Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Честитки до @maja-maja . Би те замолила да ни ја пишеш следната тема. :sreken
Незнам какви се правилата но и јас и ти имаме ист број гласови, и тогаш победата е заедничка, не е моја.Јас предлагам да дадеме еден наслов во два дела и двете.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Бев капка роса во утрото наречено живот. Бев девојка а сеуште само искрено дете.Таа која мислеше дека животот има логика и љубовта секогаш оди со љубов, искреноста со искреност и насмевката без солзи.
Беше сон кој во реалноста тогаш ми се случуваше. Ми беше се во тие убави млади години. Едноставно беше машка верзија на мене. Доволно ми беше само да те допрам и целиот свет да имаше друга димензија. Само од тебе посакав да имам деца, и од никој друг , ниту пред тоа ниту потоа.
Те видов со ореол, видов светлина. Сеуште се смееш за ореолот.Се ти поклонив за еден живот.Животот ти го подарив, и љубов и солзи и тага .
Бевме ние, јас секогаш се трудев да бидеме ние. Се издигав , паѓав, повторно станував и чекорев. Прво зборував, потоа ти пишував писма кои не ги читаше зашто беа глупи според тебе. На крај молчев. Тишина . Тишина која траеше со години и која ја слушав секој ден и ја разбирав. Потоа дојдоа години на глувци, кога обајцата се криевме да не си погледневме во очи и затоа што така беше полесно. Бевме се , освен ние.
Потоа се прашував дали некогаш бевме ние или само беше моја фантазија.
Сега , не сум ни јас -јас, ниту ти си -ти, ниту ние сме ние. Изгубени во еден живот кој требаше да биде наш.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Па и нема некои правила.
Според мене темата е преубава, и доколку се согласуваш ти да остане таква би било супер. :)
Јас ја сфатив Маја дека почна со
Бев, беше, некогаш ние...
а ти требаше да ја дополниш во насловот. Ама интересно излезе за секој случај.
Јас предлагам да дадеме еден наслов во два дела
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Грабни ги овие скаменети крилја. Еднаш, беа во боја. Црвената темперна засушила, а векови тежат врз плеќи полни суетна приказна. Сите огледала ме потсетуваат на мојата лика. Нагрубена, остра и помалку искасана од временска тежина. Гледам и се чудам. Очи блеснале во бисерни сивила бегајќи од несфатливоста на ендемско постоење. Коси се стуткале и смрсиле. А бев јадра и послушна, си велам.

Ме фаќа панична опсада дека некогаш бевме. Знаеш, бевме во боја. Бевме далечина што љуби во спокој. Сега в спокојна молитва те потонувам и се' помалку ја вдишувам. Го слушам времето како ми вриска под скамнати нокти. Време е одново да тргнеш а јас да не сакам да те пуштам. Запали свеќа и избркај ги в темнина зборовите од овој монолог што ме истоштува. Не сум убава глетка. Преброј ги алтаните и продади ги тие крилја во боја. Некаде таму, во твојата самотна иднина кога души како капачки ќе се спојуваат. Јас тука ќе бидам. Остави ме сега додека помирливи клопотарци ми ѕвонат и нежни кандила ме греат. Многу скоро ќе замрам в мермери и загноени спомени кои во душевен неспокој ме движат.
...
Децении подоцна, повторно низ зачадени ноздри и паралелни светови ќе те барам. Низ жртвен амин те шепотам. Ќе те барам и ќе ми недостигаш.
И сега те барам.
Бевме и ми недостигаш.
Некогаш ..Ние ...
Низ взаемни одишки во недозорени утра што еднаш спомени ќе бојат.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ние,
се родивме,
во една задоцнета есен,
ги паметам сите бразди на твоите образи,
создадени од твојата насмевка,
те насмевнував несебично,
за да те врежам длабоко,
во коските,
како да знаев,
дека убавината е сокриена,
во иднината на нашето непостоење,
онаа во која си ми во мислите,
во кои танцуваш,
љубовно,
безгрижно,
мечтаејќи пред сонот,
и првото отворање на капаците,
твојот мирис беше насекаде,
ги отворав прозорците ширум и чезнеев милно,
во тие бранови,
од морето врз небото распослани,
како што сакаше да ги милуваш дланкиве,
ден за ден,
чиниш дека е последен,
како згаснуваа лисјата од дрвата,
ко светулки во темница,
така бевме се поразнобојни,
бевме пробојни,
зраци од сонце,
моќна светлина,
радости на земјата,
и првите бакнежи со првите снегулки,
се топеа таму каде ни се допираа усните,
спокојно знаејќи каде припаѓаат,
не сокривав тајни,
кршеше златници,
бевме гладни и жедни,
купувавме стихови,
ги продававме еден на друг,
во тоа наше време,
и сега,
спомени,
осамнуваат таму каде погледот зарива,
каде мораше да заминеш,
и само некогаш,
навраќаш да ги натопиш очиве,
да ме потсетиш дека постоиш некаде,
и сведочиш за нашата приказна,
раскажувајќи за цутот на пролетта,
кој не го дочекавме никогаш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Prashina