1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Saladin, 4 декември 2012.

  1. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Покрај веќе постоечките теми каде тематиката е релативно константна, сметам дека би требало да имаме тема каде што темите за пишување ќе бидат поставувани во некаков временски рок. Може да речеме да биде модераторот оној кој ќе ги поставува. Или следново: да се прави еден вид на мал натпревар, да се постави темата за краток расказ, да се напише истиот, и оној кој ќе собере најмногу допаѓања, да биде „автор“ на следната. Модераторите да го менуваат насловот на темава (оној горе, зошто само тие ги имаат ингеренциите нели), поради прегледност и брза навигација на истата. Значи дајте малку креативност да ставиме на форумов, да почнеме да делиме свои креативни перцепции кон одредени теми за изразување.
    Си зедов за слобода да бидам првиот кој ќе постави наслов на тема па нека биде:
    - Соголени.
     
    На Smiley_1996, Just Perfect, True_Blood и уште 16 други им се допаѓа ова.
  2. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    Moже секоја недела или пак понеделник тие што ќе пишувате да имате спремени наслови и да менуваме јас или lady_blue.
    Сега ќе го сменам насловот Тука пишуваме на зададена тема: „Соголени“ и секоја наредна недела или друг одреден временски период да се менува.
    Се надевам ќе има доста форумџии што ќе пишуваат. :)
     
    На Just Perfect, Mistery :), melpomena и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Соголени ме асоцира на многу нешта..
    Идејава е одлична,јас сум за..
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  4. The_melnicanecot

    The_melnicanecot Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    237
    Допаѓања:
    394
    интересно, но и нека се пријави и некој лектор за да ги потсредува текстовите :))
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Само имам едно прашање.. Текстовите ќе треба да ги постираме тука или да ги праќаме на модераторите? Инаку идејата е и повеќе од прекрасна.
     
  6. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Текстовите тука. Нешто многу слично на онаа со фотографиите.
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    И кога треба да се смени темата тагнете да ај сменам темата во случај да не видам :)
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Auditore

    Auditore Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    272
    Соголени

    Беа моите погледи, беа моите гради
    беше ти до мене со разголени мисли
    чуваше место за своите јадови
    измеѓу нас криеше замок од соголени тајни
    пиеше од усните мои заведени со љубов
    ми се довери со своите прегратки
    ми даде дел од твоите страсти
    потопени во моите сни, заледени во нашите души
    ти ми даде причина да верувам во се`
    во се` што ми значеше а беше далеку од мене
    ме остави да чекорам по патека од магла
    ме остави да се родам одново ко феникс од оган
    ми даде сила да бидам сам во земја што ме јаде
    ти и твоите соголени лаги овековечени во јаве
     
    На FallenAngel, malata.., Smiley_1996 и уште 14 други им се допаѓа ова.
  9. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Се прашувам сега, веќе по толку изминато време, дали доволно те познавав... И мислите ми се навраќаат на сето она што остана неотскриено, закопчано под крутиот капут на индиферентноста... со дебелите наслојки на шминка, со насмевка од порцелан. Доволно тенок при самиот допир да пукне.
    Се плашам сето она што го градевме некогаш, кога бевме соголени во душите, кога безгрижно талкавме со мислите... Ти и јас... во светот на сето она што не би се нарекло само верба...дека ќе исчезне само за миг... како меур од сапуница. Можеби мојата соголенсот доведе кон тоа. Мојот приказ на ништожност , дека сум само обичен смртник кој безрезервно те љуби... Или пак твојата скепса во сето она што некогаш веруваше, а сега е само празен `од од една жртва кон друга. Твојата разумност.
    Проклето студи надвор, сега кога веќе не си тука. Спомените кои ме навраќаат на тоа време будат само повеќе студ, ме тераат да го облечам палтото и да заминам веќе еднаш од ова проклето студено место.
     
    На malata.., Smiley_1996, toby2 и уште 16 други им се допаѓа ова.
  10. Farfalla

    Farfalla Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    455
    Допаѓања:
    1,012
    ...Останав сама.
    Со разранета кожа, рани до коска, болка и преку нервите. Неперцептибилна.
    А студот сече како жилет, знаеш ли?
    Не тој надвор.
    Ме скамени.
    Ме остави кај крајот на сонот што го живеевме.
    Барем ме разбуди.
    Ме соголи. Ме соблече до најинтимната внатрешност.
    Ме освести, за да имам шанса да заздравам...
     
    На malata.., Smiley_1996, marjan и уште 11 други им се допаѓа ова.

Сподели: