1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Педофилија

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Electra, 3 јануари 2014.

  1. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Темава е болен, но реален дел од нашето опкружување.
    Знам дека има една тема околу тоа дали сме за или против смртна казна за овие монструми, но сакам овде да поразговараме за педофилијата како појава, причините поради кои се доаѓа до овој крајно изопачен стадиум, последиците кои ги остава кај едно дете (па и неговите блиски), како и безбедносните мерки што (не) се преземаат.

    Страшно ме иритира фактот што најкревката група во општеството - децата, се подложни на делузионални суртуци, а ни самите не се свесни за тоа. Детето е кревко, невино и наивно, па речиси и не може да разликува пријателски од задни намери, а тоа остава огромен простор за манипулација.

    Со регистарот за педофили кој се отвори пред година и нешто, бевме сведоци на една црна реалност дека дури и навидум најфиниот ни комшија би можел да се најде во овие архиви.
    Покрај секаквите небулози што ги имаме прочитано по интернет, тука е изговорот дека денешните деца биле поразвиени и тешко било да се одреди возраста. Па зарем тоа воопшто е некое оправдување?!
    А што пак со оние родители и старатели кои ги унакажуваат сопствените дечиња?
    Што потоа? Како тоа дете ќе може некому да верува и да функционира после настанот кој му го одзел детството? А, барем кај нас, се добива бедна мерка притвор од 30 дена и слобода после (максимум) 2-3 години. Не знам родителите на овие деца како се справуваат со болката и гневот, ама јас да го знам кој е, би ја презела правдата во свои раце, би пресекла и мандало и прсти, да не можат ништо да допрат, па после со задоволство сама би се пријавила поштено да си ја одлежам казната.

    Нејсе, доста за моите Вендета замисли...што вие мислите дека наведува на ваков грозоморен чин, дали постои начин да се препознаат педофилите и дали воопшто сме свесни дека ги има во огромен број?
    Побогу, зарем потребен е сексуален напад за да реагираме сожалувачки ко душебрижниците што се правиме дека сме? Зборови, брканици, влечења и пипкања се мање битни, м? Па доволно е на улица да видиме како некои зјапаат, префрлаат и се нудат на дечиња што може да им се внуци, а иритирачки е фактот што се правиме наудрени и слепи за тоа, само за да не навлегуваме во конфликти.

    Но, најбитно од сè, кога веќе не можеме да ги искорениме педофилите, како ние, како родители, роднини, познаници, па и странци, едно дете можеме да го заштитиме и подучиме самото да избегне и/или да се заштити од вакви напади и непосакувани, болни трауми?
    Слободно споделете размислувања, па и случки и приказни. Сметам дека гласно треба да се зборува за овој проблем.
     
    На Аркантос, 84 sk_Y ^_-, JaMi и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    За тија такфи оправдују нешто што ни Северна Кореа ни Хитлер не би оправдале, најстрога казна за такф болан ум.
    Тој не е ум, тој е монструм
    Само искорнување сс бетер и од смртну казну, за да се прашаф двеста пут у себе дали би напраиле такфо нешто
    Али нели психоделична болест е појјака и од реалан осет за тој што правиш и какфи су последице
    Како може да ги пали бе тој мало невино детско тело, тај чиста душа
     
    На 84 sk_Y ^_-, TheQueen, Electra и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Јас сум човек кој може да сфати се, секаде барам причини да оправдам некој чин колку и да е громореозен, ама ова не. Ова не го сметам ни за болест. Тоа се психички здрави луѓе со болни потреби, на кои треба да им се суди ван сите закони.

    Ако не подржувам смртна казна, тука со две раце потпишувам, а и не ми е проблем ни да ја извршам ни јас.
    Каков човек треба да си, какво срце да имаш за да уништиш живот на нешто толку мило, наивно и невино како што е детето за да си ги нахраниш своите болни и пореметени потреби?

    Фала богу не сум била ни во далечен контакт со ваква случка, ни знам примери.

    Многу ми е гадно, одвратно, болно и вознемирувачко само да размислувам на последиците, а не на самиот чин...
    Жално што е премногу честа појава кај нас, уште пожално што поради срам, страв и не знам ти што има сигурно голем број неосудени незнанци, ама се надевам дека правдата колку и да е спора ќе ги стигне некако оние кои бар помислиле на вакви психопатии...
     
    На Ѕид на плачот, beautifull liar, Ана-Каренина и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. Arhangel Uril

    Arhangel Uril Нов член

    Зачленет на:
    10 декември 2013
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    5
    според мене, најголем дел од педофилите се наркомани (на игла).
    потоа следуваат луѓе кои во мозокот мислат само на секс (лудак).
    -смртна казна, како у америка на столица со милион волти, и поздраф.
     
  5. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Не би се сложила со делов.
    Според психијатријата, педофилијата сè уште нема точна дефиниција, ниту пак некои прецизни причини зошто доаѓа до сексуална привлечност кон деца кои се далеку од сексуално зрели објекти, посебно за возрасни лица. Едноставно, засега се смета за растројство на сексуалноста, но не мислам дека тоа игра некаква улога во нечие посегање по наркотични супстанци.
    Додека постојат и многу манијаци кои се самци и запуштени, па децата ги гледаат ко лесен плен за задоволување на своите нагони, подеднакво постојат и многумина од кои остануваме подзинати кога ќе се открие вистината, а тоа се личности што имале навидум нормален, дури и задоволителен живот со семејство, стабилна кариера, добар статус и активен социјален живот. Еве, да ги земеме за пример фамознине професори што изникнаа ко печурки со скандалите.
    Жално и страшно е што таквите несомнителни лица се многу поопасни зашто децата многу лесно ќе стекнат доверба и ќе се зближат со некој во кого ќе забележат татковска фигура, отколку со некој надрогиран батица со превртени капаци, неспособен да си ја помоча сопствената ногавица.
     
    На Ѕид на плачот, 84 sk_Y ^_-, Violet и уште 5 други им се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Чудно е само зошто женската педофилија е општествено прифатлива...
     
    На Big Berta и beautifull liar им се допаѓа ова.
  7. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Тешко може да се влезе во психата на тие (па ајде да ги наречам) персони.
    Често си барам некое објаснување што би можело да ги наведе на таква помисла.Aли тоа може да го рабере само човек со исто размислување ко нив.
     
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    На TheQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheQueen

    TheQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 ноември 2013
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    376
    Wayne Nelson Corliss of Union City, N.J., is seen in an artist's drawing in U.S. District Court in Newark, N.J., Thursday, May 8, 2008. Corliss, 58, who was arrested Thursday morning in his Union City apartment, is suspected of sexually abusing at least three boys from Southeast Asia thought to have been 6 to 10 years old, according to the international police agency.(AP Photo/Shirley Shepard)
     
  10. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266

    Хомопедомраз.
    Веројатно улогата на дедомраз е магнет за педофили...
     
    На TheQueen му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: