Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Јас си ја накитив елката,
и си ја замислив желбата ...
а дедо мраз нема да ми ја исполни мојата,
дека имал многу работа ...
а уствари му ја украле торбата !!! (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Magnolya, malo and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еј ти! Да, да, ти што го читаш ова! Си се запрашал ли некогаш како изгледа торбата на Дедо Мраз?
Студен е декември. Студен и мрачен. Обвиен со црн сатен, помислувам да ти ја опишам торбата. Но зборови немам. Ги загубив, откако еднаш многу одамна ја видов. Неа. Да, да неа. Во торбата. Завиткана во прекрасната насмевка на безгрижноста. Токму тогаш, во едно студено декемвриско утро. 6 дена пред Нова Година, да бидам попрецизен. Се сеќавам дури и на мирисот на снег. Не е тоа како првиот, кој срамежливо се симнува од оловното небо. Тука храбро отскокнува од небото и силно ја удира земјата. Ги притиснува гранките како да постојат само за него, да ја попримат неговата студеност... да го прегрнат. Нејзината фигура меѓу тие гранки. Нејасна на почеток, недефинирана по облик. Потоа почнува да се исцртува. Да се издвојува.... Нејзината коса лелеава од ветрот, со боја на есента. Очите кои срамежливо бараат во празно. Усните.... молчат меко подотворени. Во форма на таа проклета насмевка. Чувство на мистериозност ме обвива.
Полека... само храбро. `И подавам рака да ме допре. Да ја почувствува среќата на моето срце. Еуфоријата што се повеќе и повеќе ми влева храброст да започнам. Било што.
Да, да љубов. Тоа е тој мирис, електрицитет, кога за прв пат ја видов неа. Во торбата на Дедо Мраз.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Ах ти торбо Дедомразовска ! Ако имаш магија направи да нема гладни, боси, жедни ,болни.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Беше навистина возбуден, срцето му чукаше силно чиниш ке му излезе од градите. Не мислеше на студот, на болката во неговите мали и премрзнати рачиња, на црвеното влажно носе. Иташе нагоре низ улицата држејки ја мајка си за рака и постојано прашуваше уште колку пат има...
За прв пат чекореше по таа улица. Се беше шарено и светло... волшебна улица, така мислеше тој...
Најпосле стигнаа. Неговата мајка внимателно го препрочитуваше она што беше напишано на малиот лист хартија, се плашеше да не ја погреши адресата, а тој нестрпливо подскокнуваше, му се пристори дека чека цела вечност.
Се отвори волшебната порта. Некој чуден старец им го покажа патот кон волшебната соба, а во таа соба имаше најразлични волшебства кои му го одвлекуваа вниманието. Неговата мајка ја испушти неговата мала рака и се упати кон старицата која удобно си седеше во својата фотелја и воопшто не им обрнуваше внимание. Ја гледаше мајка му како со наведната глава, вкочането, згрбавено се приближуваше кон старицата. Се мачеше да изговори нешто, едвај можеше да зборува...
Сакаше да ја прегрне, да и каже нешто, било што, но во тој момент го здогледа најубавото нешто што го видел дотогаш - елката која стоеше во центарот на собата. Седна покрај неа, внимателно ја разгледа од сите страни, се воодушевуваше на нејзините бои, на најразличните форми на лампиони... мечтаеше, копнееше... Ја гледаше таа убавина и тонеше во нејзе, патуваше на најразлични места, му се пристори дека вкуси најубави вкусови... Пресреќен скокна во скутот на својата мајка и на сиот глас ја праша ``мамичке, дали кога би имал ваква елка Дедо Мраз ке ми носи поголеми паќетчиња, со многу, многу слатки, со многу играчки... мамо кога ќе имаме ваква елка?`` Мајката ја наведна главата, толку многу се подгрбави што му се пристори дека ке падне. Забележа дека таа чека одговор од старицата. Не му беше јасно, ништо не можеше да разбере... Старицата направи чудна гримаса, воздивна како нејзе да и е потешко. Неговите мали и сјани очиња тогаш за прв пат ја видоа торбата на Дедо Мраз, но таа не беше шарена, не беше обоена во најубави бои, не беше преполна со најубави вкусови, не беше сјајна и волшебна... Таа торба беше темна и горчлива. Таа торба се надвисна над него и неговата кутра мајка како црна дупка која се токмеше да ги проголта како што им ја проголта гордоста, достоинството... како што им ги проголта и последната трошка надеж и верба... Тој само гледаше во збрчканата рака на грдата старица која полека се протна во волшебната торба скриена во шарениот фустан, во раката која извади неколку шарени хартии и ги фрли на масичката пред неговата мајка...
Во таа торба немаше љубов. Во таа торба имаше само милостина која тежеше толку многу што тој и неговата мајка долго го носеа тој товар...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Saladin

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Гледам дека насловот сеуште не е променет, да пишуваме на темата ``далечина`` или...?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
и jас прашувам, ќе се промени насловот или да си пишуваме?
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Кога поставувате нова тема тагнете ме за веднаш да ја сменам темата.:)