Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ти дадов се, исфрлив се од моево тело...
сама, ни капка срамен дожд да не допре до мене, ни капка...
се ми зеде, гола тронка љубов ми остави на врата...се посегнав да земам, но не, немав со што...
забораваш дека се ми зеде...
ме соголи, ме остави на милост и немилост на внатрешната болка која ме јаде, просто гризе, гребе за да излезе..
но не, ти ни тоа не ми го остави...да почувствувам болка, јад...
замина како ветер, само те осетив на моите голи гради, како струја која ме продрма и ме врати во реалноста..
Каде што соголена се разбудив во мојот кревет гледајќи празно во твојата слика, сфатив беше само сон...
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ке оди да го посети. Ке оди за последен пат. Ке ја сокрие сета своја гордост, ке ја стутка вешто помеѓу сите сокриени емоции и чувства... нема да тагува, не тагувала никогаш, не пред него... не и пред него...
``И ти знаеш`` промрморува тивко додека празно гледа во сенките на сивиот мермер...
Одложува, ке оди утре.
Се обидува да дише длабоко и смирено, да заспие... Неможе да спие...
Го замислува, сака да се присети на неговото лице, се и е како низ магла... Препознава само една бледа силуета на висок и силен маж со кожа потемнета од силното летно сонце.
...И надоаѓа мирис на свежо искосена трева. Силно воздивнува, вдишува длабоко и затворајки ги очите, потонува во занесен сон. Таа повторно трча кон него со раширени раце. Му се припива на едната нога и го стега силно, силно за никогаш да не ја напушти...
... или ...
...Додека го држи за рака ја споредува големината на неговата со нејзината дланка. ``Трипати поголема`` забележува. Тој е нејзиниот херој. Доволно е голем и силен... Тој е нејзиното засолниште, нејзината потпора...
Утро е.
...Ја допира штотуку испегланата облека, го допива утриското кафе. Внимателно ја разгледува собата и погледот и запира крај часовникот на ѕидот. Ритамот на сказалките полека и ги затвора очите... ја лазат морници... тоне... сонува...
Таа повторно трча кон него со раширени раце. Му се припива на едната нога и го стега силно, силно за никогаш да не ја напушти, но тој не запира, чекори кон неповрат, ја турка безмилосно и силно на мокриот песок. Таа останува да лежи... замислува дека е мртва. Го запира здивот, не дише...
...или...
...Додека го држи за рака ја споредува големината на неговата со нејзината дланка. ``Трипати поголема`` забележува. Тој е нејзиниот херој. Доволно е голем и силен... Тој е нејзиното засолниште, нејзината потпора... Тој не и ја стега раката како што таа посакува, ја испушта... Вратата се отвора и затвора после него...
Ноќта е темна и студена. Нејзиниот поглед сеуште е вперен кон таа врата. Силно ги напрега ушите, го следи секој шум... Таа врата никогаш повторно не се отвори.
Ке оди утре.
..........................................................
Веке е пладне. Старецот полека излегува од својата мала соба и влечкајки ги нозете полека една по друга, немоќно воздивнува и конечно успева да седне на старата столица во дворот. На масата го чека веке одамна изладеното утринско, горчливо кафе и внимателно подготвениот појадок. Не сака да јаде. Се напива голтка од кафето и прави незадоволна гримаса. Чека... Најпосле наслушнува чекори, ``Колку е часот`` прашува...
... ``Нема да дојде. Нема да дојде денес``
Влегува во собичката и гневно се фрла на стариот кревет. Сонува...
..........................................................
``Добар ден. Да јас сум, но господине вие најверојатно сте го погрешиле бројот... мојот татко одамна умре, умре, умре, умрееее`` Го прекинува разговорот... Го покрива лицето со растреперените дланки... ``Ке дојдам утре тато, сакам да дојдам... Но која сум јас? Која маска треба да ја симнам за повторно да бидам твојата мала ќеркичка? Ми требаш ли? Те мразам ли? Зарем можам да ја соголам мојава душа пред тебе и зарем можам да ти кажам дека те мразам... зарем можам да ти кажам дека ми требаш?``
...........................................................
Неможе да издржи... се врти на другата страна, ја подига главата и вика... најпосле од некаде се појави една испружена дланка и му го подаде телефонот кој го посака...
Плаче... ја очекуваше денес... ја очекуваше вчера... ја чека веќе со години секој ден... се надева, ке се надева се дури дише... ``Знам дека ке дојдеш. Знам дека сакаш да дојдеш. Но кој сум јас? Што ке ти кажам кога ке те видам? Која ли маска треба да ја симнам за повторно да бидам твојот херој, твоето засолниште, твојата потпора... Ме мразиш ли? Ти требам ли? Зарем можам да ја соголам мојава душа пред тебе и да ти кажам дека знам колку ме мразиш... зарем можам да ти кажам дека знам колку ти требам?``
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Боли. Знам дека боли. Суетата тивко ја распарува тишината на мојата душа. Конец по конец. Плетка по плетка. Кога е бесна и пргава, а ја убедував да остане трпелива.

Студи. Премногу студи. Мразни снегулки се лепат на пулсот на срцето, чиј плач кондензира на ѕидовите на моите однапред срушени сништа. Кога е уплашено и разбезумено а го преколнував да биде добро.

Tрепери..Трепери нечујно како грст од јасика. Склопчена во залезот, надежта со сета своја грациозност и скршеност. Размислувам, па така и треба. Заслужи. Ја премолував да го скине јазолот и да ми дозволи да паднам. Таа сакаше да балансира.


Се губи. Сета моја гордост. Сите мои илузии. Целиот мој свет,се кинат во вителот, партали од пепел. Соголена до срж, поткашлувам и се молам овој пат судбината да биде милостлива во сокакот зад следниот агол. Гола и искрена. Без лаги и лавиринти. А таму ме чекаш ти....
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се појавуваш во мојот живот,
туку така,од никаде..
Незнаев дека постоиш,
ниту наслутував..
не те барав,а те најдов..
Можеби дојде како одговор на моите молитви..
Можеби,незнам..
Толку далеку,а сепак толку блиску..
Непознат човеку,
ја пленуваш мојата душа
на чуден за мене непознат начин..
Ме правиш срекна,ме правиш тажна..
ме збунуваш уште повеке
во овој веке постоечки хаос на емоции..
и јасно ми го покажуваш патот кој треба да го одам..
Преку тебе се запознавам себе,
на чуден недефиниран начин..
Првпат се отворам вака,
ги симнувам мозаикот на маската
дел по дел..
ме освојуваш и оголуваш, непознат човеку...
останувам само јас,пред тебе...
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Соголени

Дрвјата од своите лисја
допрени од господарската рака на зимата.....
соголени се прстите на младиот бездомник чекорејки по студот бараајќи мисла да го згрее
Соголени Ние од тешките синџири на општествената заблуда
Соголуваше апатијата на човековите очи наоколу...
соголена земјата од грабливата рака на капитализмот ....
И мислата и духот и семето човеково
соголени , распарани , немилосрдно извалкани
сами соголени и сами оставени......
Чекореше само по студот
Човештвото !
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ти се предадов целосно.
Ми ја соголе душата.
Ладно ми е, зарем не разбираш дека смрзнувам.
Се чувствувам како заробена во коцка, очајно гребејќи по ѕидовите на твојата душа што не знам ни дали ја имаш.
Сивило. Се е безлично околу мене.
Уморна сум.
Од тебе, од нас, ако некогаш и воопшто сме постоеле.
Или се било илузија и пусти надежи.
Загубив дел од себе, некаде низ оваа игра.
Ми ја соголе душата.