Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Слушни ја тишината. Те гледам во мислите. Се сеќаваш како долго говоревме, како заедно солзевме на стихови, песни под небото надвишнато над нас?
Погледни го сонцето. Цела топлина ја носеше ти во себе. Се радуваше на мојата насмевка. Се плашиш дека те посакувам љубовно. Не се плаши, љубовното одамна помина, некаде е закопано во земјата и никогаш нема да ја види светлината.
Слушни ја тишината. Таа тишина не раздвојува и не турка по нашите патишта. И тогаш премолченото говори и како сабја кине од спомените и остануваат помени. Не ме повредувај! Јас ништо не барам од тебе. Ништо не ми е потребно.
Мојата глава потпрена на твоето рамо беше претешка од мисли. И една прегратка те заробуваше. Прости , животот беше полесен со тебе.
Тогаш кога зборовите се сувишни тишината најгласно зборува. Молчи,што и да кажеш не се разбираме. Ти секогаш ќе мислиш дека си во право, а јас вината ќе ја поделам подеднакво на обајцата.
Слушни ја мојата тишина. Во неа ќе ги слушнеш најубавите звуци кои душата ги испушта. Затвори ги очите, послушај. Немеам, венеам, преминувам во тишина. Тишина и темнина. Кога зборовите немаат значење, кога очите се разминуваат , токму тогаш тишината најгласно говори...
 
Последна промена:

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
,,Немој да бледнееш и погледни ја месечината’’ – да можев да ти проговорам пред прерано да заминеш во вековина. Божицата на спокојот и вечерва не ни е наклонета, забележувам. Ти прекриј ги жеглите и свили се под телесна голотија додека продолжуваш нечујно. Добра ноќ и патувај спокојно. Продолжи низ привременото отсуство од животната река. Само понекогаш, сосема на кратко и на сон да се вратиш, кога од ѕвездени боцки те оттргнувам. Те влечкам и разграбувам, за врз згужвани чаршави што голи страсти потат да можеш да ме посетуваш. Не сакам да те брзам, читај ме пополека.
Оџаци вечерва в мрамор ме задскриваат од месечева ластика, растегната над анскиозни плетенки црна коса. Вдишувам и молкно коленичам во средина, додека зачадени ѕидови години поминати ми развикуваат. Тишина. Само водени капки расквасуваат арии в мрачила. Расфрлив петролејни легени низ одајава за дождовница да собираат. Дождовница, за душа од жед најдојдена да згаснам. Повторно усти во тишина ме жежат како потпечена лута пиперка. Немој да раслистувате, немо ги прекорувам. Немојте, зошто кобни шумови ме крадат додека крцкаат пенџериња
Молкнете - им велам.
Молкнете.
Стапала кршни - расцутете, а вие клепки, под затворени капаци да чмаете вечно да закоравам тука до железава. Сакам само времето да ми се разбранува во папочнава остава како љубовна гасеница. Сега и тука, сама, јас само в тишина си припаѓам.

Се губам во обидите да ја спрепелкам ноќта во молчалива соната. Вкочането лежам и ја величам нејзината злокобна големина. Панични напади ми ја затресуваат слезинката додека в забрзано оро ги вплеувам дишките и ги издишувам. А месечината ми се подбива како поднапиена блудница без ниту трошка сеќавање на денешницава што ме одминува. Почнувам да исчезнувам. Зар сите бледнееме вака, се прашувам. Се губам и наизменично се појавувам. Срцеви чукања пробуваат да излезат од дробни зандани. А и никогаш не ги надминав само ги исклучувам надвор пред да станат мисла. Гледам, душава ми останала плашлива како срнечка мекушлина. Студено е ноќва додека гласови загушени со налудничави врелини ме покриваат.

,,Погледни во месечината додека бледнеам” повторно ти велам. Тишината најгласно ми говори за секој касај што го подголтнувам и ме задушува додека немо го премолчувам и него во тишина.
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Koga ke se sretnat pogledite....koga mornici polazuvaat po teloto....koga cuvstvuvas deka seta toplina e sobrana vo tvoeto srce......sto e vazno sto ustata ne progovoruva.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Гласно е срцето,
кое молчи,
жедно за љубов,
со години без срам,
те посакува,
и чезнее да ти каже,
се што не може,
во очај и тага,
која ме дели,
од себе,
од тебе,
од нашата балада,
среќна без љубов,
без сон,
во кој ме забораваш,
темна и длабока,
во тајната,
на мојот бол,
кој голта сеќавања,
без нас,
без ѕвезди,
кои умираат дождовно,
толку често,
без гордост и јас,
за нас,
во кое времето,
е прашина,
бесмртна,
во ѕуницата,
нема и светла,
што живот налева,
таму,
каде нас не векува,
нечујна бол твоја,
што некогаш беше моја.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Слушни ја тишината,
пред денот осуден,
од твојата глад,
до крај,
до работ на твојата слобода,
постои,
распослана по црни чаршави,
испотена,
од жештината на синиот блуз,
отклучена преку очите,
во градите,
се губи,
заклучена во себе,
лесно жиевам во неа,
дали и ти?
осамен сум во неа,
дали си и ти?
ја допирам со росата на прстиве,
мирисајќи го утринскиот поветерец,
натопен од птичјиот крик,
и се уште сум осамен,
мислев жив сум,
слушам гласови,
бучни,
на души загубени,
побединици,
во новото време,
и повторно е исто,
срцето,
чука осамено,
отчукувањата му се добро друштво,
во небото од тишина,
ги губи и телото и духот,
одамна немам слушнато,
насмевка во утрото,
и во тоа пред него и после него,
те допирам во мислите,
мислев нем сум,
можеш ли да ме слушнеш?
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Погледни немо
во таа небеска широчина
каде месечевата светлина
во ноќта испарува
а капки дождовни
соништа измиваат,
избриши
утринска роса
врз лице распослана,
тага што оддава,
бол до бол,
до недоглед,
сурово налеваш,
а самиот си,
осаменост,
која е присутна,
допира во коските,
живи рани отвара,
за навек,
гордост проклета,
не гледаш знам
но слушај,
само молчи
и слушај
зборови неизустени
во тишината,
погласно говори и од мене,
поинаква е зарем не гледаш?
почувствителна,
поосетлива,
здивот мој е прегласен во неа,
скршени звуци составува,
креирајќи тажна симфонија,
во која сме залез,
сончевен,
згаснат во очите
чија боја,
ја промени засекогаш.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Зарем ќе ги разбереш моите зборови ако не ја разбереш тишината?
Ми постана друшка.
Сестра.
Мајка.
Некогаш бегав од неа,па почнав да ја разбирам.
Говори таа.
Така и јас.
Чинам се претворив во тишина.
И очекувам да ја разбереш.
Сето она некажаното.
Неизустеното.
Непрошепотеното.
Прекршена од звукот на чукањето на срцето,
прозлезен од твојата силуета во моја близина.
Опасност!!
Продираат твоите очи до дното на душава ме разголуваат спуштајќи ми ги сите маски,
ќе знаеш која сум.
Ќе знаеш колку е темно се во мене.
Ќе знаеш дека стравот е мојата заштита..од тебе,од близина,од светот.
Го затскривам погледот и ја слушам тишината,
очекувајќи разбирање од тебе.
За немоќта која владее во мене.
Чинам ме знаеш.
Долго.
Предолго.
Ја слушаш ли?
Колку е гласна?