Патувања со туристичка агенција Јупитер

Delilah

Нов член
21 ноември 2013
3
0
1
28
Добив награда за патување во Банско во Јануари 2014. Ми кажаа дека можам да земам уште 5 луѓе заедно со мене. Платено е сместувањето во хотел со 4*. Јас треба да си платам пат и уште некои такси. Сакав да ве прашам дали има некој искуство со патувања со Јупитер и дали можам да им верувам или пак е повеќе како за маркетинг нешто. И плус кажуваат дека со купување на Јупитер алка која што е 29 евра се добиваат некои дополнителни попусти. Дали може некој да ми каже ако има некоја информација за ова?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Исфрли ја идејата дека ќе добиеш бесплатно патување. Никој здраворазумен не би поверувал во таквата скаламерија. Посебно ако немаш партиципирано во никаква наградна игра која повлекува давање на лични податоци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

http://jupitermkd.wix.com/jupitermkd#!contact/c1lmq
на ова место беше пријавувањето. ми го прати еден другар. немам искуство со вакви работи претходно затоа барав и туѓо мислење.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Добив награда за патување во Банско во Јануари 2014. Ми кажаа дека можам да земам уште 5 луѓе заедно со мене. Платено е сместувањето во хотел со 4*. Јас треба да си платам пат и уште некои такси. Сакав да ве прашам дали има некој искуство со патувања со Јупитер и дали можам да им верувам или пак е повеќе како за маркетинг нешто. И плус кажуваат дека со купување на Јупитер алка која што е 29 евра се добиваат некои дополнителни попусти. Дали може некој да ми каже ако има некоја информација за ова?

Ај размисли малку поубаво.... си добил награда?!?
Да вистина е ова со Јупитер,но они заработуваат на таков начин...награда со платено превоз и такси .... епа ај види дали е награда? Тебе ќе ти наплатат малку поефтино од вообичаено (и на твоите другари)и ете тоа е наградата... А за нив наградата е заработка од вас :)
 
Да океј, мене ми е јасно дека и они заработуваат со тоа. Само што мислам дека сепа поевтино би поминале доколку идеме вака. со платено сместување. одколку да мора и за тоа да се плаќа
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Вака сеа...
Пошо сум запознаен со вакви случаеви од блиски мои луѓе, ќе ти кажам следново како ќе се одвива. Можеби не се работи за истата агенција, но ги има неколку кои работат на ист или сличен принцип.
Они ќе те викнат на една сеанса каде ќе бидете неколцина собрани, ќе споделат флаери за себе-промоција и ќе почне претставата. Знаеш што е интересното? што претставата нема ама апсолутно никаква врска со наградувањето туку ќе ти мелат за сосема различна ствар - time sharing места преку океан (најчесто кариби или некаде по медитеранов). И сеа иде интересното... Треба да го прифатиш овоа, што значи, ќе треба да вложиш некоја огромна сума на пари (зборам за наш „подпросечен“ стандард, нели) на тие time sharing закупувања на бунгалови, апартмани, вили... you name it. И ако се разбира во истиот момент - веднаш.
Што може од ова да заклучиме? Те условуваат. Проблемот е еве, и ги имаш парите, ги лупнеш, си приуштиш некое такво задоволство + наградата е твоја. Колку е тоа сигурно? Од кај знаеш дека утре можеби кога ќе треба да одиш рецимо во тој бунгалов (пошо хеј, го имаш закупено) ќе ги имаш сите потребни папири? Плус како што погоре ти пишаа, бркање папири за виза, патни исправи, транспорт? За нешто што е несигурно?

Имам читано за овие Јупитер, нон стоп жалби и поплаки околу тоа дека луѓето биле оставани на цедило при некој нивен аранжман. Не знам колку тогаш би биле озбилни за другово.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Не е тоа наградна игра туку начин да си ги распродадат ангажманите. Демек пет луѓе со тебе и наместо толку ке платите волку... а бе ајде. Коа ке земеш било која понуда да ја израчунаш ке те кошта исто коллку они шо ти нудат демек за само ,,некоолку,, евра.
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Да отвориш на интернет и да сакаш да букираш во тие места што ги нуди Јупитер, ќе сватиш дека дупло поефтино е сам да си направиш аранжман. Тие ништо не даваат гратис. И мене ми имаа пишано еднаш и ми се јавиа, ама јас не прифатив.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Да отвориш на интернет и да сакаш да букираш во тие места што ги нуди Јупитер, ќе сватиш дека дупло поефтино е сам да си направиш аранжман. Тие ништо не даваат гратис. И мене ми имаа пишано еднаш и ми се јавиа, ама јас не прифатив.

мене три пати ми доделуваат таква награда по случаен избор :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty