Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Јас... јас не сум ја знаела вистинската болка до сега. Неметафорична, безепитетна, чиста, проѕирна болка. Ми ги отежнува чекорите, ми ги исполнува плуќите и ми го запира здивот.
Јас.. Јас никогаш не сум била подалеку од сега, од тука. Запрепастувачко е сознанието дека никогаш не сум била подалеку од самата себе.
Јас не знам каде сум, и дали воопшто ќе разберам.
Горчината во устава ми ги прекратува зборовите.
А сакам да викам, затоа што проклето боли. Замисли си, километри далеку, сам, а всушност помеѓу добро познатите 4 ѕида, на кои го знаеш секое одлупено место.
И што ако љубев, што ако правев се за љубовта, кога тоа ме прати овде.
Далеку е, заслепувачки темно е. Горчливо е, болно е, излез нема.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Далечината.... онаа што можеби би требало да ја мерам во светлосни години, те откорна тебе од нас. Од сите грешници, Божице...
Викаат, небото ги разделува облаците од земјата. Тогаш значи дека истото тоа небо не’ разделува и нас. Нели таму се вивнуваат душите кои го напуштаат овој свет?
Ако само можев да те погледнам уште еднаш, ќе знаев да ти кажам се’ што тогаш не знаев. Со рака поставена на срцето, на колена пред тебе ќе знаев да барам прошка.
Нека ме наречат лудак што ја молам месечината за твоја прошка. Нека ме наречат лудак што некогаш заминувам во спомените и несвесно го изговарам твоето име. Нека ме наречат лудак што дозволувам сеќавањето за тебе да ми ја гори кожата.
Нека ме исмејуваат, не ми е грижа. Бидејќи едно знам...
Мене ми останува само да ја проколнувам далечината безброј пати, што не ми дозволува да погледнам уште еднаш во твоите темно сини очи, и да кажам: Извини, што незнаев да бидам оној кој ти сакаше да бидам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V******, Redhead and Bibi@

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Не е прв пат да ме боли, да стегам во себе свиена како клопче во сопственото битие..
не е прв па да те нема, да те барам а место тебе, ја сретнувам само тишината, толку сила и бучна што ми смета, ме боде..
нема цел мојата солза, по моето тело, лизгава, растреперена, полека се спушта на подот..гледам пред себе, нема ништо, се чувствувам толку далечна самата од себе, не е до твојата недостижност, не е тоа таа болка.
Знам, овој пат, не се пронаоѓам себе си, лутам во просторот, лутам во мислите, нема крај..
одново и одново се сепнувам на помислата, што се случи? како успеав да се изгубам себе си, не знам повеќе што е блискост, топлина...
се изгубив како дете во лавиринт, лутајќи и трагајќи по своето ЈАС, далечината си го направи своето..
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Далечината е мојата интима. Далечен е секој поглед, секој поглед секоја водишка. Далечно е сето мое минато, кое бие под прашината на дебелите корици кое татне да биде пронајдено од некој залутан фантом како јас, па со врвот на своето битие да го врати во живот под својата закрила. Далечината е иднината. Иднина која е поразлична од ова денес. Зошто ова денес не е иднина, туку перипетие на искушенија и двоумици. Далечна е душата, некаде во микрокосмосот под ова парче кожа, лутајќи низ покаенија и чистилишта. Замавнувам но не можам да ја допрам. Зошто е блиску. А пеколно далеку. Знам дека таму , токму таму, ме чекаат сите надежи, желби и решенија и дека тупкаат во место како нестрпливо дете и чекаат да бидат ослободени од оковот на времето на моите рамена. Да, затоа ја сакам далечината. Дека далечината е дел од мене, а и јас сум далечината.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Не е редно да се смени темава веќе? Две недели како стои истата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Се сокрив во мене , не испуштам глас , се почувствував заштитен кога сум затворен во мојата кожа, заносот на тишината ме обзема и ги слушам само длабоките тонови како одекнуваат во мене , го слушам своето срце но сепак не се отворам и некажувам ништо , немам доверба во никого , едноставно исплашен од оваа бурна сегашност се сокрив во својата кожа ...