Патување со воз

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ако се купат нови возови рачунајте дека ќе поскапат цените на билетите.
А во скоро време изгледа нема да купат, а и нема да ја реновираат Железничката Станица прашав..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
А во скоро време изгледа нема да купат, а и нема да ја реновираат Железничката Станица прашав..

Па рекоа дека ќе се реновира. Незнаат ни тие од кај да почнат кутрите. Али мора ремонт во поскоро време на МЖ. На се личи само на Железничка Станица не личи.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Па рекоа дека ќе се реновира. Незнаат ни тие од кај да почнат кутрите. Али мора ремонт во поскоро време на МЖ. На се личи само на Железничка Станица не личи.
Кое пусто реновирање.. Тоа вагоните да се фатат и правец Железарница на топење не ги бидува. Решение е некој да ја земе цела под концесија па да се стави крај на се тоа, под услов да го обнови возниот парк (така ли би се рекло?!).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
уф за возовите немам зборови,не сум патувала на долги релации само еднаш како мала 12 13 години одев Неготино Скопје од многу мерак шо ми беше,возот беше од Солун за Белград мислам и во купето се погодив со еден војник..таков во долг мантил ,мартинки на нозете,абе цеееел пат УЖИВАВ во неговите патешествија:Dпоследните 2 пати одев Штип -Битола...лелеллеле цел пат стоев во ходникот на +30 температура со огромен куфер и уште 20 како мене:eek смрди корни абе шо...на тоа парното седев..Епоследниот пат тоа беше ТРАГИ-КОМЕДИЈА..се качив во Штип возот каснеше 20 мин..е сега во Велес треба да се претовараме и на 5 минути пред Велес кажаа возот за Битола шо одел не МУ СЕ ЧЕКАЛО И ЗАМИНАЛ:bangheadААААА незнам шо можев да направам тогаш..ми се идеше да се разрикам..Па ајде со 300 убедувања се наговорив да одам во Скопје па дури и ми викаа ке ми најделе место да спијам кај шо спијат машиновозачите затоа што нивна грешка било:D..па не сакаа дури ни картата да ми ја заменат...Едвај со судни маки ми удрија печат за да не морам да купувам утрето нова за до Бт..да не спомнувам дека парите ми беа при крај:mad:...морав да се јавувам по лугето да се лижам да преспијам кај нив...СРАМОТА
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and Hip.Hop_MKD

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Железница, возови....инспиративно дело за хорор, јас мислам дека и Хичкок ќе се превртува во гроб од мака што не може да го доживее тоа.

Патував често.

Хигиена на нивоУ- Мирис на дим од цигари, испотени мишки, тазе изџвакан лук...не дај боже до таканареченото ВЦ да застанеш :frown
Купеата се чисти и средени колку колибите на некое дивјачко домородно племе од џунгла...
Плаќаш билет, а најчесто стоиш.
Очекуваш парно, а зажалуваш што не си ја понел и јамболијата од дома.

Фурат прозори, во ходниците не можеш да се разминеш од вреќи, колички, кутии со кокошки...се прашувам кога некоја коза ќе качат.

Возовите скоро секогаш каснат, се случува да застане на сред пат и да те натераат да се симнеш и да си најдеш чарето пошто возот е во дефект!!! ????

Можеби е најефтин превоз, ама дефинитивно треба да имаш живци ортоми да го издржиш тоа перипетие.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
До сега во возовие не сум бил во вецеата, но по вашите коментари за нив, нема ни да стапнам. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mAcIkA

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
ХАХА ми текна уште еден бисер....џамот беше скршен и ептен дуваше цела десна страна ми се парализира..и ми текна рачката од џамот ја замотав со пердето и го закачив таму некако за да стои барем примитивно..хахахахах ка дојде кондуктерот за катри и кога го виде тоа..толку се изнервира кој тоа така го направил...па низ него ке ме фрлеше уште малце...на крајот нешто преговори дека ако поминела инспекција ахахаххахаахх ние таму ке сме плакале ахахаха:D
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Да не поскапеа пак картите? |-( Слушам сега и ви-фи ставиле на пероните. :rofl Демек за да не ти биде досадно.
Абе луѓе не ни треба ви-фи. Купете нови возови, шини, и направете ги станиците... :mad