1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Планини, врвови, алпинизам

Дискусија во форумот 'Географија' започната од Kitty, 29 март 2012.

  1. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
  2. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    и уште една....(happy)
    [​IMG]
     
    На foREVer му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Уф уф како би сакал да живеам овде, и да си уживам со ништо и никој да не ме замара.
     
  4. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    и јасс(nod)
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    5-те најопасни планини (планински врвови) во светот
    Голем број на планинари кои се искачиле на највисоките врвови на светот, се согласуваат дека подолу наведените 5 планини односно врвови се меѓу најубавите и најпривлечните, но во исто време и меѓу најопасните и најсмртоносните. За убавината доволно говорат величествените фотграфии, а дека се опасни и смртоносни покажува фактот што на нив стотици планинари ги оставиле своите животи, обидувајќи се да ги искачат.
    1. К2 (8611 м) на границата помеѓу Пакистан и Кина
    [​IMG]Според височината, К2 кој се издига на планинската верига Каракорум е вториот највисок врв на светот (по Монт Еверест, 8848 м), но е далеку потежок за искачување во однос на Монт Еверест. Всушност, планинарите сеуште се во дилема кој е поопасен и посмртоносен – дали врвот К2 или пак Анапурна (8091 м) во Непал. Сепак, К2 главно се смета за технички многу потежок и пострмен, а Анапурна за посмртоносна. К2 го доби епитетот „убиец на жени“, бидејќи од 6 планинарки кои се обиделе да се искачат, само за една – од Шпанија тоа било успешно, а останатите го загубиле животот. До сега на К2 се искачиле 302 планинари (во однос на 2700 кои се искачиле на Монт Еверест), а настрадале дури 80. Најстрашните трагедии се случиле во 1986 година кога настрадале 13 планинари и во 2008 година кога животот го загубиле 11 луѓе, најголем дел од нив паѓајќи во длабока провалија. Застрашувачкиот изглед кој го има овој врв во вид на стрмната, заледена и карпеста пирамида, како и неговата репутација, била причина за повеќе серии, филмови, репортажи и документарни емисии за К2.
    2. Анапурна (8091 м) во Непал
    [​IMG]Иако е значително пониска од Монт Еверест (8848 м) и од К2 (8611 м), многумина Анапурна ја сметаат за најопасна и најсмртоносна планина во светот, бидејќи над 40% од планинарите кои се обиделе да ја искачат, ги изгубиле своите животи. Дури и патиштата до базниот камп во подножјето на планината се многу ризични и опасни. Така, патот помеѓу местата Марпа и Татопани се смета за најопасен во светот. Шумите во понискиот дел на планината кријат многу мечки, леопарди, отровни змии, па дури и тигри. Лавини, одрони и свлечишта се многу честа појава, особено во пролет. Затоа не е ни чудно што Анапурна од 1950 година (кога за прв пат била искачена) до денес ја освоиле само 130 планинари, а дури 53 загинале.
    3. Нанга Парбат (8125 м) во Пакистан
    [​IMG]Оваа 9-та по височина планина во светот чие име на Хинду јазикот означува „гола планина“, исто така е позната како многу опасна и тешка за качување. Особено стрмна и опасна е јужната страна која во должина од 10 км се издига за дури 4600 м! Затоа не е ни чудно што во жаргонот на алпинистите се нарекува „планина убиец“ бидејќи од околу 270 планинари кои се упатиле кон врвот на планината, 61 не преживеале. Така, лавините, мразот, смрзнатините биле причина да загинат дури 31 членови на две големи германски експедици во 1934 и 1937 година. При тоа, само во текот на втората експедиција од 1937 година, во еден ден од лавина загинале 16 искусни планинари, што е најголема трагедија од таков тип. Интересно е што во 2005 година, познатиот словенечки алпинист Томаж Хумар сам бил заглавен цели 6 дена на 5900 м на оваа планина, но за среќа пред крајот на своите сили случајно бил здогледан и спасен од пакистански хеликоптер.
    4. Кангченјунга (8586 м) на границата помеѓу Индија и Непал
    [​IMG]Тоа е трета по височина планина во светот, по Монт Еверест и К2, а името на непалски значи „петте снежни богатства“, бидејќи се состои од 5 врва, секој повисок од 8450 м. До 1852 година се верувало дека всушност Кангченјунга е највисоката планина во светот. Од тогаш, до првото успешно искачување во 1955 година, поминале цели 103 години по многубројни неуспешни и трагични обиди. Инаку оваа планина е доста оддалечена од цивилизацијата и од поголеми градови или поважни патишта, заради што сеуште е „изворно сочувана“ во сета своја убавина и дивина. Сепак, во последните години е зголемен интересот за искачување, но и покрај најсовремената опрема, стапката на смртност на планинарите е околу 22%. Главни причини за трагедиите се честите лавини, силните ветрови, недостатокот на кислород во „зоната на смртта“ (над 8000 м) и други.
    5. Монт Еверест (8848 м), Непал
    Највисоката планина, поточно највисокиот врв во светот, секако спаѓа и меѓу најтешките и најопасните за искачување. Без оглед што техниките и сигурноста во искачувањето се многу [​IMG]подобрени, а самото искачување има релативно долга традиција, овде речиси секоја година неколку планинари ги оставаат своите животи. Од 1953 година кога за прв пат Едмунд Хилари го освои Монт Еверест, до 2010 година, за „Покривот на Светот“ се жртвувале 216 луѓе, помеѓу кои и Диме Илиевски Мурато – првиот македонец кој се искачил на овој врв, но не успеал да се врати назад. Најстрашниот инцидент се случил во 1996 година, кога како последица на големо снежно невреме, за еден ден загинаа дури 8 алпинисти. Голем дел од несреќите настануваат во „зоната на смртта“ над 8000 метри, каде нема доволно кислород, а воздушниот притисок е многу низок. Поради тоа, дишењето е многу отежнато, а висинската болест предизвикува вртоглавица, повраќање, поспаност, малаксаност, во потешки случаи безсознание и смрт. Уште повеќе ако се има во предвид дека над 8000 м температурите се далеку под нулата, а често беснеат и силни ветрови или снежни бури. Сепак и покрај ризиците, се повеќе планинари се обидуваат да го искачат Монт Еверест без резервен кислород, а од највисокиот камп (на околу 8000 м) до врвот и назад имаат на располагање само неколку часа. Интересно е што овој врв денес важи и за најскап за искачување, бидејќи целата експедиција (со придружба, логистика, помош од шерпаси, опрема и слично) во организација на непалските агенции чини од 20-30 илјади долари!
     
    На Kitty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    НЕОТКРИЕНА ПЛАНИНСКА УБАВИНА НА СЕВЕРОИСТОКОТ НА МАКЕДОНИЈА
    Поради положбата во однос на останатиот дел од Македонија, планините Козјак, Герман и Билино кои се протегаат покрај самата граница со Србија се многу слабо посетени. Меѓутоа, интересниот релјеф со бројните атрактивни форми, пријатната клима, чистиот воздух, многуте рекички со брзаци, слапови и мали водопади, природната вегетација и културно-историските споменици претставуваат доволен мотив да се прошета по овие планини.

    [​IMG]

    Планината Козјак е средно висока планина со лачно протегање, од границата со Србија кон југоисток. Највисок врв е Перен, 1326 м, а неколку други се повисоки од 1000 м од кои посебно впечатлив е врвот Вирови (1283 м) чија јужна страна е каменлива и стрмно паѓа кон долината на реката Бистрица. Има долго, заоблено било кое се протега во должина од 16 км. Јужниот дел е интересен по остатоците на вулкански релјеф во вид на бројни конусни возвишенија и вулкански карпи. Овде, во близина на с. Страцин кај локалноста Плоче има ретка појава на басенчиња издлабени во хоризонтални вулкански карпи. Басенчињата во врнежлив период се исполнети со вода, во која се среќава многу редок вид ракчиња. Многу интересни се и двете природни езерца во близина на манастирот Карпино, речиси на самиот водораздел на планината, околу 5 км на северозапад од Страцин. Тие се долги по околу 100 м, исполнети со барска вегетација и со интересен растителен и животински свет. По својата положба, начин на постанок, по живиот свет, овие езерца се навистина уникатни. Од вулканските врвови секако многу интересен е Татиќев Камен во западниот дел на планината, со веќе далеку познатата мегалитска опсерваторија Кокино. Инаку, климата на планината Козјак е умерено-континентална, релативно топла и сува.

    [​IMG]


    По падините се спуштаат „слаби“ рекички и потоци (особено на запад – кон Пчиња), а поради падот на нив има бројни брзаци и помали водопади (особено на реката Бистрица). Западниот дел од планината е под тревна вегетација и мала површина под шуми. Во повисокиот, шумовит дел на планината кон Герман, има разновиден животински свет: волци, диви свињи, лисици, зајаци, разни видови на птици и слично. Освен манастирот Карпино со своите прекрасни вредности, на Козјак и во неговото подножје има повеќе други манастири, цркви, а на западната страна во близина е и музејскиот и спортско-рекреативниот комплекс Асном. Всушност, планината Козјак нуди најразлични можност за рекреативно планинарење, набљудување, лов, планински велосипедизам, излетнички посети и едноставно уживање во природата. Најлесно се доаѓа преку магистралниот пат Куманово-Крива Паланка (кај с. Страцин; 30 км), потоа преку патот Куманово-с. Пелинце (25 км) или преку асфалтните патишта за с. Арбанашко, односно за с. Бајловце. На било кој начин, од Куманово се стигнува за околу половина час, а од Скопје за околу еден час.

    [​IMG]


    Герман и Билино се средно високи планини северно од с. Ранковце и Крива Паланка, до границата со Србија. Се протегаат лачно кон североисток, преку 26 км долго, заоблено и широко планинско било. Западниот, понизок дел е познат како Герман, со највисок врв Модра Глава (1390 м), а источниот повисок дел се нарекува Билино (највисок врв Чупино Брдо, 1703 м), иако двата дела не се јасно одвоени како одделни планини. Пространото, зарамнето било и врвовите на него се одлични за ненапорно, рекреативно планинарење и трекинг, а воедно даваат можности за панорамско набљудување. На Билино, кај месноста Градечки Чуки северно од Крива Паланка има интересни остатоци од некогашен вулканизам во вид на мали купести возвишенија, скаменети лавични текови, туфови и сл. Од речните долини овде особено е значајна тесната, наместа кањонеста долина на Радибушка Река (од која се формира Ранковачка Река), која е длабоко всечена во јужните страни на Герман. На реката и нејзините притоки има 5 водопади високи од 3-8 м. На северната страна пак кон границата со Србија се длабоко всечените долини на Козједолска и Лесничка Река, со бројни брзаци и помали водопади. Инаку, климата на овој простор е континентална до планинска, свежа и релативно влажна. Има голем број на извори, потоци и реки кои течат кон Крива Река на југ и Пчиња на север. Растителниот и животинскиот свет се доста разновидни.

    [​IMG]


    Планините се погодни за рекреативно планинарење, панорамско разгледување од повисоките врвови, пешачење, планински велосипедизам, џип сафари, лов и др. До планината Герман или до Билино, наједноставно се стигнува преку магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, при што кај с. Ранковце се свртува по локален пат за с. Герман, или пак кај Крива Паланка се оди на север по многу интересен и живописен асфалтен пат кој води до с. Огут на граница со Србија. Уште една можност е да се пристигне преку не помалку живописниот пат од Крива Паланка до с. Луке, а од тука кон врвовите на шумовитата планина Билино.

    Козјак, Герман и Билино се питоми планини, лесно достапни по асфалтни, а потоа макадамски патишта и планински, шумски или велосипедски (маунтбајк) патеки. Најубав период за посета е во месеците април и мај, кога природата е раззеленета, а потоците и рекичките полни со вода. На враќање пак од планинарската или излетничка авантура, може да се посетат неколкуте угостителски објекти како рибникот во с. Гиновце, комплексот Визиана кај с. Клечовце, Етно село кај с. Војник или едноставно да уживате во природен пикник-амбиент покрај езерото Отошница (кај истоименото село) или кај комплексот Асном и спортско-рекреативниот центар кај с. Пелинце.
     
    На Kitty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Витоша е висока планина во Бугариjа, во непосредна близина на бугарската метропола Софија. Највисок врв е Црни врв со 2290 m надморска височина.

    800px-Sofia-vitosha-kempinski.jpg

    На 1.800 м.надморска висина и на само 10 км од Софија се наоѓа највисокиот ски ресорт во Бугарија – ВИТОША. Во зима одлично место за скијање а во лето за пешачење. Планината Витоша е позната и по најдолгата пештера во Бугарија – “Духлата“ која е еден вистински лавиринт од 17,5 км голжина. Витоша нуди одлични услови за зимски спортови – 6 ски патеки со различна тежина и должина, ски лифтови, гондола лифт кој поаѓа од периферијата на Софија и води се до врвот на планината во близина на Алеко шалет. Има одлични услови за слалом и “cross-country skiing“ како и за пешачење низ планината. Туристите можат да изнајмат или купат ски опрема како и да изнајмат висококвалификувани ски инструктори. За време на зимскиот период и за време на викендите Витоша е преполна со гости. Ски сезоната овде трае 120 дена, температурите се околу 6 °C под нула. Од Софија до Витоша се стигнува за само 10-тина минути со кола или автобус – автобуските линии се фреквентни во текот на зимската сезона и водат до неколку точки на Витоша.
     
    На Kitty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Љулин е планина во Западна Бугарија. Планината се наоѓа на 5 км југозападно од главниот град Софија. Нејзината највисока точка е врвот Дупевица, кој е висок 1256 метри надморска височина. Љулин е одделена од планината Витошасо Владајскиот премин, каде тече Владајската река. Геолошки, Љулин е дел од Софиското средногорие.

    Бучинскиот премин ја дели планината Љулин на два дела — западен и источен. Источниот дел на планината е повисок и на него се наоѓа нејзиниот првенец - врвот Дупевица. Блиску до него се наоѓа интересното место Добринова карпа која претставува вертикална карпа од која се може да се види панорамски поглед на главниот град Софија, гратчето Банкја и на соседната планина Витоша. Во северното подножје на планината се наоѓаат софиските населби Мало Бучино и Банкја, а во јужната — Књажево и Владаја, а во источното — Горна Бања.

    Љулин е лесно достапна планина. Има добро обележани пешачки патеки. На планината се наоѓат бунгаловите „Љулин“ (1040 м) и „Бонсови ливади“. Во западниот дел на планината е Дивотинскиoт манастир, а во северниот урнатините на стариот манастир „Св. Крал“ (Св. Кирил и Методиј). На врвот Рајловско градиште има остатоци од тврдината на Кракра Пернички. По јужните падини на Љулин се изградени неколку санаториуми за белодробни и други заболувања.

    800px-Lyulin-Mountain.jpg
     
    На Kitty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vmx

    vmx Нов член

    Зачленет на:
    20 мај 2012
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    4
    Планина е права ствар, за тотално кулирање, мир, тишина, оставање на секојдневните проблеми на страна. На годинашнава агенда ми се повеќе мак. планински врвови за освојување. :)
     
    На Kitty, Marick14 и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  10. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079

    Шар Планина
    или скратено Шара е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на републиката, на границите со Косово и Албанија.
    Самата планина зафаќа повшрина од 1600 km. 56,25% од самиот масив ѝ припаѓа на Република Македонија, 43,12% на Србија, односно Косово, а додека останатиот дел од 0,63% на Албанија. Нејзината должина изнесува 80 km, а широчината од 10 до 25 km. Пространото планинско било го сочинуваат две големи и пространи висорамнини - Враца и Рудока.

    Шар Планина се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток - запад – југозапад во должина од 76 km. Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад - надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска Бистрица и нејзината долина, и жупите Гора и Опоље во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа. Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 km, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1600 km2. Шарпланинското било е благо наведнато, заокружено, добар дел рамно, а понекаде и слегнато. Гледано од рамнината, Шар Планина има изглед на питома, лесно браносана планина, со средна висина. Меѓутоа, сепак, таа е релативно висока планина, која освен со чудесните богатства кои ги поседува, таа привлекува и со грамадноста на својата маса. Општиот изглед на Шара најсилно е изразен од југоисточната страна, каде што над тетовската котлина планината се издига до релативна височина од 2125 m. Врвот Љуботен зазема најистакната положба на целото шарпланинско било, а највисок е врвот Титов Врв – 2748 m. Таа припаѓа на областа која е наречена токму по неа – Шарската област, и тоа во внатрешната зона (во која уште влегуваат планините: Бистра, Стогово, Караорман и Галичица). 56,25% од самиот масив и припаѓа на Република Македонија, 43.12% на Србија, односно Косово, а додека останатиот дел од само 0,63% на Албанија.
     

    Прикачени податотеки:

Сподели: