врв Зелен Брег (2165 м).

Бистра, со највисок врв Меденица (2163 м).

Сува Гора (Сува Гора со Добра Вода и Песјак), со највисок врв Добра Вода (2061 м). Според одредени карактеристики, Сува Гора може да се смета за одделна планина од Добра Вода и Песјак.

Беласица, со највисок врв Радомир (во Бугарија) од 2029 м. Во Македонија, највисок врв е Тумба (1881 м).

Илинска, Плакенска и Бигла (планински масив), со највисок врв Сталев Камен (1998 м) во делот на Плакенска.

Влаина, со највисок врв Кадиица (1932 м). Може да се смета како дел од Малешевско-Влаински планински масив.

Малешевски Планини, со највисок врв Џами Тепе (1801 м). Може да се смета како дел од Малешевско-Влаински планински масив.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Бушева Планина со Баба Сач и Лубен (планински масив), со највисок врв Мусица (1788 м).

Плачковица, со највисок врв Лисец (1752 м).

Бабуна со Мукос, Козјак и Злато (планински масив) и највисок врв Козјак (1746 м).

Огражден, со највисок врв Огражден или Огражденец (1744 м).

Билино со Герман и Чупино Брдо (планински масив), со највисок врв Чупино Брдо (1703 м). Често, Герман се смета за одделна планина иако релјефно не е сосема издвоена од Билино.

Дрен или Дрен Планина, со највисок врв Ливада (1663 м).

Скопска Црна Гора (планински масив со Езерска Планина и Карадак; Црна Гора во поширок контекст)и највисок врв Рамно (1651 м).

Голак со Обозна и највисок врв Чавка (1538 м).


Буковиќ, со највисок врв Тепе (1528 м). Понекогаш се смета за дел од масивот на Сува Гора со Добра Вода и Песјак, иако е релативно јасно издвоен како посебна целина со површина од 98 км кв.

Древеник, со највисок врв Кале (1494 м). Оваа планина северно од Битола ги има сите елементи на јасно одвоена (со Црна Река и Шемница) средно-висока планинска целина: релативна височина од околу 900 м, површина од 118 км кв. и просечен наклон поголем од 10 степени!

Селечка Планина, со највисок врв Висока (1471 м).

Облаковска Планина, со највисок врв Бел Камен (1430 м). Слично како и Древеник, оваа планина северно од Битола ги има сите елементи на јасно одвоена (со Шемница и Драгор) средно-висока планинска целина: релативна височина од околу 850 м, површина од 96 км кв. и просечен наклон поголем од 10 степени!

Готен, со највисок врв Грамадник (1420 м).

Бејаз Тепе, со највисок врв Бејаз Тепе (1348 м). Јасно одвоена (со Брегалница и Желевица) средно-висока планинска целина, со релативна височина од 600 м, површина од 94 км кв. и просечен наклон поголем од 10 степени!

Козјак (кумановски) со највисок врв Перен (1326 м). Во поширока смисла, може да се смета како дел од големиот масив на Билино (Козјак, Герман, Билино, Чупино Брдо), иако има свои специфичности.

Жеден, со највисок врв Голем Камен (1264 м).

Конечка Планина (Серта) со Градешка Планина и Плауш, со највисок врв Волчјак (1159 м).

Клепа, со највисок врв Клепа (1149 м).

Водно, со највисок врв Крстовар (1066 м). Според сите карактеристики (релативна височина од 800 м, површина од 100 км кв., просечен наклон над 10 степени), Водно претставува планина.

Манговица, со највисок врв Асаница (874 м).

Градиштанска Планина, со највисок врв Градиште (861 м).

Руен, со највисок врв (во Македонија) Ланиште (775 м).

Богословец, со највисок врв Св. Јовански Рид (755 м). На граница помеѓу мала планина и истакнат рид, особено во однос на површината од само 20 км кв. Сепак, има релативна височина од 500-550 м и просечен наклон од речиси 20 степени!

Од наведените планини и планински масиви, 13 се повисоки од 2000 м (за балкански прилики тоа се високи планини), 22 се средно високи, а 4 се ниски планини (под 1000 м надморска височина). Кога би се „наредиле“ сите планини една врз друга, нивната заедничка височина би достигнала извонредни 68 км! На сите овие планини има околу 250 покарактеристични врвови, од кои стотина се повисоки од 2000 м. Според тоа, Македонија има најголем број планини во однос на својата површина, не само во Европа, туку и пошироко. За жал, најголем дел од нив не се соодветно искористени, промовирани, заштитени или туристички валоризирани.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Слободно може да се каже дека Република Македонија е планинска земја со околу 40 планини од кои 12 повисоки од 2000 метри. Ниту една држава во Европа, нема толкав број на самостојни планински целини и планински масиви во однос на својата површина. На сите овие планини има околу 260 интересни и впечатливи планински врвови, од кои 85 над 2000 метри. Меѓу нив, посебно се истакнуваат 10-те врвови наведени во текстот, од кои некои се и меѓу највисоките во нашата држава.
Голем Кораб (2753 m) е највисок врв на планината Кораб, а воедно и највисок врв во Република Македонија. Врвот се наоѓа во северниот дел на планината, на границата со Република Албанија. Врвот е доста стрмен, особено кон албанската страна и изграден од тријаски варовници. Поради големата височина, во близина и во подножјето се јавуваат траги од плеистоцена глацијација: циркови, валови, морени и др. Под врвот извира Длабока Река (десна притока на Радика), на која се наоѓа водопадот Пројфел висок 133 m.
Титов Врв (2747 m), уште е познат како Турчин или Шар и е меѓу најубавите, а воедно и највисок врв на Шар Планина и втор по височина во Република Македонија. Изграден е од мезозојски варовници, доста распукани и оголени. Инаку има пирамидална форма. Околу самиот врв, поради силното мразно разорување се јавуваат камени реки и сипари. Северозападно од врвот е изворот на реката Пена кон која се протега преубав видик, а јужно се наоѓаат неколку глацијални езера меѓу кои најинтересни се Белото и Боговинското.
Пелистер (2601 m) е највисокиот врв на планината Баба, а се наоѓа во нејзиниот северен дел. Месното население целата планина ја нарекува Пелистер. Врвот е најдоминантен во овој дел на Република Македонија. Инаку изграден е од гранитни карпи и палеозојски шкрилци. Оголен е, а поради мразното разорување е интензивен процесот на распаѓање на карпите. Интересни се појавите на мориња од карпи кои се јавуваат под самиот врв. Поради специфичната положба нуди широк и прекрасен панорамски видик, а од јужната страна, под Пелистер е убавото глацијално Мало Езеро.
Солунска Глава (2540 m) е највисокиот врв на планината Јакупица. Тој е остар (со конусен изглед), карпест и карстифициран. Од врвот може да се гледа поголемиот дел од територијата на Република Македонија, а за многу ведро време, според кажувањата се гледа дури до Солунскиот Залив. Поради својата положба и доминантност, Солунска Глава има стратешко значење за нашата држава. На самиот врв и во неговото подножје има неколку огромни пропасти – најдлабоки во Македонија. На југоисточната страна, се јавува амфитеатрален отсек длабок скоро 1000 м, во чие подножје е изворот на реката Бабуна.
Кајмакчалан (2520 m) е највисок врв на планината Ниџе. Просторно се наоѓа во средишниот дел на планината, на самата граница со Република Грција. Врвот е оголен, стрмен посебно кон долината на Коњарка на север и релативно пристапен, бидејќи до него води макадамски пат кој започнува кај с. Скочивир. На самиот врв има црква, гробница и неколку други помали објекти како обележја од Првата Светска војна. Во близина има интересни денудациски форми, а северно се воочливи траги од еден поголем цирк.
Голем Крчин (2341 m) е највисок врв на планината Крчин. Се наоѓа во северниот дел на планината, над селото Ростуше, на границата со Република Албанија. Врвот е стрмен, оголен и карпест, бидејќи е подложен на силно температурно и мразно разорување. Под врвот е извориштето на Ростушка Река на која има повеќе импресивни водопади.
Црни Врв (2257 m) е највисок врв на планината Јабланица. Се наоѓа во средишниот дел на планината, над селото Вевчани. Врвот е остар, многу интересен и со широк панорамски видик, особено кон Охридското Езеро. Во подножјето на врвот е убавото Вевчанско глацијално Езеро. Поради мразното разорување, по страните на врвот се јавува распаднат карпест материјал-камени реки и сипари.
Магаро (2254 m) е трет по височина врв на планината Галичица (највисок е Плаја е Пусит, 2288 m) и втор на територијата на Република Македонија, по врвот Кота (2265 m). Врвот е доста убав, релативно стрмен, посебно кон западната страна и изграден од тријаски варовници. Од него има прекрасен видик кон Охридското Езеро на запад и Преспанското Езеро на исток. Околу врвот има интересни форми на карстна ерозија, периглацијални појави и фосилни глацијални форми: 2 цирка, валов и морени.
Зелен Брег (2166 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопиште (Кавадаречко). Врвот е заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Северно од него е изворот на реката Дошница – лева притока на Бошава. Кон југ се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунско Поле.
Меденица (2163 m), е највисокиот врв на планината Бистра. Се наоѓа во нејзиниот западен дел, над селото Галичник. Изграден е од тријаски варовници, како и целиот највисок дел од планината. Врвот е остар, а од неговата источна страна се протегаат неколку мали цирка и карстни полиња. До врвот најлесно се доаѓа преку преминот Церовец.

GolemK-150x150.jpgPelist-150x150.jpgTurcin-150x150.jpgZelen.jpg
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Плачковица
5159707.jpg

(1754 м) е дури 20-та по височина планина (од 38 планини) во Република Македонија и 5-та по височина во источниот дел на државата (по Осоговски Планини, Беласица, Влаина и Малешевски Планини). Меѓутоа, поради значителната површина што ја зафаќа од близу 750 км кв., таа е веднаш по Јакупица, Осоговските Планини, Шар Планина и Сува Гора. Плачковица се издига помеѓу Струмичко-Радовишката Котлина и долината на реката Плаваја (притока на Струмица) на југ, Кочанската Котлина на север и долината на Осојница на исток. На запад, таа е доста расчленета и еродирана, постепено спуштајќи се кон Овче Поле, долината на Брегалница и нејзините леви притоки. Особено стрмна и јасно изразена е северната страна кон Кочанско Поле, додека другите страни паѓаат постепено. Инаку, иако нема многу карактеристичен правец, главните била главно се протегаат од северозапад кон југоисток во должина од околу 30 км.
Plackovica.jpg

Со долината на Зрновска Река, Плачковица речиси симетрично е поделена на два дела: источен и западен. Западниот дел е нешто понизок со највисок врв Туртел 1.689 м. Поради застапеност на мермери во геолошката градба на овој дел, околу Туртел се создале повеќе пештери. До сега се истражени пет пештери од кои најдолга е Големата пештера со должина од околу 600 метри. Таа претставува вистински бисер со своите пештерски украси и предизвик за спелеолозите. Помали се пештерите Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор, но и тие се богати со пештерски украси. Речиси сите наведени пештери се лесно достапни за посетителите и до нив водат маркирани патеки.
Убаво место за преноќување овде е планинарскиот дом Вртешка кај истоименото село на 1050 м надморска височина, сместен на карактеристична височинка и со одличен видик. Речиси од целото Туртелско било кон запад се протега одличен панорамски видик на голема далечина, додека пак неговата источна страна кон долината на Зрновска Река е многу густо пошумена и остава впечаток на недопрена зелена дивина со восхитувачки пејсажи. Источниот дел на Плачковица е повисок и на него се врвовите Лисец (1754 м), Чупино Брдо (1725 м), Бел Камен (1707 м), Кара Тепе (1625 м) и други. Врвот Лисец е највисок на планината. Од него се протега извонреден панорамски видик кон околните подрачја, а за многу ведро време и чиста атмосфера, од него може да се види Рила на запад, дел од Солунскиот Залив на југ, па дури и планината Олимп оддалечена преку 200 км! Всушност иако не е многу висок, Лисец е меѓу врвовите во Македонија со најголем доглед или најдалечна хоризонтна видикова линија. Затоа во некои поранешни времиња овде се наоѓал воен радарски центар за набљудување, а денес се говори за можно поставување на астрономска обсерваторија. До самиот врв најлесно може да се дојде со неколкучасовно пешачење по билото тргнувајќи од селото Зрновци или од селото Градец, при што растојанието е околу 10 км. Спуштањето од врвот Лисец (1754 м) или Лисечкото било кое е на околу 1500 м надморска височина до дното на долината на околу 700 м воопшто не е едноставно, но е своевидно доживување. По спуштањето се навлегува во тесното долинско дно со коритото на Зрновска Река, долж кое се наидува на бројни брзаци, мали водопади и слапови. Водопадите, иако се мали и ретко повисоки од 4 м, формирале длабоки таканаречени џиновски лонци или вирови. Најимпресивен вир е Девичин Вир кој се наоѓа во близина на зафатот на вода за хидроцентралата. Вирот е со пречник од 8-10 м и длабочина до 4 м и формиран под Девичиниот водопад висок околу 5 м. Од Девичин Вир до селото Зрновци 5 км низводно, се поминува покрај неколку вакви „вирови“ (Колев Вир, Змијарнико, Суљов Вир), всечени во цврсти карпи, а на некои места преминувањето покрај нив е вистински адреналински предизвик. Инаку, горниот дел од долината на Зрновска Река, како и изворишните делови на Блатечка, Сирава и Смиланска Река, поради пошуменоста и оддалеченоста од поголеми населби оставаат впечаток на недопрена природа. Заедно со чистиот воздух, бројните извори и потоци, разновидниот растителен и животински свет, овој простор е навистина прекрасна зелена „оаза“. Освен долината на Зрновска Река, доста интересни за разгледување, прошетка, планинарење или уживање во природата се долините на Градечка и Блатечка Река на исток, потоа долината на Радовишка Река на југ, како и повеќето долини по западното подножје како таа на Аргуличка или Радањска Река. Во некои од овие долини има помали, но фасцинантни кањонски делови. Долината пак на Радањска Река е исполнета со десетици плавини и плавински појаси, кои оставаат посебен впечаток. Покрај чистата и речиси недопрена природа во средишниот дел на планината Плачковица, голема атрактивност овде претставуаат традиционалните села со доста сочуван стил и начин на живот. Особено карактеристични се селата Зрновци со убаво уреденото корито на Зрновска Река и неколкуте кафеани и продавнички покрај брегот, потоа селата Градец, Блатец, Аргулица и Радање. Во некои села сеуште може да се сретнат луѓе во традиционална носија. Доколку имате можност, би било убаво по напорното планинарење да пробате од вкусните локални специјалитети во споменатите села. Покрај навистина импресивните убавини, на планината или околу неа сеуште нема соодветни сместувачки капацитети, а загрижува и големата деградација со трасирање и поставување на макадамски патишта кон врвот Туртел или Лисец и можеби неконтролирана изградба на викендици. Како и да е, Плачковица може да ви понуди незаборавно доживување кое долго ќе се памети и одлично рекреативно планинарење по планинските била, по стрмните долини или пак движејќи се покрај каменливите речни корита со кристално бистра вода.
 

MountainMan

Активен Член
29 јануари 2013
96
151
33
K2 Pakistan
Еве јас како нов ке се приклучам во темава бидејки ова ми е хоби. Не сум алпинист но планинарење обожавам. Не сум дошол сеуште во некоја алпинистичка случка али се со свое време. Најубав врв ми е К2 (така за гледање го имам и на декстоп) неговото величество К2 мн повеќе респект му давам отколку на Монт Еверест. Омилен врв и моја желба за искачување во иднина, здравје ми е Мон Блан (4808м)... тоа ми е финишот ништо повеќе од тоа :) .. Има ли некои од форумов што активно се бави со спортов?? Да сподели некое искуство некоја интересна/страшна случка во која се нашол итн ..? Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Kitty